Navigation
 

Дипл. проф. физ. Христовски Борис - виш стручен соработник

Роден на 20 март 1944 г. во Крива Паланка, каде што завршил основно образование, во 1960 г., и гимназија, во 1964 г. Дипломирал во 1970 г. на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Скопје, група физи­ка. Во учебната 1969/70 г. предавал физика и математика во Гимназијата "Моша Пијаде" во Крива Паланка. Во 1972 г. се вработил во Сеизмолошката опсерва­торија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, како стручен соработник. При истата институција избран е за асистент во 1975 г, а за виш стручен соработник - во 1999 г. Неговите редовни работни обврски во оваа институција вклучуваат секојдневна прелиминарна анализа на сеизмолошките податоци, составување десетдневни прелиминарни сеизмолошки билтени и нивно уточнување во месечни прелиминарни сеизмолошки билтени. Учествувал во водењето на практичните вежби по општа сеизмологија за студентите на постдипломските студии по земјотресно инженерство и за слушателите на Интернационалниот курс за асеизмички конструкции за кандида­ти од земјите во развој (CADAC) при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмо­логија во Скопје. Учествува во повремена настава по сеизмологија за ученици при Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Неговиот научен интерес е изучување на параметрите на сеизмичност. Коавтор е на 8 објавени трудови, од кои 3 се монографии на македонски јазик, 4 се објавени во реномирани научни списанија надвор од Македонија, 1 во зборник од научен собир надвор од Македонија. Коавтор е и на околу 80 апликации и други стручни трудови (годишни сеизмолошки билтени, десетгодишни атласи на изосеистички карти и др.) во фондот на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Има 1 соопштение на научен собир надвор од Македонија. Учествувал во 1 меѓународен и во 2 републички научни проекти, со траење од 3 до 5 години. Член е на Друштвото на физичарите на Македонија и на Здружението на се­из­­молозите на Македонија.