Navigation
 

Дипл. проф. физ. Џуровска Јасмина - Помлад асистент

Родена на 28 мај 1974 г. во Ресен. Во Скопје го завршила основното образование, во 1988 г., и гиманзија (УСО "Раде Јовчески-Корчагин), во 1992 г. Дипломирала во 1998 г. на Институтот за физика при Природно-математичкиот фа­кул­тет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на наставната насока. По дипломирањето, една година работела како професор по физика во неколку основни и средни училишта во Скопје. Во 1999 г. се вработила во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот фа­кул­тет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, како стручен соработник (претходно работела во истата институција една година како волонтер). Во 2000 г. се запишала на постдипломските студии по теоретска физика на Институтот за физика при Природно-математичкиот фа­кул­тет во Скопје, со изборни предмети сеизмологија I и II. Нејзините сегашни редовни работни обврски во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје вклучуваат прелиминарна анализа на сеизмолошките податоци и макросеизмичка анализа. Изведувала вежби по предметот физика на Земјата и атмосферата со екологија за студентите од нас­тавната насока математика-физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Изведува и повремена настава по сеизмологија за ученици при Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Нејзиниот научен интерес е насочен кон истражување на параметрите на сеизмичност и кон макросеизмиката. Коавтор е на труд објавен во зборник на трудови од научна конференција во Македонија. Усно или постерски, на научни собири презентирала 3 труда (од кои еден надвор од Македонија). Коавтор е и на десетина апликации и на други стручни трудови (сеизмолошки билтени и др.) во фондот на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Во текот на 2005 г. следела петнеделен курс по сеизмологија, анализа на сеизмолошки податоци и одредување сеизмички хазард и ризик на Геофизичкиот институт во Потсдам, Германија. Член е на Друштвото на физичарите на Македонија и на Македонското астрономско друштво. Активно го владее англискиот јазик.