Navigation
 
Информација за годишни одмори 2020
Почитувани студенти, 

Ве  известуваме  дека поради користење на годишните одмори, Одделението за студентски прашања нема да работи, во периодот  од 27 јули 2020 до 7 август 2020 година.

Прв работен ден, после одморите 10 август 2020 година.

Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година

Почитувани студенти,

Ве информираме дека  Одделението за студентски прашања,  после одморите ќе започне со работа на  10 август 2020 (понеделник). 

Препорака е, прво да се соберат сите документи, вклучително и документите кои ги потврдува и заверува ПМФ, а потоа електронски да се аплицира, со цел  податоците кои се внесени во електронската пријава да бидат идентични со податоците од доставената документација.

Студентите на ПМФ, кои ќе да конкурираат за сместување во студентски дом треба во Одделението за студентски прашања да достават:

  - индекс со уредно собрани оценки од положените испити. Со оглед на  состојбата со епидемијата со Корона вирусот, дел од испитите се полагаа оn line и тие оценки можеби не се внесени во индексот (затоа што не се создадени услови за тоа), ве молиме при приложување на документите, да ни доставите и забелешка кои оценки ги има САМО во Iknow системoт,

   - уредно пополнети потврда за редовен студент

  - уверение за положени испити (со уплатница од 500,00 ден. уплатени на жиро сметката на ПМФ и 50,00 денари за административна такса, уплате на на уплатница

 - Образец УППИ_2020.

Зада можат да ги симнат другите потребни обрасци, студентите треба да се логираат на веб страницата на МОН,   http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/3328-2020-2043

Доколку имате потреба од дополнителни информации, лице за контакт, Лидија Митевска,тел.02/3249-821, lidija.mitevska@pmf.ukim.mk

Поместување на рокот за заверка на летниот семестар во уч.2019/2020 г.

Почитувани студенти од прв, втор и трет циклус  студии, 


Ве информираме, дека заверката на летниот семестар во уч.2019/2020 година, се поместува и ќе се одвива заедно со уписот на зимскиот семестар во уч.2020/2021 година. Роковите ќе бидат дополнително дефинирани и објавени.

Студентите, ќе имаат доволно време да ги соберат потписите, до уписот на зимскиот семестар.

Студентите кои ќе дипломираат/магистрираат во  во времетрањето на втората и третата сесија во уч.2019/2020 година, треба уредно да ги соберат потписите од летниот семестар во уч.2019/2020 година и да го заверат истиот.
Сите задолженија, околу започнување на проверката на досието, остануваат исти, како и претходно.


Студентите  треба да се најават на тел.02/3249-821,

Одделение за студентски прашања при ПМФ.

Дополнување на соопштението за втората и третата сесија во уч.2019/2020 г,
Почитувани студенти, 

од причини што голем дел од испитите се полагаат on line, ве информираме дека хартиените пријави, ќе ги доставите дополнително, во договор со предметните професори.

За студентите кои ги полагаат испитите со физичко присуство, останува обврската да ги достават хартиените  пријави на самиот ден на полагање, заедно со индексот.  (Најблиска продавница до ПМФ, каде може да се набават е во населбата Автокоманда, како и на Шумарскиот и Факултетот за земјоделски науки и храна).
Соопштение за втората и третата испитна сесија во уч.2019/2020 година

СООПШТЕНИЕ  ЗА ВТОРАТА И ТРЕТАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2019/2020 ГОДИНА

 

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека во Универзитетскиот календар на активности и неработни денови во уч.2019/2020 година бр. 02-557/2 од 23.4.2019 година се врши измена на времетраењето на втората и третата испитна сесија, така што:

Втора испитна сесија                        8 јуни - 19 јули 2020                                          (три декади)

Трета испитна сесија                         17 август – 25 септември 2020                          (три декади)

Секој предмет, студентот ќе има можност да го полага во  2 различни испитни термини/декади.

Вашата електронска пријава во  iknow системот за испитот е важечка за двата термина/декади.

Како и досега, ЗАДОЛЖИТЕЛНА е обврската студентот електронски да го пријави испитот (благовремено, најмалку 7 дена пред одвивање на испитот) и да го носи со себе индексот и  хартиената пријава на самиот ден на полагање.

Официјалниот распоред на испитите по денови, начинот на реализирање, просториите во кои ќе се одвиваат истите,  ќе биде дополнително објавен на веб страниците на институтите на ПМФ.

Испитната сесија ќе биде спроведена со строго почитување на сите предвидени протоколи и здравствени препораки од Министерството за здравство и Министерството за образование и наука.

Ве информираме, дека набрзо од Владата на РСМ, ќе следи известување за Протоколот за безбедност на студентите и вработените во текот на полагањето на испитите и престојот на високообразовните институции.

