Потребни документи за упис

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ПРИМЕНИ ВО ТРЕТ УПИСЕН РОК ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“  ПРИРОДНО - МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ВО УЧ. 2020/2021 ГОДИНА,  

Почитувани кандидати,

Поради пандемијата со COVID 19, а со цел запазување на безбедносните мерки, доставувањето на потребните документи за упис на примените кандидати ќе се врши по следниов редослед:

30.09.2020 г. 09:00 - 14:30 часот

Уписот ќе се врши во Деканот (Горна зграда) простории 96/97 и 98/99.

Им посакуваме успех на сите идни студенти на ПМФ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место.

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:

1. Индекс и студентска легитимација, пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

2. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)

3. Образец за запишување на семестар, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    4. Сите документи во оригинал, кои се доставени во електронска форма при уписот:

    4.1.    Оригинален А1 образец, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    4.2.    Испечатена и потпишана електронска пријава (интерен пријавен лист)

    4.3.    Оригинални свидетелства од сите класови

    4.4.    Оригинал документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)

    4.5.    Извод од матична книга на родени (оригинал)

    4.6.     Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал)

    4.7.     Потврди за уплата на административна такса од 50 денари и за уплата од 300 денари на жиро-сметката на факултетот.

    4.8.    Изјава за неподигање на документи

    4.9.    Изјава за неконкурирање на други факултети

    4.10.     Изјава за национална припадност (доколку има доставено во електронска форма)

    4.11.    Изјава за користење на лични податоци

    4.12.     Дипломи и сертификати за освоени награди (доколку има доставено во електронска форма)

    4.13.    Документи за специјални услови (доколку е рангиран како кандидат со специјални услови)

5. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20)

6. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија

    6.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци.

7. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија , како и

    7.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање и

    7.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци

    7.3     Договор за студирање во квота со кофинансирање (ЗА ВОНРЕДНИ) во два примероци

8. Потврда за уплата на 850,00 денари на жиро сметката на ПМФ, за  административно материјални трошоци  (оформување на студентско досие, библиотечен фонд за библиотеките на Институтите при ПМФ, за обезбедување,  за прирачник и колективно осигурување).

 

Жиро сметка на ПМФ, Образец ПП 50:

Назив и седиште на примач                                  ПМФ – СКОПЈЕ

Банка на примач                                                  НБРМ

трансакциска сметка                                             100000000063095

сметка на буџетски корисник-единка-корисник     1600110804 788 19

приходна шифра – програма – начин                     723012  41  2 (точка 6 и 7)

приходна шифра – програма – начин                     723019  41  2 (точка 8)

8. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ПМФ, на жиро сметка на Ректорат  1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723019, програма 41 начин 2