Уписи 2020

КРАТКО УПАТСТВО

Електронско пријавување во  iknow системот, за конкурирање во првиот уписен рок е ОТВОРЕНО и согласно роковите од  Конкурсот за упис  на кандидатите  на Природно-математичкиот факултет во Скопје во учебната 2020/2021 година во првиот уписен рок ќе се врши до  31.8 и 1.9.2020 година.
Кандидатите задолжително треба  да извршат електронско пријавување преку системот iknow на УКИМ.

Потребно е да се регистрирате и да ja пополните електронската пријава.
Советуваме, електронската пријава,  да се пополни благовремено, да не се чека последниот  ден (1 септември)  за конкурирање.

УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани.
 Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот – не отварајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè до поднесување на документите на деновите на упис.
Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.
Со користење на Порталот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци до денот на уписот, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ПРИ ПРИЈАВУВАЊЕ
 
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронската пошта upisi-pmf@ukim.edu.mk  и дополнително прикачување на скенираните документи на последниот чекор во електронската пријава од iKnow-системот.
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на електронската приjава, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

1. Пријава за запишување - образец А1 (универзитетски пријавен лист, се печати и од електронската пријава),
2. oригинални свидетелства од сите класови,
3.    Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование за кандидатите кои не полагале државна матура)
4. Извод од матична книга на родените (оригинал)
5. Доказ за државјанство на Р. Северна Македонија (уверение или решение)

6. Потврда/Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Природно-математичкиот факултет во Скопје (образец  ПП50)
7. Потврда/Уплтаница за уплатени 50 денари за административна такса (образец ПП50)
8. Интерен пријавен лист (се печати од електронската пријава)
9. Изјава за национална припадност. Се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност. (се печати  од електронската пријава)
10. Изјава за неподигање документи (се печати  од електронската пријава).
11. Изјава за користење лични податоци (се печати  од електронската пријава)
12. Изјава за веродостојност и точност на приложените скенирани документи (се печати  од електронската пријава)
13. Изјава за неконкурирање на друг универзитет  (се печати од електронската пријава)
14. Дипломи, што евентуално биле освоени во текот на средното образование
15. За ВОНРЕДНИТЕ студенти, важи сето претходно спомнато, со напомена дека тие треба да го прикачат и М1/М2 образецот или лекарското уверение.

НАПОМЕНА 1
Документите под реден број 1,8,9,10,11,12 и 13, треба да се отпечатат од електронската пријава од i-know системот и треба ДА СЕ ПОТПИШАТ од страна на кандидатот, а ПОТОА  да се скенираат и прикачат во iknow ситемот.
Документите под реден број 2,3,4,5, 6,7,14 и 15 треба само да се  скенираат и прикачат во iknow ситемот.
Откако, сето ова се заврши кандидатот, треба да притисне на копчето ПРАТИ и со тоа електронската пријава е завршена и комплетирана.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

НАПОМЕНА 2

Природно-математичкиот факултет во Скопје дополнително ќе ги објави  роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поднесат горенаведените оригинални документи и изјави за пријавување, како  и документите за запишување на примените кандидати.
Ви напоменуваме дека КАНДИДАТИТЕ НЕ ТРЕБА да доаѓаат физички на ПМФ на 31 август и 1 септември 2020 година.
Со комплетно завршената електронска пријава во iknow системот и пратена порака на електронската адреса upisi-pmf@ukim.edu.mk, се смета дека кандидатот УРЕДНО конкурирал на ПМФ.