 

Скопје, 29.5.2020 година                                                                     

                                                                           од Одделението за студентски прашања  при ПМФ,

 

Важно соопштение

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно одлуката на Владата (https://vlada.mk/node/20446), сите предходно донесени заклучоци, за кои бевте известени, а со кои се даваат мерки, препораки и насоки, се продолжуваат и важат до завршување на периодот на постоење на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Согласно, член 13, член 14 и член 15, од ПРАВИЛНИКОТ  за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19 (Универзитетски гласник Бр.  489,  25 март 2020 г.)

НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА

Ве известуваме дека административни работи за потребите на студентите и на граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат (електронско пријавување, регулирање на семестри, поднесување и одговарање на барања, молби и сл., издавање потврди и други услуги за потребите на студентите и граѓаните).

1.        Адресите на сандачињата за епошта  за контакт со Одделението за студентски прашања се:

keti@pmf.ukim.mk, ( ketikostadinovska@yahoo.com )

lidija.mitevska@pmf.ukim.mk, ( lidijamitevska@gmail.com )

Пораката се праќа на сите наведени електронски адреси.

 Документацијата која ќе ја издава ПМФ, препорачано е,  да биде потпишана електронски или во материјална форма и скенирана да биде вратена на барателот.

Оригинал се издава доколку издадениот документ барателот треба да го приложи во друга институција, а институцијата го бара тоа.

ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР

Ве информираме, доколку има студенти кои не го запишале летниот семестар во уч.2019/2020 година и во  продолжениот рок од 06.03.2020 година, дека може да го запишат семестарот, без надоместок за задоцнето запишување, на следниов начин:

1.        Електронски да го запишете семестарот и предметите кои ќе ги слушате во летниот семестар во уч.2019/2020 година,

2.        Сите документи, скенирани во еден сумарен документ, (word или pdf format):

 

-барање за задоцнето запишување,

- барање за плаќање на рати-максим  на 3 рати (март, април и мај 2020)

(доколу ги немате барањата во хартиена форма,  на лист А4 формат, пополнети и потпишете ги своерачно),

-           скенирани, сите страници од индексот,

-   Скениран, образецот за запишување и образецот за заверување (доколку ги   немате и не сте во можност да ги набавите, пратете ни се друго, без нив.)

 

Ве моламе, сите наведени документи и уплатници,  да бидат скенирани и ставени/закачени во прилог на  маилот како Attachment (а не во самиот маил), за да може да се печати.

Посебно нагласените ни, кои предмети ги презапишувате, ако кои ги запишувате прв пат, во летниот семестар во уч.2019/2020 година и наведете ја вкупната сума.

Доколку  некој студент нема оценка во индекс, а има во електронскиот систем, посебно нагласете го тоа, за кој предмет се работи.

А, доколку , нема оценки ни во двете места, електронски информирајте ги  предметните професори да ви стават оценка во електронскиот систем, за да може да провериме.

Се однесува за  предмети положени од претходните: зимски семестар од уч.2019/2020 година или предмeти од летниот семестар од уч.2018/2019 година,  кои ви се услов за запишување на некои предмети од летниот семестар од уч.2019/2020 година, итн.

Сето ова ќе го  провериме и и ЌЕ  ГО ПОТВРДИМЕ КАКО УРЕДНО ЗАПИШАН СЕМЕСТАРОТ,  со што ќе се создаде можност  професорите да ве имаат во евиденцијата, во списокот на студенти, кои го запишале конкретниот предмет во електронскиот систем, затоа што  во тек се и  следат on-line предавања.

Оргиналните документи и индексот, ќе ни ги доставите, кога ќе се „смири“ целава ситуација.

 ИЗДАВАЊЕ ПОТВРДИ

Доколу некои студенти имаат потреба од потврда за здравствено осигурување или за други намени,  ќе ја спремиме и  ќе ви  ја пратиме електронски.

Доколку, ви треба оргинал, нагласете го тоа (подигнувањето ќе биде од влезот од Горната (стара) зграда со претходно најавување 02/3249-821, без влегување во зградата.         

 Ве молам, сите да бидеме  стрпливи и да бидете прецизни во електронската комуникација, согласно  претходните напатствија.

ИЗРАБОТКА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА И МАГИСТЕРСКИ И ДОКТОРСКИ ТРУД И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА И МАГИСТЕРСКИ ТРУД, се дефинирани во  член 6, член 7 и член 8:

Изработка на дипломска работа и магистерски и докторски труд

Член 6

 Со одлука на единицата, роковите за изработка и поднесување на дипломска работа, како и магистерски и докторски труд, се запираат и не течат додека траат мерките.

Одбрана на дипломска работа и магистерски труд

Член 7

 Одбраната на дипломска работа и магистерски труд може да се врши делумно или во целост и со примена на видеоконференциска платформа. На барање на студентот, единицата може да дозволи одбраната на дипломска работа и магистерски труд да се одложи до создавање на услови за нивно нормално одвивање.  Крајниот рок за започнатите постапки за одбрана на дипломска работа и магистерски труд пред воведувањето на мерките, се продолжува за време утврдено со одлука на единицата. 

