Navigation
 

Магистер Спировски Филип - Пом. асистент

Роден на 31 август1978 во Битола, кадешто завршил основно (1989) и средно (1993) образование. Во учебната 1997/98 г. се запишал на студии по при­менета хемија (препаративна насока), на Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ) кадешто дипломи­рал во 2002 г. Магистрирал (Ис­питување на протеините од церебро­спи­нал­ни­от ликвор со електрофореза, 2005) на Институтот за хемија (ИХ) при ПМФ, под менторство на проф. Киро Стојаноски. Во 2002 г. е избран за помлад асистент на ИХ при ПМФ, Скопје. Изведувал вежби по предметите: биохемија за хемичари, биохемија И и биохемија II, теоретска органска хемија, органска синтеза и анализа, хемија на природни производи, хемија на хетероциклични соединенија (за студентите по хемија), општа хе­мија (за студентите од Стоматолошкиот факултет), медицинска хемија (за студентите од Медицинскиот факултет), општа и неорганска хемија (за студентите од Шумарскиот факултет). Главни подрачја на научен интерес на м-р Спиров­ски се аналитичка биохемија, препаративна неорганска хемија, фи­зичка хемија (вибрационо-спек­тро­скоп­ските и струк­турните истра­жувања). M-р Спировски има објавено вкупно 4 печа­тени трудови во списа­нија надвор од Македонија. Пре­зен­­тирал и 19 трудови на научни манифестации. Од ова, надвор од Македонија се пре­зентирани 10, а во Македонија 9 реферати. Негови позначајни публикации се: V. Stefov, B. Sop­tra­ja­nov, F. Spirovski, I. Kuzmanovski, H. D. Lutz, B. Engelen, IRandRamanspectraofmagnesiumammoniumphosphatehexahydrate (struvite) anditsisomorphousanalogues. ispectraofprotiatedandpartiallydeuteratedmagne­siumpotassiumphosphatehexa­hyd­rate, J. Mol. Struc. 689, 1-10 (2004); F.Spirovski, K. Stojanoski, A. Mitrevski, Com­parisonosstatisticalclustermethodsinelectrophoreticproteinpatternanalysis, Acta. Pharm., 55, 215-222 (2005). Бил член на Организациониот и Научниот одбор на Петтиот конгрес за чиста и применета хемија на студентите од Македонија одржан во Скопје (2003 г.). Од странските јазици ги владее англискиот igermanskiot. Во 2006 г. му е доделена DAAD-DeutscheAkademischeAustauschDienst (Германска служба за академска размена) стипендија за изработка на докторат во СР Германија на Универзитетот во Сиген (UniversitätSiegen). ...