Navigation
 
Journal Content

Врз основа на член 55, став 1, точка 42 од Правилникот за внатреш­ните односи и работењето на Природно-ма­тема­тичкиот факултет во состав на Универзите­тот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Наставно-научниот совет на Природно-матема­тичкиот фа­култет - Скопје, постапувајќи по пред­логот од Инсти­тутот за хемија при Факул­те­тот, бр. 07-3138/1 од 27.11.2009 год., на седни­­цата одр­жа­­на на 03.12.2009 год., до­несе

 

О Д Л У К А

 

1. Се прифаќа предлогот на Институтот за хемија при Факул­те­тот.

2. Се одобрува признавање на предмети т.е. испити, на студиите по хемија за премин помеѓу насоките, според следната листа и тоа за:

 

- Премин од применетите (аналитичко-структурна и препаративна) во наставна насока:

1.      Психологија 1 (2+0, 4 кредити, трет семестар)

2.      Психологија 2 (2+0, 4 кредити четврти семестар)

3.      Педагогија 1 (2+0, 4 кредити, петти семестар)

4.      Педагогија 2 (2+0, 4 кредити, шести семестар)

5.      Историја на хемијата (2+0, 3 кредити, шести семестар)

6.      Методика на хемијата со хоспитации 1 (3+2, 5 кредити, седми се­местар)

7.      Методика на хемијата со хоспитации 2 (3+2, 5 кредити, осми се­местар)

8.      Методи на хемиско експериментирање 1 (2+2, 5 кредити, седми се­местар)

9.      Методи на хемиско експериментирање 2 (2+2, 5 кредити, осми семестар)

10. Македонски јазик 1 (0+2, 2 кредити, седми семестар)

11. Македонски јазик 2 (0+2, 2 кредити, осми семестар)

 

- Премин од наставна во аналитичко-структурна насока:

1.      Одбрани поглавја од електрохемија (2+2, 5 кредити, шести се­местар)

2.      Одбрани поглавја од инструментална анализа (2+3, 7 кредити, седми семестар)

3.      Радиохемија (2+2, 3 кредити, седми семестар)

4.      Методи за определување на молекулски структури (2+2, 4 кредити, осми семестар)

5.      Кристалохемија (2+2, 4 кредити, осми семестар)

6.      Хемиска контрола на технички материјали (2+6, 7 кредити, осми семестар)

 

- Премин од наставна во препаративна насока:

1.      Препаративна неорганска хемија (2+2, 5 кредити, шести семестар)

2.      Хемија на природни производи (2+2, 3 кредити, седми семестар)

3.      Радиохемија (2+2, 3 кредити, седми семестар)

4.      Органска синтеза и анализа (3+5, 7 кредити, осми семестар)

5.      Методи за определување на молекулски структури (2+2, 4 кредити, осми семестар)

6.      Хемија на хетероциклични соединенија (2+2, 4 кредити, осми се­местар).

 

3. Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет во Скоп­је, врз основа на член 55, став 1, точка 42 од Правилникот за внатреш­ните односи и работе­њето на Природно-ма­тема­тичкиот факултет во состав на Универзите­тот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на седни­цата одржана на 03.12.2009 година, зара­­ди утврдување листа на еквивалентни предмети на студиските програми на студиите по хемија, до­несе одлу­ка како во диспо­­зи­ти­вот.

 

Д Е К А Н,

 

                                                                                          Проф. д-р Доне Гершановски