Navigation
 
Journal Content

 Почитувани студенти,

          Ве информираме дека и во  учебната 2015/2016 година, Природно-математичкиот факултет до Фондот за здравствено осигурување, во склоп  на  проектот Е-потврди за редовни студенти на ФЗО на Република Македонија, ќе изврши  електронско доставување на податоци за определена категорија корисници на здравствено осигурување (лица кои се на редовно студирање и помлади од 26 години) со цел намалување на административните постапки и циркулација на хартија (издавање на потврда од страна на Факултетот за статусот на студентот и нејзино евидентирање во Фондот).

ПМФ ќе  достави, електронски потврди само за студентите кои се водат во евиденцијата на електронскиот систем “i-know”, студентите од прва до четврта година, како и студентите запишани во 9 семестар (освен студентите на студии по географија).

Сите други редовни студенти, кои не се постари од 26 години, треба   да го регулираат статусот на здравствено осигурување на стариот начин (со доставување на потврда во Фондот за редовно студирање издадена од Факултетот).

Ги известуваме студентите, ДЕКА СИТЕ ИНДЕКСИ СЕ ИЗРАБОТЕНИ И ДИСТРИБУИРАНИ ВО БИБЛИОТЕКИТЕ НА ИНСТИТУТИТЕ НА ПМФ.

СТУДЕНТИТЕ, КОИ ИМ СЕ ВРАТЕНИ ИНДЕКСИТЕ И ДОКУМЕНТИТЕ ПОРАДИ НЕКОМПЛЕТНОСТ, ТРЕБА ДА ГИ КОМПЛЕТИРААТ И ДОСТАВАТ ДОКУМЕНТИТЕ НАЈКАСНО ДО 13 ОКТОМВРИ, БИДЕЈКИ ВО ПЕРИОДОТ ПОСЛЕ ТОА НЕМА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО ВКУПНИОТ БРОЈ НА СТУДЕНТИ  (ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ), КОИ ПМФ ЕЛЕКТРОНСКИ ЌЕ ГИ ПРАТИ ДО ФЗОМ.

Губењето на правото на здраствено осигурување ќе биде на одговорност на самите студенти.

            Бидејќи со електронската размена на податоците е можно определeни студенти на Факултетот кои ги исполнуваат условите за осигурување на оваа категорија осигуреници да не бидат евидентирани во Фондот,  ги известуваме студентите да го проверат својот статус на осигурување на интернет порталот на Фондотwww.fzo.org.mk  и доколку имаат право на осигурување по споменатиот основ, а не се евидентирани во Фондот, тоа да го регулираат на стариот начин (со доставување на потврда во Фондот за редовно студирање издадена од Факултетот).

                                                                        Служба за студентски прашања при ПМФ,