Navigation
 

Постдипломски студии по географија

На Институтот за географија, како надградба на додипломските студии, егзистираат повеќе насоки на постдипломски студиуми:
-Просторно планирање,
-Тематска картографија,
-Географски основи на планирањето на туризмот,
-Физичка географија.
Карактеристично е да се напомене дека во рамките на Институтот за географија постдипломскиот студиум по просторно планирање егзистира од 1976 г., а другите се отворени во последните десетина години, поточно, студиите по тематска картографија и географски основи на планирањето на туризмот се отворени во 1998 г., а студиумот по физичка географија е отворен во 2003 г. Со тоа значително се проширени можностите за стручно и за научно усовршување и специјализација на кадровскиот потенцијал од географија во Република Македонија, но и надвор од неа.

                На Институтот за географија, во периодот од 1947 до 2006 г., на наведените студиуми магистрирале 59 лица, од нив 54 на географски, а пет на етнолошки науки. Со титулата доктор на географски науки се здобиле 48 лица, од нив 42 на географски, а шест на етнолошки науки.