Navigation
 

М-р Тунтев Ане - Виш стручен соработник

Роден на 15 декември 1961 г. во Скопје, каде што завршил основно училиште, во 1976 г., и гимназија, во 1980 г. Во 1988 г. дипломирал наИнститутот за физикапри Природно-мате­ма­тичкиот факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, групата применета физика. На истата институција во 1997 г. ги завршил постдипломските студии по теоретска физика, со одбрана на магистерскиот труд "Расејување од три диска во присуство на шумови". Во 1989 г. се вработил како приправник-помлад асистент на Институтот за физикапри Природно-мате­ма­тичкиот факултет во Скопје, каде што во 1990 г. е избран во звањето помлад асистент, а во 1997 г. во звањето асистент. При крајот на 2003 г. преминал на работа во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-мате­ма­тичкиот факултет во Скопје, како виш стручен соработник.На Институтот за физика при Природно-мате­ма­тичкиот факултет во Скопје држел вежби за студентите физичари, информатичари, медицинари и фармацевти. Учествувал во подготовката и изведувањето на републичките натпревари по физика за средните училишта во периодот од 1989 до 2004 г. Неговите сегашни редовни работни обврски во Сеизмолошката опсерваторија во Скопје вклучуваат прелиминарна анализа на сеизмолошките податоци, одржување на телеметриската мрежа на сеизмолошки станици и др., а изведува и повремена настава по сеизмологија за ученици. Главно подрачје на научен интерес му е нелинеарната динамика, како и нејзината примена во геофизиката, а се занимавал и со методиката на наставата по физика. Самостојно или како коавтор, објавил 28труда, од кои 3 се објавени во ре­но­мирани научни списанија надвор од Македонија, 14 во научни списанија во Македонија, 5 во монографии на македонски јазик од областа на физиката, а 6 во практикуми на Институтот за физика при Природно-мате­ма­тичкиот факултет во Скопје. Има презентирано 6 труда на научни манифестации, од кои 2 надвор од Македонија. Коавтор е на 2 универзитетски учебни помагала и на 1 средношколско учебно помагало. Коавтор е на уште 2 апликации и на 2 други стручни труда (сеизмолошки билтени) во фондот на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Учествувал во 2 меѓународни и во 2 домашни научни проекти. Остварил десетина прес­тои на странски универзитети. Автор е и на 2 сценарија за телевизиски образовни емисии. Член е на Друштвото на физичарите на Македонија.