Докторски студии

Член 8

 

Согласно со член 28 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот, студиските програми се состојат од: - организирана академска обука; - независен истражувачки проект под менторство (докторски проект); - меѓународна мобилност, најмалку еднонеделен престој; - предавања и друг вид комуникациски активности; - објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд;  - изработка и јавна одбрана на докторски труд врз основа на докторскиот проект; - други обврски предвидени со студиската програма. Предавањата, семинарите и другите обврски од став 1 на овој член, освен конференции, меѓународна мобилност и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд, се реализираат со примена на средствата за електронска комуникација од член 3 од овој Правилник.  Проверката на знаењата преку испити не може да се спроведува со примена на средствата за електронска комуникација и таа ќе се спроведе кога ќе се создадат услови за тоа. По исклучок, проверката на знаењата од став 3 на овој член може да се спроведува со средствата за електронска комуникација доколку од страна на единицата се применат технички решенија кои обезбедуваат контрола врз работата на студентот и може да се утврди негова идентификација, за што одлука донесува единицата. Одбраната на докторски труд може да се врши делумно или во целост со примена на видеоконференциски платформи.  На барање на студентот, единицата може да дозволи одбраната на  докторски труд  да се одложи до создавање на услови за нејзино нормално одвивање.  Крајниот рок за започнатите постапки за одбрана на докторски труд пред воведувањето на мерките, се продолжува за време утврдено со одлука на единицата

 Чувајте се,

 Кети Костадиновска, Раководител на Одделението за студентски прашања при ПМФ

 

 

 

 

Рокот за запишување на летен семестар во учебната 2019/2020 година

Бр.02-435-1

25.02.2020 г.

Врз основа на член 73 став 1 алинеја 16 од Статутот на Природно-математички факлултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (Универзитетски гласник бр. 464 од 18 октомври 2019 година), Деканот, донесе:

 О Д Л У К А

 1. Рокот за запишување на летен семестар во учебната 2019/2020 година се продолжува до 06.03.2020 година.

 2. Оваа Одлука стапува на сила со денот на донесувањето.

 

                                                       Д Е К А Н,

                                                                                                                 Проф. д-р Ицко Ѓоргоски

 

 

Информација за предметот Македонски јазик

Информација за предметот Македонски јазик

Терминот за одржување на часовите по Македонски јазик во летниот семестар во уч.2019/2020 година, е секој петок од  12:15 до 14 часот во Предавална 1 на Филолошкиот факултет, кај предметниот професор, проф. д-р Симон Саздов.

          

Првиот час ќе се одржи на 6 март 2020 година

 

26.02.2020 г.                                                  Од Деканатот,

 

Информација за студентите на ПМФ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ НА ПМФ

Се известуваат студентите на ПМФ,  дека барањето на факултетското студентско собрание на ПМФ и Предлог Одлуката на деканатската управа на ПМФ за одобрување на дополнителен ден сесија не е прифатено од Наставно-научниот совет на ПМФ.


Напомена: пријавите во електронскиот систем, ќе бидат избришани, а сесијата е деактивирана.


07.02.2020 г.
Одделение за студентски прашања при ПМФ

Заверка на зимски семестар и упис на летен семестар во учебната 2019/2020 година

С о о п ш т е н и е  

потребни документи за заверка на зимски семестар и упис на летен семестар во учебната 2019/2020 година

          се  известуваат редовните и вонредните студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека заверувањето на зимскиот  и запишувањето на летниот семестар во уч.2019/2020 година ќе се одвива од  10.02.2020 до 21.02.2020 година, и тоа за:

 

студентите од прва година

10 - 12 февруари 2020 г.

студентите од втора година и нагоре

13 - 21 февруари 2020 г.

 Потребни документи

·образец за заверување  на зимскиот семестар,

·образец за запишување  на летниот семестар,

· пополнет и потпишан образец за ЕКТС за положени испити, односно за освоени кредити и за пријавени предмети кои ќе ги слушаат во летниот семестар (образецот се пополнува во координација со координаторот на соодветната студиска програма, со исклучок на Институот за биологија и Институтот за математика).

· индекс со уредно собрани потписи од предметните наставници за зимскиот семестар за остварени обврски

-уплатница за уплатени 200,00 ден. за административни трошоци-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2

- уплатница за уплатени 100,00 ден. за обезбедување-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2

 -уплатница за уплатени 100,00 д. за тетратки-цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2

- уплатница за уплатени 100,00 ден. за факултетското студентско собрание, -цел на дознака и приходна шифра  програма  начин 723019-41–2 (само за оние студенти, кои што сакаат да бидат членови на факултетското студентско собрание) и

· уплатница за уплатени средства за упис на летниот семестар во уч. 2019/2020 година за студентите запишани со партиципација (државна квота).

· износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети), согласно образецот за ектс одобрен од координаторите за ектс. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година,

или,

· уплатница за уплатени средства за упис на летниот семестар во уч.2019/2020 година  за редовните и вонредните студенти запишани со школарина (со кофинансирање) согласно договорот потпишан со факултетот. Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети), согласно образецот за ектс одобрен од координаторите за ектс. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Напомена 1:

Согласно, чл.23 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019),  студент запишан со партиципација (*државна квота), го губи статусот на студент запишан во квота со партиципација (*државна квота) и ги продолжува студиите во квота со школарина (*со поднесување на трошоците за студирање -кофинансирање) ако:

- еден предмет запишува по трет пат;

- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).

* термините за квотите наведени во заградите, се однесуваат за студентите запишани по прв пат во уч.2018/2019 година и претходно и истите имаат еднакво значење.

Напомена 2:

Согласно, чл.34, чл.35, чл.36 и чл.37 од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019) студентите, при упис на предметите треба да внимааат:

 

- при запишување на нови предметите, изборот на истите,  треба да е во согласност со правилата за напредување, утврдени со   студиските програми,

-          на условувачките критериуми, односно на предусловите за запишување на секој предмет, кои се дефинирани во студиската програма (хоризонтална и вертикална условеност),

-          најпрво ги презапишуваат неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот летен семестар, а потоа задолжителните предмети од тековниот семестар, и на крај изборните од тековниот семестар, но не повеќе од вкупно 35  кредити,

-          при повторно запишување на неположен изборен, студентот има право да го замени со друг изборен предмет (доколку сака да изврши промена - се поднесува барање до ектс координаторот на соодветниот Институт),

-          доколку студентотво семестарот запишува изборен/изборни  од универзитетската листа на слободни изборни предмети за прв циклус студии на  УКИМ, да се внесе во образецот за упис на семестарот,  во точното поле. (10% од изборните предмети)

 

 

1 ЕКТС кредит

-квота-

за предмет, кој се запишува по  прв пат (денари)

за предмет, кој се презапишува (денари)

редовни- со партиципација (државна квота)

210,00

410,00

редовни и вонредни школарина (со кофинансирање) 400 еур

 

410,00

 

600,00

 

Ви напоменуваме, дека електронскиот систем не ги пресметува точно кредитите, за предметите кои се презапишуваат. Студентите, да се придржуваат кон табелата погоре за пресметување на вкупната сума за упис на семестарот.

Студентите, кои се во тешка материјална состојба, можат да поднесат барање за плаќање на рати, одобрено од  продеканот за материјални и финансиски прашања на ПМФ, Проф. д-р Свемир Горин, во просторија 11 во деканатот или на институтот за географија, на прв  спрат, стара зграда, просторија 128, секој работен ден во периодот од 12.30 до 13.30 часот.

 

 Образецот за плаќање на рати на летниот семестар во уч.2019/2020 година, може да го подигнете од Одделението за студентски прашања или  да го испечатите тука.

 Истиот треба да биде одобрен и потпишан од :

  1. Раководител на Институт _________________
  2. Продекан за материјални и финансиски прашања, проф. д-р Свемир Горин

 

сите уплати се вршат на образец  ПП50:

- назив и седиште на примач                                     ПМФ – СКОПЈЕ

- банка на примач                                                      НБРМ                    

- трансакциска сметка                                               100000000063095

 - сметка на буџетски корисник на ПМФ                  1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                     723012 - 41 – 2

- цел на дознака        (упис на летен сем. во уч.2019/2020 г. студиска програма)

Напомена 3 :

задолжителното  електронско запишување на летниот семестар во уч.2019/2020 година, ќе се одвива од 10.02.2020 до 21.02.2019 год., за сите студентите на ПМФ. (согласно упатството , наведено подоле)

наставата во летниот сeместар ќе се одвива од 17.02.2020 до 29.05.2020 година

доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на: - keti@pmf.ukim.mk (математика, математика-физика и физика),

 lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (биологија, биологија–хемија, етнологија и антропологија) и ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (хемија, географија)

за технички проблеми (заборавена лозинка, промена на мејл адреса и сл.) - boris@pmf.ukim.mk. во пораката задолжително да се напише опис на проблемот, број на индекс, име и презиме на студент и електронска адреса со која е регистриран во системот.

 

Напомена 4:  

се  замолуваат студентите, доколку, не ги имаат уредно комплетирано документите и електронскиот упис, да не пристапуваат на шалтерот !! Одделението за студентски прашања ги изработува веднаш индексите и затоа поради  ефикасност и почитување на времето на сите, студентите уредно да постапат согласно соопштението !!

29.01.2020 год.                                                   од Деканатот,

 

Упатство за запишување и заверување на семестар преку “ i-know ”

Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвара почетната страница за студентите. На неа се наоѓааат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бр. индекс на најавениот студент.

