Navigation
 

Доктор Макрески Петре - Асистент

Роден на 24 ноември 1977 во Скопје, кадешто завршил основно (1988) и средно (1992) образование. Во учебната 1996/97 г. се запи­шал на студии по при­менета хемија (препаративна насока), на Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ) кадешто дипломи­рал во 2001 г. Магистрирал ("Каракте­ри­за­ци­ја и идентификација на карбонатни и сулфидни минерали од Република Македонија со инфра­црве­на и раманска вибрациона спек­тро­ско­пија", 2004) и докторирал ("Изучување на виб­рационите спектри на некои оксидни, сулфатни и силикатни минерали", 2006) на Институтот за хемија (ИХ) при ПМФ, под менторство на акад. Глигор Јовановски. Во 2002 г. е избран за помлад асистент, а во 2005 г. за асистент на ИХ при ПМФ, Скопје. Изведува(л)вежби по предметите: физичка хемија 1, физичка хемија 2, струк­ту­ра на моле­кули, крис­та­лохемија, минералогија и извори и користење на хе­мис­ки информации (за студентите по хемија), физичка хемија (за студентите по фар­мација, за студентите од биохемиско-фи­зио­лош­ка­та насока на Институтот за биоло­гија при ПМФ и студентите на дво­предметните сту­дии по био­логија-хемија) и општа хе­мија (за студентите од стоматологија). Главни подрачја на научен интерес на д-р Мак­рески се вибрационо-спектро­скоп­ските и струк­турните истра­жувања (на минерали). Д-р Макрески има објавено вкупно 18 печатени трудови. Од овој број, 8 трудови се печатени во списанија надвор од Македонија (од нив 7 во списанија со импакт фактор), 7 во списанија печатени во Македонија, 3 се објавени во зборници на трудови надвор од Македонија. Пре­зен­­тирал и 24 трудови на научни манифестации. Од ова, надвор од Македонија се пре­зен­ти­ра­ни 14, а во Македонија 10 реферати. Негови позначајни публикации се: P. Makreski, G. Jovanovski, B. Kaitner, T. Stafilov, B. Boev,D. Cibrev, MineralsfromMa­­ce­do­nia. X. Separationandiden­­­tificationofsomeoxi­demineralsbyFTIRspec­tro­sco­py, AAS, EAS-ICPandpow­derXRD, NeuesJahrbuchfürMineralogieAbhandlungen, 180,215243 (2004); P. Makreski, G. Jovanovski, S. Stojančeska, MineralsfromMacedonia. XIII. Vib­ra­tio­nalspectraofsomecommonlyappearingnesosilicateminerals, JournalofMolecularStructure, 744747,7992 (2005); P. Makreski, G. Jovanovski, S. Dimitrovska, MineralsfromMacedonia. XIV. Identificationofsomesulfatemineralsbyvibrational (infra­redandraman) spectroscopy, VibrationalSpectroscopy, 39, 229239 (2005); P. Makreski, G. Jovanovski, A. Gajović, MineralsfromMacedonia. XVII. Vibratio­nalspec­traofsomecommonappearingamphiboles, VibrationalSpectroscopy, 40, 98109 (2006); P. Makreski, G. Jovanovski, A. Gajović, T. Biljan, D. Angelovski, R. Jaćimović, Mine­ralsfromMa­cedonia. XVI. Vibrationalspectraofsomecommonappearingpyroxenesandpyroxenoids,JournalofMolecularStructure, 788, 102114 (2006). Трудовите на д-р Макрески се цитирани вкупно 29 пати. Има рецензирано2 труда за реномираните SCIсписанија: JournalofMolecularStructureиJournalofRamanSpectroscopy. Доделено му е членство во Организациониот и Научниот одбор на Четвртиот односно Петтиот конгрес за чиста и применета хемија на студентите од Македонија одржани во Скопје (2000 и 2003 г., соодветно). Учес­твува(л) во изра­бот­ка­та на 9 научноистражувачки проекти, од кои 2 меѓународни и 7 домашни. Остварил кратки студис­ки престои на King’sCollege, London (2003); JožefStefanInstitute, Ljubljana (2005, 2006); Prirodoslovno-matematičkifakultet, Zagreb (2006); RudjerBoškovićInstitutе, Zagreb (2006). Бил член на натпрева­рувачкaтa комисијана Државниот натпревар по физичка хемија за учениците од средните училишта (2003). Од странските јазици го владее англискиот, а се служи со стручната литература на речиси сите словенски јазици. Во 2006 г. му е врачена диплома за,,Млад научник на годината во 2005", од страна на Фондот ,,Вита Поп-Јорданова" при Маке­дон­ската академија на науките и умет­нос­тите (еден од тројцата наградени кандидати). ...