Navigation
 

Постдипломски студии по биологија

На Институтот за биологија во 1974/75 година за прв пат беа организирани постдипломски магистерски студии за две насоки: еколошко-таксономска и биохемиско-физиолошка. Овие постдипломски студии успешно се организаат и денес. Во 1996 година е воведена насоката за постдипломски магистерски студии по молекуларна биологија, а во учебната 1998/99 се организирани и специјалистички студии по различни биолошки дисциплини (управување на заштитени објекти во природата; екологија и заштита на ,рбетниците во Р. Македонија; систематика и анатомија на ,рбетниците во Р. Македонија; флористички, вегетациски и генетски диверзитет; микробиологија; физиологија на растенијата со култура на растителните ткива; биохемија; екофизиологија; микологија; алгологија; мониторинг на акватичните екосистеми; мониторинг на терестичките екосистеми; структура и екологија на терестичките екосистеми; генетика; нематологија). Во 2001/02 година беше извршено ревидирање на студиската програма на постдипломските студии и нивно усогласување со препораките од Болоњската конвенција.

Преку постдипломските студии, кандидатите ги прошируваат знаењата од одделни биолошки дисциплини и се воведуваат во научноистражувачкиот процес. Во едукацијата на овие кадри учествуваат наставниците од Институтот за биологија, наставници од другите институти при Природно-математичкиот факултет, како и од други факултети и научни институции од земјата и од странство. Многу наставници од Институтот за биологија учествувале (а некои и денес учествуваат) во изведувањето на постдипломската настава и на други високообразовни институции во Македонија.