Navigation
 

Доктор Николиќ Драган - Вонреден професор

Роден во 1948 г. во Скопје. Во 1971 г. дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје. Магистерски студии завршил во 1975 г. на Con­trol System Department, University of Southern California во Лос Анџелес, САД, како Фулбрајтов стипендист. Во 1979 г. завршил курс за проектирање на информациони системи во IAEA UNESCO во Виена, Австрија. По престојот на стручно усовршување на Електротехничкиот факултет во Љубљана, докторирал во 1983 г. на тема Математички мо­дел на некои состојби на свест кај луѓето, под ментор­ство на професор Лојзе Водовник. Во 1988/89 г. имал девет­месечен прес­тој на постдокторски студии на Artificial Intelligence Depart­ment, University of Southern California, каде што работел на мо­дели на мозочни структури со компјутерски невронски мрежи. Истовремено бил вклучен во работата на проект за примена на компјутерски експертни системи во компјутеризирани протези за слух. Почнал да работи во 1973 г., по изборот за стручен соработник на Матема­тич­киот институт со нумерички центар при Универзитетот во Скопје, каде што следел и специ­јалистички студии по нумерички методи. Во 1975 г. бил избран во звањето преда­вач со специјалност информатика и компјутерски системи. По докторирањето бил избран за доцент, а во 1990 г. за вонреден професор по информатика на ПМФ. Како универзи­тетски нас­тавник држел предавања на редовните и на постдипломските студии по бројни предмети, како: програмирање, програмски јазици, структури на податоци, информациони системи, организација и архитектура на дигитални сметачки машини, оперативни системи, програмски практикум, микропроцесори и микрокомпјутери. На специјалистичките студии за UNESCO-програмата на ИЗИИС држел предавања по основи на информатиката со програ­мирање во FORTRAN 77 на англиски јазик. Д. Николиќ има напишано бројни статии и неколку книги за компјутерско програми­рање. Посебно внимание посветил на проблемот на компјутерската симулација на процесот на сушење на житарки: врши анализа на тенкослојни равенки за сушење во лабораториски услови, симулација на сушење ориз, предлага модел на рамнотежна улога на оризот и кон­тро­ла на процесот на сушење на житарки во реално време. Од 1993 г. престојува на RVB/MSM Maastricht School of Management во Мастрихт, Холандија, како визитинг-професор ангажиран на постдипломски и на докторски студии и е вклу­чен во научни проекти финансирани од холандската влада кои се однесуваат на гео­графски информациони системи. Тој е ментор на неколку докторанди и магистранди од ИИ и член на рецензентски комисии на ННС, иако подолго време не е во работен однос на ПМФ. ...