Navigation
 

Магистер Павлова Валентина - Асистент

Родена на 7 јули 1975 г. во Велес. Во учебната 1990/1991 г., како првенец на генерацијата, го завршила основното образование во Неготино. Со континуирано одличен успех, во учебната 1993/1994 г. завршила природно-математичка гимназија во средното училиште "Добри Даскалов" Кавадарци. На Природно-математичкиот факултет во Скопје, студии по хемија (насока-препаративна) се запишала 1994/1995 г., а на 22.10.1999 г., на Институтот за хемија, ПМФ, при универзитетот "Св. Кирил и Методиј" Скопје, се здобива со високо образование, како дипломиран хемиски инженер. Во учебната 2000/2001 г. на Институтот за хемија, ПМФ, при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, се запишува на постдипломски студии, а со одбрана на магис­тер­ската работа под наслов: "Разработка и примена на високоефикасни течни хро­ма­то­граф­ски и волтаметриски методи за определување на кокаин и бензоилекгонин", ги завршува во 2005 г. со просечен успех 10,0. Како демонстратор на Заводот за неорганска хемија на Институтот за хемија, ПМФ, Скопје започнува да работи во 2001 г. Во 2002 г. за првпат била избрана во наставно-научното звање помлад асистент на Заводот за аналитичка хемија на Институтот за хемија, ПМФ, Скопје, а во 2005 г. избрана во звањето асистент на Заводот за аналитичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Учествувала/учествува во изведувањето на лабораториски и нуме­рич­ки вежби по: медицинска хемија (Медицински и Стоматолошки факултет, Скопје); општа и неорганска хемија (Институт за биологија и двопредметни студии по биологија-хемија при ПМФ, Скопје); аналитичка хемија (двопредметни студии по биологија-хемија при ПМФ и Машински факултет, Скопје); инстру­мен­тал­на анализа (Институтот за хемија, Скопје). Како главно подрачје на научен интерес се истакнува развојот и примената на високо­ефи­кас­ни течни и гасни хроматографски методи за анализа на дроги (кокаин, бензоилекгонин, амфетамин, метам­фе­та­мин, екстази итн.) во различни реални примероци, развој на цврсто-фазна екстракција за подготовка и пречистување на сложените анализирани матрици (урина, крв, плазма). Има објавено вкупно 9 трудови во списанија, зборници на трудови надвор и во Македонија од кои позначајни се: V. Pavlova, V. Mirčeski, Š. Komorsky-Lovrić, S. Petrovska-Jovanović, B. Mitrevski, Studyingelectrodemechanismandanalytical determinationofcocaineanditsmetabolitesatthemercury electrodeusingsquare-wavevoltammetry, Anal. Chim. Acta,512, 49-56 (2004); V. Pavlova, S. Petrovska-Jovanović, V. Trajkovska, High-per­for­mance liquidchromatographic metod ford eterminationof cocaine and benzoylecgonine in human urine, Proceedingsof 4thAeganAnalyticalChemistryDaysCongress, Kusadasi, Turkey, 327-329 (2004); V. Pavlova, S. Petrovska-Jovanović, M. Stefova, Determinationofcocaineandbenzoylecgonineinurineusinghigh-performanceliquidchromatography, Bulg. J. Chem. Edu., 14, 204-214 (2005). На научни мани­фестации има учествувано со вкупно 16 (усно или постерски) презентирани трудови, од кои 10 во Македонија, а 6 над­вор од Македонија. Коавтор е на еден универзитетски учебник. Како член на Научен/Организационен одбор, не­колку пати зема учество на Конгресот за хемичари и технолози на Македонија. Учествува на држав­ни­те натпревари по хемија за ученици од основното и средното училиште, како член/претседател на комисија. Учествувала/учествува во два домашни и во еден меѓународен научно­истра­жувачки проект. Активно го приме­нува англискиот јазик, а поседува основно познавање на германскиот јазик. Еден е од менторите на прво­наг­радениот труд (категорија биохемија), на 33 Приматијада одржана на Златар, Република Србија, (2006).