Во табот "запишани семестри" од менито, има табеларен преглед на претходно запишаните семестри. претходно запишаниот семестар (зимски 2019/2020), кој сега треба да се заверува, ќе биде заверен од страна на службениците на студентската служба, тогаш кога ќе се приложат документи кои физички ќе ги депонирате и собраните потписи од професорите во индексот.

          Во табот  "запишани семестри", во горниот дел се наоѓа опцијата за запишување на следниот семестар (летен 2019/20). од листата понудени семестри го избирате следниот семестар. опциите за насока, квота и вид на студии ви се предодредени според претходниот семестар кој сте го запишале. Доколку имате промена на овие податоци по разни основи, мора да се обратите на студентската служба. Откако сте ги избрале соодветните параметри, на копчето ”внеси” го запишувате следиот семестар. откако новиот запишан семестар ќе се појави прв (најгоре) во табелата запишани семестри.

Откако ќе го запишете новиот семестар се упатувате на следниот таб "предмети". Тука ги избирате предметите кои ќе ги следите во следниот семестар.  најгоре лево на формата е избран семестарот за кој ќе избирате предмети (летен 2019/20). Треба да ги изберете сите задолжителни предмети кои на вашата насока, може да ги  слушате во летниот семестар, како и дел од изборните од тој семестар, ако има, но не повеќе предмети, односно не повеќе од   вкупно 35 кредити по семестар.

  Во прва година нормално е да се следат 30 кредити по семестар. оние предмети кои ги запишувате да ги следите, ги префрлате од левите листи во десните со помош на копчињата за лево/десно меѓу листите. Со секое префрлање на избран предмет од лево во десно се ажурира сумата за плаќање за тој семестар, сместена најгоре во средишниот дел на формата.  Во прва година, после избор на соодветни предмети, сумата за плаќање треба да е 30 кредити односно 6300 мкд за студентите од државна квота и 12300 мкд за студентите со кофинансирање.

Ви напоменуваме, дека електронскиот систем не ги пресметува точно кредитите кои се презапишуваат, за студентите од 4 семестар, па нагоре. Студентите, да се придржуваат кон табелата погоре за пресметување на вкупната сума за упис на семестарот.  Откако сите потребни предмети ќе се префрлат во десните листи, најдолу десно на формата со копчето “запиши” сите избрани предмети ќе се запишат за тој семестар и ќе се појават во табела “запишани предмети” во горниот дел на формата. откако со копчето “запиши” ќе ги запишете предметите, завршува електронскиот дел од запишувањето на следниот семестар. Вам ви останува физички да ги однесете документите за заверка на минатиот и запишување на следниот семестар на шалтерите на одделението за студентски прашања, согласно упатството.

Journal Content

Информација за  студентите од ПРВА ГОДИНА

          се  известуваат редовните и вонредните студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје, од ПРВА година, дека заверувањето на зимскиот  и запишувањето на летниот семестар во уч.2019/2020 година ќе се одвива од  10.02.2020 до 12.02.2020 година.

  Ве информираме, дека треба да постапите согласно соопштението кое е објавено (на вашите профили во делот соопштенија во „i-know ситемот) и покрај сите потребни документи треба да донесете и пополнет и потпишан образец за ЕКТС за положени испити, односно за освоени кредити и за пријавени предмети кои ќе ги слушате во летниот семестар. Oбразецот се пополнува во координација со координаторот на соодветната студиска програма, со исклучок на Институот за биологија и Институтот за математика*.

ЕКТС координатори по Институти:

Институт за хемија

Студиска програма:

 

Наставна хемија

Проф. д-р Марина Стојановска

Применета хемија

Проф. д-р Марина Стојановска

Применета хемија – аналитичка биохемија

Проф. д-р Јасмина Петреска - Станојева

Институт за физика

Сите студиски програми:

Проф. д-р Весна Гершан

 Институт за географија

Сите студиски програми:

Љубица Марковска

 Институт за етнологија и антропологија:

Проф. д-р Ана Ашталковска Гајтановска

 

*На Институтите за биологија и за математика, образецот за ЕКТС е укинат, но доколку студентите имаат потреба за консултација и совет, професорите кои се ЕКТС координатори им стојат на располагање.

Институт за математика

Сите студиски програми:

Проф. д-р Весна Целакоска Јорданова

 

Институт за биологија

Студиска програма:

 

Биохемија и физиологија

Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев

Молекуларна биологија и генетика

Проф. д-р Александра Цветковска

Екологија

Проф. д-р Катерина Русевска

Биологија

Проф. д-р Катерина Русевска

Биологија - хемија

Проф. д-р Катерина Русевска

 

 

 

 

Коррдинација за студентите на студии по информатика

Се известуваат студентите на студии по информатика и информатички технологии, дека треба да се обратат преку електронска пошта, до   проф. д-р Роман Голубовски, околу изготвување на ЕКТС образецот за упис на летниот семестар во уч.2019/2020 година (име и презиме, број на индекс, студиска програма, кој семестар по ред го запишуваат во летниот семестар и кои предмети ќе ги запишат).

roman.golubovski@t.mk

14.02.2020 г.

