Navigation
 

Мартин Шоптрајанов - помлад асистент

Дипломиран математичар, роден  e во Скопје на 29 март 1978 г. Основното образование го завршил во Скопје во 1992, а средното во Гимназијата "Никола Карев", исто така во Скопје, во 1996. Се запишал на Природно-математичкиот факултет, Институт за математика - теориска насока. Дипломирал во 2002 г. со успех 9,69. Запишан е на втора година на постдипломските студии, теориска математика. Во 2006 г. е избран за помлад асистент на Институтот за математика при ПМФ-Скопје. Држел вежби по предметите: метрички простори и топологија, линеарна алгебра 1, математика 2, операциони истражувања, симулациони модели. Држи вежби по предметите: линеарна алгебра 2, одбрани делови од диференцијални равенки и комплексни функции. Работи на својот магистерски труд кој е од областа на динамичките системи. Вклучен е во научноистражувачките проекти на д-р Никита Шекутковски, редовен професор, и д-р Билјана Крстевска, вонреден професор.

martinЗнак за e-mailiunona.pmf.ukim.edu.mk