Navigation
 

Доктор Наумов Панче - Насловен доцент

Роден во 1975 г. во Штип. Основно (1989) и средно гимна­зис­ко образование со континуиран одличен успех (1992) завршил во Штип. Во 1992 се запишал на студии по хемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, кадешто како најдобар студент во генерацијата, под менторство на проф. Глигор Јовановски, дипломирал во 1997 г. По дипломирањето се запишал на постдипломски студии и како стручен соработник на Институтот за хемија учествувал во изведувањето на вежби од наставата по група предмети од општа и неорганска хемија. Во 2000 г. добил престижна стипендија од јапонската влада и по една година се запишал на докторски студии на Одделот за хемија и наука за материјалите при Токискиот институт за технологија (Department of Chemistry and Materials Science, Tokyo Institute of Technology) во Јапонија, кадешто со дисер­та­ци­ја­та под наслов "Фотоиндуциран трансфер на протони и водородни атоми кај кристални бензилпиридини потпомогнат од нитро групата" ("Photoinduced nitro-assisted proton and hydrogen atom transfer in crystalline nitrobenzylpyridines"), под менторство на проф. Јуџи Охаши докторирал во 2004 г. Од 2004 г. работи во Интер­на­ционалниот центар за млади научници при Националниот институт за наука за материјалите (International Center for Young Scientists, National Institute for Materials Science) во Цукуба, Јапонија. Во 2006 г. бил избран за насловен доцент на Институтот за хемија при Природно-матема­тич­ки­от факултет во Скопје. Главно подрачје на научен интерес на д-р Наумов е структурната хемија, а особено кристалографијата, фотохемијата, како и класичните и временско-разделените дифракциски методи. Заклучно со август 2006 г., објавил вкупно 84 научни трудови во научни списанија и 7 трудови во зборници на научни манифестации. Од трудовите објавени во научни списанија, 78, од кои две прегледни статии, се обја­ве­ни во странски интернационални списанија со импакт фактор, а 6 трудови (од кои еден е прегледна статија) во домашни списанија. Според Индексот на научна цитираност (SCI), Трудовите на д-р Наумов се цитирани вкупно 542 пати. Бил рецензент и на 23 трудови во интернационални списанија, помеѓу кои и некои од врвните хемиски списанија како Angewandte Chemie, Acta Crystallographica B и Coordination Chemistry Reviews, како и на еден труд во домашно списание. На научни манифестации презен­ти­рал вкупно 46 трудови, а одржал и 20 предавања, од кои 53 во институции надвор од Македонија и 13 во државата. Патен­ти­рал еден пронајдок, бил член на 2 научни конференции, учествувал во 8 научноистра­жу­вач­ки проекти, од кои 6 домашни, и два меѓународни, а раководел и со еден меѓународен проект. На заед­нич­ки проекти соработувал со колеги од Јапонија, Малезија, Кина, Хрватска, Полска, Австралија, Турција, Бугарија, Шведска, Јужна Ко­ре­ја, Тајланд, Индија, Германија, Русија и Швајцарија. Извршил кратки студиски престои на следниве институции: Department of Plastics and Rubber, Technical University of Budapest (Hungary); Angström Laboratory, Department of Inorganic Chemistry, Uppsala University (Sweden); Olympus Optical Co., Tokyo (Japan); Department of Chemistry and Materials Science, Tokyo Institute of Technology (Japan). Раководител е на научноистражувачки проект при Националниот институт за наука за материјалите. Член е на американското хемиско друштво, јапонското крис­талографско друштво, како и на друштвото на хемичарите и технолозите на Македонија. Зборува англис­ки, јапонски и гер­ман­ски јазик. Помегу поважните награди и прознанија, добитник е на награда за најдобар сту­дент на Природно-математичкиот факултет и еден од најдобрите студенти на Универзитетот во генерацијата 1997, и на награда за најдобра презентација на јапонската кристалографска конференција во 2005 г. Петте одбрани трудови се: P. Naumov, A. Sekine, H. Uekusa, Y. Ohashi, Structure of the photocolored 2-(2',4'-dinitro­benzyl)pyridine crystal: Two-photon induced solid-state proton transfer with minor structural perturbation, Journal of the American Chemical Society, 124, 8540-8541 (2002); P. Naumov, G. Jovanovski, O. Grupče, B. Kaitner, D A. Rae, S. W. Ng, Solid-state structure and temperature/evacuation-induced dehydration of sodium saccharinate 1.875 hydrate, Angewandte Chemie, International Edition in English, 44, 1251-1254 (2005); P. Naumov, K. Sakurai, T. Asaka, A. A. Belik, S.-i. Adachi, J. Takahashi, S.-y. Koshihara, Structural basis for the phase switching of bisaminecopper(II) cations at the thermal limits of lattice stability, Inorganic Chemistry, 45, 5027-5033 (2006); P. Naumov, K. Sakurai, T. Ishikawa, J. Takahashi, S.-y. Koshihara, Y. Ohashi, Intramolecular nitro-assisted proton transfer in photoirradiated 2-(2,4-dinitro­ben­zyl)pyridine: polarized optical spectroscopic study and electronic structure calcula­tions, Journal of Physical Chemistry, A109, 7264-7275 (2005); P. Naumov, K. Sakurai, T. Asaka, A. A. Belik, S.-i. Adachi, J. Takahashi, S.-y. Koshihara, Photoinduced phase transition of the coordinationally unsaturated d9 metal centers within the thermal hysteresis of the spin-exchange interaction, Chemical Communications, 1491-1493 (2006).