 

 

 

Информација

Соопштение

се известуваат  вработените и студентите на Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека по повод Новогодишните и Божиќните празници, нема да се работи од:  01.01.2020 год. до 07.01.2020 год. 

За одработување на денот: 03.01.2020 год. дополнително ќе бидете известени.

Прв работен ден во новата година е 08.01.2020 год. (среда).

  27.12.2019 год.

Скопје                                                                      од деканатот

 

Информација

Заверување на зимскиот семестар и запишувањето на летниот семестар во уч. 2019/2020 година,  ќе се одвива во периодот од  10-21 февруари 2020 година, а за студентите од прва година од 10-13 февруари 2020 г.

Наставата во летниот сeместар ќе се одвива од 17.02.2020 до 29.05.2020 година.

Соопштението за потребни документи ќе биде дополнително објавено.

 

Прва (зимска) испитна сесија во учебната 2019/2020 година

     

                                                                             С о о п ш т е н и е

за прва испитна сесија во учебната 2019/2020 година

се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека првата испитна сесија во учебната 2019/2020 година  ќе се одвива во две декади и тоа:

2020 (зимска)прва испитна сесија

прва декада во периодот од   13.01.2020 до 29.01.2020 год.

втора декада во периодот од  30.01.2020 до  14.02.2020 год.

Термините ги објавуваат институтите при факул­тетот.

При правењето на распоредот треба да се внимава помеѓу термините од првата и втората декада, да има минимум 10 дена (согласно  чл.45, од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019).

      Студентите во првата испитна сесија, можат да полагаат испити слушани во  зимскиот семестар во уч.2019/2020 година, како и предмети слушани во летниот семестар во уч.2018/2019 година.

 Студентите за да можат да пријават испит, треба да   уредно да им е запишан зимскиот семестар во  уч. 2019/2020 година, како и да имаат уредно земено потпис во индексот од предметниот професор.

Напомена 1 -  начин на пријавување на испитите

Задолжително електронското пријавување на испитите во првата испитна сесија во уч.2019/2020 година, во  i-know системот, ќе се одвива од 01.01.2020 до 13.02.2020 година,  и е задолжително за сите студенти на пмф, www.iknow.ukim.edu.mk

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои уредно ќе го пријават испитот.

што значи уредно пријавен испит?

1.    електронски пријавен испит   on-line на адреса www.iknow.ukim.edu.mk, најдоцна два дена пред полагање на испитот, поточно на писмениот дел од испитот.

2.    приложување на  пријава за испит (хартија) на самиот ден кога се пристапува да се  полага испитот, поточно  писмениот дел од испитот, кај предметните асистенти и професори.

Асистентите и професорите, немаат обврска да ги примат на полагање оние студенти, кои нема да бидат на списоците за полагање на испит.

Напомена 2

Само вонредните студенти и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ,

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                          ПМФ – Скопје

- банка на примач                                           НБРМ

- трансакциска сметка                                   100000000063095

- сметка на буџетски корисник                       1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин              723013 - 41 2

Напомена 3

Заверување на зимскиот семестар и запишувањето на летниот семестар во уч. 2019/2020 година,  ќе се одвива во периодот од  10-21 февруари 2020 година, а за студентите од прва година од 10-13 февруари 2020 г.

Наставата во летниот сeместар ќе се одвива од 17.02.2020 до 29.05.2020 година.

Напомена 4

Целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот на студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање. се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски испитите.

Сите студенти на ПМФ испитите ги пријавуваат на ПМФ, без разлика каде ги слушале.

Студентите плаќаат по 400,00 ден. надоместок за задоцнето пријавување испит (пријавување на испити по рокот),  ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

 

 

Доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на:

 - keti@pmf.ukim.mk (математика, математика-физика и физика);

 

 -lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (биологија и биологија–хемија);

 -ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (хемија, географија, етнологија и антропологија).

за технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.) - boris@pmf.ukim.mk. во пораката задолжително да се напише: опис на проблемот, број на индекс на студентот и електронска  адреса со која е регистриран во системот.

 кратко упатство:

Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба,  во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги чекиравте во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за следната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

24.12.2020 година                                                    од деканатот,

 

 

Надворешни професори, термини за полагање во првата испитна сесија во уч.201/2020 г.

