Navigation
 
Journal Content

Врз основа на член 224 од Статутот на Универзите­тот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и член 55, став 1, точка 23 од Правилникот за внатреш­ните одно­си и работењето на Природно-ма­тема­тичкиот факултет во состав на Универзите­тот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Наставно-научниот совет на Природно-матема­тичкиот фа­култет - Скопје, на седни­­цата одр­жа­­на на 24.11.2016 год., до­несе

О Д Л У К А

 

1. Се задолжуваат студентите запишани на последипломски студии заклучно со учебната 2009/2010 година, т.е сите студенти запишани по старите студиски програми со време траење од четири семестри, а кои до сега ги немаат положено сите предмети и немаат пријавено и одобрено магистерска работа, да магистрираат заклучно со 14.09.2017 година.

2. По истекот на овој рок студентите од став 1 на оваа одлука, можат да про­дол­жат да студираат по новите студиски програми со префрлување.

3. За положените предмети ќе се направи еквиваленција со соодветните предмети од новите студиски програми.

4. Студентите можат и пред истекот на овој рок да се префрлат по новите студиски програми со изјава дадена во Службата за студентски прашања при Факултетот.

5. Студентите од точка 1 на оваа одлука на кои веќе им е одобрена тема за изработка на магистерски труд, доколку не се стекнат со научен степен – магистер на науки, до 14.09.2017 година, исто така се должни да се префрлат по новите студиски програми.

6. Деканатската управа при Факултетот согласно наведеното да донесе одлука со која ќе се регулираат финансиските обврски.

7. Одлуката стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет во Скоп­је, врз основа на член 224 од Статутот на Универзите­тот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и член 55, став 1, точка 23 од Правилникот за внатреш­ните односи и работе­ње­то на Природно-ма­тема­тичкиот факултет во состав на Универзите­тот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на седни­­цата одр­жа­­на на 24.11.2016 год., до­несе одлу­ка како во диспо­­зи­ти­вот.

   Д Е К А Н,

                                                                     Проф. д-р Ицко Ѓоргоски

Journal Content

Раководители на Наставно-научните колегиуми – комисии на втор циклус студии  во уч.2014/2015 година на Природно-математички факултет,

на Институтите за:

 Институт/студиска програма

раководител

e-mail

телефон

БИОЛОГИЈА

биохемиско-физиолошка,

еколошко-таксономска насока (модули: наставен, еколошки, таксономски),

 молекуларна биологија

 

 

 

Проф. д-р Соња Гаџова Симиќ

 

 

 

sonjag@pmf.ukim.mk

 

 

 

02/3249-834

 

ГЕОГРАФИЈА- туризам

 

Проф. д-р Никола Панов

npanov@pmf.ukim.mk

02/3249-708

ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

Проф. д-р Љупчо Ристески

risteski@pmf.ukim.mk

02/216-630; 3216-631

   МАТЕМАТИКА

математички науки и примена

 

Проф. д-р Марија Оровчанец

 

marija@pmf.ukim.mk

 

02/3249-813

математичко образование за основно и средно училиште

 

Проф. д-р Билјана Крстевска

 

biljanak@pmf.ukim.mk

 

02/3249-665

нумеричка оптимизација и апроксимации

 

Проф. д-р Ирена Стојковска

 

irenatra@pmf.ukim.mk

 

02/3249-657

математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во

економија

 

 

Проф. д-р Весна Манова Ераковиќ

 

 

vesname@pmf.ukim.mk

 

 

02/3249-650

ХЕМИЈА

наставна хемија,

применета хемија,

аналитичка биохемија

 

Проф. д-р Љупчо Пејов

 

ljupcop@pmf.ukim.mk

 

02/3249-908

Journal Content

Документи за пријава на магистерски труд

 

 1.Пријава

 2. Куса биографија

 3. Диплома за завршен прв циклус студии

 (за кандидатите кои дипломирале на други факултети, дипломата задолжително да биде заверена на нотар)

 4. Образложение на темата

 (наслов на темата, образложение за научната  и струч­на­та оправданост на темата, план за работа и преглед на литературата)

 5. Потврда од Службата за студентски праша­ња на ПМФ дека кандидатот ги положил сите испи­ти и ги подмирил обврските кон факул­те­тот, од последипломските - магистерските т.е втор циклус студии (кандида­тот со индексот да дојде во служба­та, најмалку 7 дена пред поднесување на пријавата).

  6. Список на стручни или научни трудови  (доколку кандидатите имаат)

 Важна напомена:  документите се доставуваат во 5 (пет) приме­роци за кандидатите на Институтот за    географија и Институтот за биологија, а за кандидатите на другите Институти при Природно-математичкиот  факултет  во 2 (два) примероци, во  Архивата на факултетот.