Navigation
 

Постдипломски студии по физика

 

Постдипломските студии по физика започнаа во 1969 г. и тие се меѓу првите што се организирани на нашиот Универзитет. Во тоа време беа добиени и позначителни средства од Југословенскиот сојузен фонд за научни дејности, што беа употребени за набавка на опрема. Студиите тогаш се организираа во две насоки: физика на тврдо тело и физичка оптика. По­крај професори од Институтот, во наставата беа вклучени и професори од други институции: проф. Стево Трајков од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, проф. Катарина Крањц и проф. Владис Вујновиќ од Свеучилиштето во Загреб и проф. Божидар Милиќ од Белград­скиот универзитет. Првите магистерски дисертации се одбранети во 1972 г. (Љ. Пет­ковски, "Испитување на коефициентот на термоелектромоторната сила на легурите од системот оло­во-бизмут во врска со дијаграмата на состојба", М. Јоноска, "Муаре-фигури на синусоидал­ни мрежички"). Подоцна беа отворени уште три насоки за постдипломско студирање: насока за сончева енергија (1981), насока за теориска физика (1988) и во 2001 г. насока методика на наставата по физика[16]. Постдипломските студии до 30.9.2006 г. ги завршиле 53 магистри на физички науки. Поради малиот број постдипломци, во поново време наставата за овие студии не е изведу­вана.