Navigation
 

Д-р Здравкова Катерина - Редовен професор

Д-р Катерина ЗДРАВКОВА, редовен професор, е родена на 26 јули 1960 г. во Скопје, каде што оформила основно и средно образование. На Математичкиот факултет се запишала во академската 1978/79 г. Насоката математика и информатика ја завршила во 1983 г., со среден успех 9,40. Магистрирала на Електро­техничкиот фа­култет во Скопје, на насоката за компјутерска техника и информатика (КТИ) под менторство на проф. д-р Драган Михајлов, во 1988 г., со одбрана на трудот Алгоритми за генетски истражувања. Докторирала на ПМФ во 1993 г., со одбрана на дисертацијата Систем за машинско преведување, ре­али­зиран со помош на невронски мрежи”, под менторство на проф. д-р Душан Сурла од Уиверзитетот во Нови Сад. Во 1989 г. била избрана за асистент, во 1994 за доцент, во јуни 1999 г. за вонреден професор, а од 2004 г. е редовен професор на ИИ при ПМФ. Во академската 1988/89, како стипендист на British Council, имала студиски престој на Cranfield Institute of Technology во Англија, летото 1990 година престојувала на Universite Stendhal и на Institute GETA во Гренобл, Франција. Во 1992 г. ја посетувала школата Contemporary Topics in Computational Linguistics во Цигов Чарк, Бугарија. Во 2000, со Tempus IMG стипедија, кратко престојувала на University of Wolverhampton, School of Computing and Information Technology, Centre of Learning and Teaching и Delta Institute. Во рамките на Tempus JEP 13577/98, во 2000 г. престојувала на University of Loughborough и University of Liecester, а во рамките на Phare во Центарот за отворено и далечинско учење на Open University во Лондон и во Milton Keynes. Во рамките на Tempus JEP 14440/99, во 2000 и 2001 г. имала кратки престои на Aristotle University во Солун, а во 2003, со Tempus IMG03-FYR1007 престојувала во Љубљана, Словенија, на семинарот REGOC, во огранизација на IEEE. Последниве 5 години изведува/ла настава по 15 предмети на додипломските студии - по информатика: компјутерски апликации, програмски системи, учење со компјутер и примени, основи на вештачката интелигенција, филозофија на информатиката, учење со компјутер, дизајнирање на образовен софтвер, компјутерски системи во наставата; по хемија: вовед во информатиката и примена на компјутерите; по физика: информатика; по биологија: информатика за биолози; по биологија-хемија: математика со информатика; на Стоматолошкиот факултет: примена на компјутерите во стоматологијата и информатика. На пост­дипломските студии по информатика е задолжена за предметите: невронски мрежи, обработка на природните јазици, логичко програмирање, интерактивни мултимедиски системи за учење и софтверско инженерство. Од академската 2000/01 до 2004/05 г. на постдипломските студии на Институтот за билогија ја изведувала наставата по примена на компјутерските пакети во биологијата. Од академската 2003/04 до 2005/06 г. изведувала настава по информатика на постдипломските студии на Стоматолошкиот факултет. Здравкова била или е ментор на 3 докторски дисертации и на 1 магистерски труд. Објавила: 4 трудови во меѓународни списанија, 2 научни труда во домашно списание, 34 трудови во зборници од меѓународни научни собири и имала повеќе од 50 стручни презентации на меѓународни собири. Коавтор е на два средношколски учебника. Одржала 8 поканети предавања на меѓународни семинари и конференции. Д-р Здравкова е претставник на UNESCO Institute of Information Technology of Education (IITE) за Македонија и регионален координатор за Јужна Европа. Во рамките на UNESCO IITE, била национален координатор на два проекта. Исто така, таа е координатор на еден билатерален проект на МОН на Македонија, на два проекта на Deutsche Akademische Austausch Dienst (DAAD), на еден Темпус-проект и на еден NATO проект. Од 1999 г. членува во Institute ofElectrical and Electronics Engineers (IEEE). Здравкова е член во програмските комитети на 4 меѓународни конференции. Таа е рецензент на Министерството за образование и наука на Македонија, на Министерството за наука на Хрватска, на две меѓународни списанија и на голем број конференции. Одликувана е со специјалното одликување на IEEE за исклучителен придонес.


ketiЗнак за e-mailii.edu.mk