Navigation
 

М-р Черних Драгана - Виш стручен соработник

Родена на 6 февруари 1961 г. во Скопје, каде што завршила основно образование, во 1975 г,. и гимназија, во 1979 г. Дипломирала во 1985 г. на Институтот за физика при Природно-математичкиот фа­кул­тет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на гру­па­та применета физика, со одличен успех. Во 1995 г., на Геофизичкиот завод при Природ­но-математичкиот фа­кул­тет на Универзитетот во Загреб, Хрватска, со одличен успех ги завршила постдипломските студии од физика на внатрешноста на Земјата, одбранувајќи го магистерскиот труд "Određivanje magnitude potresa na osnovi regi­stra­cija mreže seizmoloških postaja Republike Mekedonije".Во 1986 г. се вработила како приправник-помлад асистент на Институтот за физика при Природно-математичкиот факул­тет во Скопје, каде во 1988 г. била избрана во звањето помлад асистент. Во 1989 г. преминала на работа во Сеизмолошката опсерваторија при истиот Факултет, каде што, во 1995 г., е избрана во звањето асистент. Нејзините сегашни редовни работни обврски вклучуваат прелиминарна и магнитудна анализа на сеизмолошките податоци, инсталирање, одржување и развој на телеметриската мрежа на сеизмолошки станици и др. Изведува вежби по предметите сеизмологија I и II на студиската насока геофизика со метеорологија при Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Под менторство на вонр. проф. Лазо Пекевски, изведува настава и вежби по сеизмологија на Интернационалниот курс за асеизмички конструкции за кандидати од земјите во развој (CADAC), а изведувала и вежби по предметот општа сеизмологија на постдипломските студии по земјотресно инженерство при истиот Институт, како и повремена настава по сеизмологија за ученици при Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Нејзиниот научен интерес е насочен кон проблемите на одредувањето на магнитудата на земјотресите, моделирањето на факторот на квалитет на регионалната Земјина кора, истражувањето на параметрите на сеизмичноста и современата сеизмолошка инструментација. Самостојно или како коавтор, објавила 13труда, од кои 4 се монографии на македонски, 3 се објавени во ре­но­мирани научни списанија во Македонија, 6 во зборници на трудови од научни собири (од кои 2 надвор од Македонија). Автор е или коавтор и на околу 30 апликации и други стручни трудови (годишни сеизмолошки билтени, упатства и др.) во фондот на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Усно или постерски презентирала 8 трудови на научни собири (од кои 5 надвор од Македонија). Учествувала во 3 меѓународни и во 2 републички научни проекти. Учествувала во седум научни работилници по сеизмологија: во Центарот за научна кул­тура, Ериче, Италија, во 1993 г., во Интернационалниот центар за теоретска физика, Трст, Италија, во 1995, 1996 и 1998 г., во Опсерваторијата на Националниот центар за земјотреси, Гротаминарда, Италија, во 2005 г., на Геофизичкиот институтот при Академијата на науките на Република Словачка, Братислава, во 2005 г., на Геофизичкиот институтот при Академијата на науките на Република Чешка, Прага, во 2006 г. Членува во Друштвото на физичарите на Македонија и во Здружението на се­измо­ло­зите на Македонија. Активно го познава англискиот јазик.