2020 (ЗИМСКА) ПРВА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2019/2020 ГОДИНА

 

ПСИХОЛОГИЈА

Проф. д-р Огнен Спасовски -  Филозофски факултет

 

I декада

14.01.2020 во 13.00 часот, голем амфитеатар - Филозофски Факултет

II декада

28.01.2020 во 17.00 часот, голем амфитеатар - Филозофски Факултет

 

ПЕДАГОГИЈА

Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет

     

I декада

16.01.2020  во  11.00 часот предавална бр.10, Филозофски Факултет

II декада

30.01.2020  во 11.00 часот - предавална бр.10, Филозофски Факултет

 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 

  

      I декада

20.01.2020  во 10.00 часот во  амфитеатар А2 на Филолошкиот факултет

II декада

06.02.2020  во 08.30 часот во амфитеатар А3 на Филолошкиот факултет

 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Проф. Солзица Поповска

Студии по математика, физика, хемија, математика-физика

 

 

I декада

 

22.01.2020 во 15.00 часот на Филолошкиот факултет, голем амфитеатар А3

II декада

06.02.2020 во 13.00 часот на Филолошкиот факултет, голем амфитеатар А3

 

ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3

Проф. Катерина Сековска- Анѓеловиќ

 Студии по географија

I декада

 

23.01.2020 во 10 часот.

 

II декада

 

13.02.2020  во 10 часот.

 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК  1, 2 , 3 и 4

Проф. Искра Стаменковска - Студии по географија

 декада        16.01.2020 

Англиски јазик 1 и 2   8.00 - 9.30

Англиски јазик 3 и 4   10.00 - 11.30

 

 II декада - променет термин, испитот ќе се оджи на 05.02.2020   г.

Англиски јазик 1 и 2   8.00 - 9.30

Англиски јазик 3 и 4    10.00 - 11.30

 

 

 

     

 

 

 

16.12.2019 г.

Информација за студентите од ПМФ

Одделението за студентски прашања нема да работи  на 16 декември 2019 година, поради  свеченостите по повод одбележувањето на Денот на Природно-математичкиот факултет во Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј ” во Скопје.

Декемвриска (дополнителна) испитна сесија во уч.2019/2020 г.

Соопштение за декемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2019/2020 год.

          се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека  декемвриската  испитна сесија ќе се одвива од  02.12.2019 година до 06.12.2019 г.

Право за полагање имаат студентите кои уредно, го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2019/2020 година и можат да полагаат само испити од  летниот семестар од уч.2018/2019 г.

               Пријавувањето на испитите декемвриската испитна сесија ќе се одвива од  02.12.2019  до 04.12.2019 г.

За уредно пријавен испит, студентот треба:

1.             да поднесе,  пријава за испит во (хартија) и индекс на проверка (потпис од предметниот професор), на шалтерот за          студентски прашања

 Студентите докажуваат дека ги реализирале академските обврски со потпис од предметниот наставник и уредно заверен летен семестар од уч.2018/2019 година и уредно запишан зимски семестар во уч.2019/2020 год.

Термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.

 2. Задолжително  електронско пријавување, од 02.12.2019 до 04.12.2019 год. на испитите преку електронскиот “i-know” систем.

 29.11.2019 год.                                                                                        од Деканатот,

Продолжување на ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2018/2019 година

Ве информираме, дека рокот за запишување на зимскиот семестар е продолжен до 20 октомври 2019 година, поради одбрување на трет термин за полагање во август/септемвриската сесија во уч2018/2019 година (одлука подоле).

_______________________________________________________________________________________________________________

Врз основа на член  120, став 4 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018),постапувајчи по барања на студентите бр. 10-2271/1 од 25.09.2019 година,Деканатската управа на XXXIX-та редовнаседницата одржана на 26.09.2019 година ја донесе следната

О Д Л У К А

 1. Есенскиот испитен рок се продолжува за уште една декада и тоа во деновите 04.10.2019 година за писмен/практичен дел од испитот и 07.10.2019 година за усниот (теоретскиот) дел од испитот.

 2. Студентите може да пријават само еден предмет за кој ги регулирале академските обврски (потпис и заверен семестар).

 3. Пријавувањето на испититестудентите ќе го вршат на денот на испитот.

 4. Одлуката стапува на сила содонесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

 Врз основа на член 120, став 4 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018), постапувајќипо барања на студентите, Деканатската управа донесе одлука како водиспозитивот.

                                                                                                                                                   Д Е К А Н,                                                                                                                                                                                                           Проф. д-р Ицко Ѓоргоски

 

Упис на зимски семестар во уч.2019/2020 г.

С о о п ш т е н и е  

се известуваат редовните и вонредните студенти од Природно-математичкиот факултет во Скопје,   дека уписот на зимскиот семестар во учебната 2019/2020  година ќе се врши од 11.09.2019 година до 30.09.2019 год.

СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПО ПРВПАТ ВО УЧ.2011/2012 Г.

 имаат рок да за ги завршат започнатите студии по студиската програма по која се запишале по првпат  до 30.09.2019 година. Рокот произлегува од чл.223, став 2 од статутот на УКИМ (Универзитески гласник бр.251/2013)

Оваа напомена, се однесува и за студентите, кои веќе  се префлени по нова студиска програма, односно по акредитација започната во уч.2009/2010 година. (студенти запишани по прв пат во  уч.2009/2010 година и претходно).

