Navigation
 

Магистер Димитровска-Лазова Сандра - Пом. асистент

Родена на 11 април 1977 г. во Скопје, Р. Македонија, каде што ги завршила основното и средното образование со одличен успех. На групата за хемија, насока аналитичко-структурна, при Природно-математичкиот факултет во Скопје се запишала во 1995 г. Дипломирала на 15.5.2001 г. со просечен успех 9,36 со што се здобила со звањето дипломиран инженер по хемија. Магистерската работа под наслов: "Структурни корелации кај различни изоморфни серии од типот на перовскит" ја одбранила на 9.6.2006 г. Од октомври 2002 г. ангажирана е со договор како помлад асистент, а од октомври 2004 г. и вработена како помлад асистент на Институтот за хемија при Природно-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје. М-р Сандра Димитровска-Лазова учествувала во изведувањето на лаборато­рис­ки­те и нумеричките вежби по повеќе различни предмети: нумерички вежби по предметот општа и неорганска хемија И; нумерички вежби по предметот општа и неорганска хемија ИИ, лабораториски вежби по предметите општа и неорганска хемија Iи II, медицинска хемија за стоматолози; медицинска хемија за групата на стручни меди­цин­ски сестри, општа и неорганска хемија за биолози, општа хемија за студентите од Шумарскиот факултет, хемија на комплексни соединенија, методика на наставата по хемија со хоспитации за дво­пред­мет­ни­те студии по биологија-хемија. Главното подрачје на научен интерес на м-р Сандра Димитровска-Лазова се однесува на структурните корелации меѓу различни серии изоморфни перовскити и различни физички величини релевантни за структурата. користејќи ги методите на повеќекратна линеарна регресија и вештачки невронски мрежи. Во последно време интензивно почнува да работи на примена на нови, едноставни методи за синтеза на перовскити и испитување на нивните својства. Покрај тоа, таа работи и на изучување на вибрационите спектри (инфрацрвени и рамански) на сулфатните минерали од Македонија. Досега објавила 7 научни тру­до­ви. Надвор од Македонија објавила 3, од кои 2 во списанија со импакт фактор. Во Македонија објавила 4 трудови. Од вкупниот број трудови, во Зборници на трудови надвор од Македонија објавила 1 труд, а во Зборници од Маке­до­нија 4. Подолу е даден список на неколку најзначајни публикации. V. Stefov, G. Jovanovski, B. Šoptrajanov, B. Minčeva-Šukarova, S. Dimitrov­ska, B. Boev, MineralsfromMacedonia: V. Charac­te­ri­sa­tionofgypsum, bariteandtheirsyntheticanaloguesbyFTIRandramanspectroscopy, Geol. Maced., 14, 6166 (2000); P. Makreski, G. Jovanovski, S. Dimitrovska, MineralsfromMacedoniaXIV. Identificationofsomesulfatemineralsbyvibrational (infraredandRaman) spectroscopy, Vib. Spectrosc, 39, 229239 (2005); S. Dimitrovska, I. Kuzmanovski, S. Aleksovska, Prediction oftheunitcelledgelengthofcubic A22+ BB'O6 perovskites by multiplelinearregressionand artificialneuralnetworks,Cent. Eur. J. Chem., 3, 198215 (2005); S. Dimitrovska, I. Kuzmanovski, S. Aleksovska, PredictionoftheunitcellparametersinmonoclinicA2BB'O6perovskitesbymultiplelinearregressionandartificialneuralnetworks, ProceedingsoftheInternationalScientificConference,2, 6674, Blagoevgrad (2005). Десега еден труд на м-р Сандра Димитровска-Лазова е цитирана во SCI. На различни научни манифестации учествувала со 10 презентации (усни или постерски), а учествувала и на две работилници од областа на нау­ка­та за материјалите и катализа. Од вкупниот број презентирани трудови 3 се надвор од Маке­до­нија, а 7 во Македонија. Таа била член на Органи­за­циониот одбор на Петтиот и Шестиот студентски кон­грес за чиста и применета хемија на студентите од Македонија. Досега била учесник во 3 научноистра­жу­вачки проекти. Од нив 1 е меѓународен, а 2 се домашни проекти. Од 15.8.2006 м-р Сандра Димитровска-Лазова се наоѓа на четиримесечен студиски престој на Универзитетот во Лајпциг, Германија. Член е на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Учествувала во активностите за популаризација на хемијата меѓу сред­нош­колците. М-р Сандра Димитровска-Лазова познава неколку странски јазици: англиски, германски и чешки. ...