Navigation
 
Journal Content

 

 Се информираат студентите од Природно-математичкиот факултет, дека можат да ги поднесат потребните документи за доделување на вредносни бонови-ваучери, почнувајќи од 30.03.2015 година до 25.04.2015 година, од 11.30 до 13.30 часот. Студентите треба да дојдат со комплет документи и индекс на увид, во зависност која категорија ја исполнуваат согласно Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери. Барањето за доделување на вредносни ваучери, треба да се пополни и потпише во два идентични примероци, истото може да се симне од нашата веб страница или да се подигне од Шалтерот за студентски прашања. Напомена: право за аплицирање имаат само РЕДОВНИТЕ суденти, кои го запишале 5 или 7 семестар по прв пат во уч.2014/2015 година, најдоцна до 15.11.2014 година, како  и студентите со еден родител, студентите без родители, студенти кои засновале брак и оформиле семејство. Право на аплицирање имаат и студентите-лица со посебни потреби, запишани како редовни во било кој семестар.

_________________________________________________________________________________________________________________________________

 

НОВО* СООПШТЕНИЕ - Доделување на вредносни бонови–ваучери на студенти

Скопје, 8 април 2015 година

Проект за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти

 СООПШТЕНИЕ

 Владата на Република Македонија преку Министерството за информатичко општество и администрација започна со спроведување на активностите предвидени со Проектот за доделување на вредносни бонови - ваучери за набавување на таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.

 Целна група за кого е наменет овој проект, согласно Законот за издавање на вредносни бонови–ваучери („Службен весник на Република Македонија„ бр. 48/2015 и 56/2015), се :

 ·  Редовните студенти на високообразовните установи во Република Македонија кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход и кои до 15 ноември 2014 година, за прв пат запишале трета и четврта година на прв циклус на студии, и

·  Студентите евидентирани како лица со посебни потреби запишани најдоцна до 15 ноември во било која година на студии во учебната 2014/2015 година, на високообразовните установи во Република Македонија, а кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход.

 Со цел да се ослободат студентите од дополнителни трошоци и скратување на времето за прибавување на документите, со усвоените измени на Законот за издавање на вредносни бонови - ваучери, потребните докази во врска со исполнување на условите за стекнување на вредносен бон-ваучер ќе бидат обезбедени по службена должност.

 За стекнување со вредносен бон – ваучер, заинтересираните студенти кои ги исполнуваат погоренаведените услови, до студентската служба на матичниот факултет потребно е да достават :

·  Пополнето Барање за стекнување со вредносен бон – ваучер (се подигнува на студентската служба на матичниот факултет или на веб страната на МИОА www.mioа.gov.mk/vaucheri) ;

·  Фотокопија на Уверение за државјанство на студентот (без оглед на староста) ;

 ·  Доказ дека се лица со посебни потреби (каде јасно се гледа дека лицето е со посебни потреби) за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби ;

 ·  Фотокопија од акт за престанок на бракот или извод од матична книга на умрените за студентите кои се со еден родител или без родители и/или

 ·  Фотокопија од Извод од матичната книга на венчани за студентите кои засновале брак и оформиле семејство.

 Студентската служба на матичниот факултет примените барања за стекнување со вредносен бон–ваучер со приложените докази ги обработува електронски со внесување на податоците од барањето во електронски формат и во рок од три дена од завршување на рокот за аплицирање на студентите утврден во огласот што го објавува Министерството за информатичко општество и администрација, ги доставува до Министерството за образование и наука во електронска и хартиена форма кон кои приложуваат:

 ·  Потврда за редовен студент запишан за прв пат во трета година (односно со заверен V семестар за прв пат) или четврта година (односно со заверен VII семестар за прв пат) на прв циклус на студии на високо образовните установи во Република Македонија во учебната 2014/2015 година, најдоцна до 15 ноември 2014 година (за редовните студенти); и/или

 ·  Потврда дека се студенти во било која година на студии во учебната 2014/2015 година на високо образовните установи во Република Македонија запишани до 15 ноември 2014 година (студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби).

 Вредносните бонови - ваучери ќе бидат за еднократна употреба и ќе се употребат како учество за купување на таблет компјутер со надворешна тастатура.

 Потребните документи се доставуваат најдоцна до 25 Април 2015 година, по што ќе следува постапката за доделување на вредносните бонови.

 Заинтересираните студенти подетално може да се информираат веб страницата www.mioа.gov.mk/vaucheri како и на контакт тел. 02 3200 893, 023200 933 и 02 3200 935.

  Министерство за информатичко општество и администрација