Студентите кои нема да дипломираат до 30.09.2019 г., заклучно со третата (августовски-септемвриски) испитна сесија во уч.2018/2019 г., треба да поднесат барање за продолжување на студиите по изменета студиска програма на ПМФ, во согласност со условите и правилата кои важат за истата, со поднесување на трошоци на студирање (кофинансирање). Истото се подига од Одделението за студентски прашања. Потребните документи и уплати за упис на зимскиот семестар, после завршување на постапката за префлување и еквиваленција на предмети и кредити, се наведени подоле.

СТУДЕНТИ  ЗАПИШАНИ ПО ПРВПАТ ВО УЧ.2012/2013 Г., УЧ.2013/2014 Г. УЧ.2014/2015 Г., УЧ.2015/2016 Г, УЧ.2016/2017 Г, УЧ.2017/2018 Г. И 2018/2019 Г.

Потребни документи:

1.     образец за запишување на семестарот,

2.     пријавен лист од Државниот завод за статистика на РМ  (образец  ШВ-20);

3.     пополнет и потпишан образец за ЕКТС за положени испити, односно за освоени кредити и за пријавени предмети кои ќе ги слушаат во зимскиот семестар (образецот се пополнува во координација со координаторот на соодветната студиска програма-насока) На Институтите каде се укинати овие обрасци, студентите не треба да ги поднесуваат истите, при упис;

4.     уплатница за уплатени 200,00 денари за административни трошоци;

5.     уплатница за уплатени 100,00 денари за обновување на библиотечен фонд во библиотеките на Институтите при ПМФ;

6.     уплатница за уплатени 100,00 денари за колективно осигурување на студентите од ПМФ од несреќен случај;

7.     уплатница за уплатени 100,00 денари за обезбедување

8.     уплатница за уплатени 200,00 денари за испитни работни тетратки;

9.   уплатница за уплатени 100,00 денари за студентски парламент;

*само за оние студенти, кои сакаат да бидат членови на студентскиот парламент;

 10.   уплатница за уплатени средства за упис на зимскиот семестар во уч. 2019/2020 година за студентите запишани во државна квота.

Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети согласно образецот за ЕКТС одобрен од координаторите за ЕКТС. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Доколку студентот запишан во државна квота, не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар или еден предмет запишува по трет пат, ги продолжува студиите со поднесување на трошоци за студирање (наведено во Напомената, подоле во соопштениево), или

11.   уплатница за уплатена рата за редовните и вонредните студенти запишани со кофинансирање согласно договорот потпишан со факултетот. Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети помалку од 50% од предметите, наведено во напомена 1, подоле во соопштениево), согласно образецот за ЕКТС одобрен од координаторите за ЕКТС. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Напомена:

Согласно член 323, од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје:

 

- студент запишан во државна квота , го губи статусот на студент запишан во државна квота и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање) ако:

 - еден предмет запишува по трет пат;

 - не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).

 

   Сите уплати од реден број 4 до реден број 11 се вршат на образец ПП50 на жиро  сметката на ПМФ:

- назив и седиште на примач                                          ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                               НБРМ

- трансакциска сметка                                                       100000000063095

- сметка на буџетски корисник на пмф                         1600110804 788 19

- Приходна шифра  програма  начин                          723012 - 41 2

 12.

Додека уплатата од  750,00  денари на жиро сметка на УКИМ,  за  информативни,  информатички,  културни  и  спортски  активности  на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ - ПМФ на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРМ,

со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18

приходна шифра 723012, програма 41 начин 2

Цел на дознака за   ИКСА на УКИМ - ПМФ Овој надоместок, студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.

ВАЖНО!!!   Задолжителното  електронско запишување на зимскиот семестар во уч.2019/2020 година, ќе се одвива од  10.09.2019 год. до 30.09.2019 год., за студентите кои се водат во евиденцијата на електронскиот систем “i-know”, кои ќе се запишат во   3, 5, 7, 9, 13 и 15  семестар  во уч.2019/2020 година на www.iknow.ukim.edu.mk.

Скопје,  18.07.2019 год.                                                                                           од Деканатот

 

Journal Content

Информација за предавањата по Македонски јазик за зимскиот семестар во уч.2019/2020 година

Наставата по Македонски јазик, кај проф . д-р Симон Саздов за ПМФ ќе се одржува секој петок, почнувајќи од овој, 4 октомври, од 9 до 12 часот во Голем амфитеатар на Филолошки факултет.

Информација за предавањата по Психологија за зимскиот семестар во уч.2019/2020 година

Информација за предавањата по Психологија, 

Наставата по Психологија за студентите на  ПМФ,  ќе се одржува секој вторник,  со почеток во 16 часот, во Електронската предавална на Филозофскиот факултет.