Navigation
 

Магистер Димитрова Јасмина - Асистент

Родена во Скопје, во 1971 г. Во учебната 1990/91 г. се запишува на Природно-матема­ти­чкиот фа­ку­­лтет (ПМФ) при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, во Скопје, и сту­ди­ра на Институтот за биологија, биохемиско-физиолошка на­сока. Ди­пло­­­мира во 1995 г. со просечен успех 9.61 и прогласена е за сту­дент на генерацијата. Во текот на студиите покажуваизразен интерес за биохе­миската на­ука. Во 1996 г. е примена за стручен сора­ботник на Катедрата за биохемија, во состав на Заводот за физио­ло­гија и био­хе­мија, на Инсти­­ту­тот за биологија при Природно-матема­ти­чкиот факултет. Во учебната 1996/1997 г. се запишува на пост­дипломски студии на Институтот за био­логија (биохемиско-физиолошка насока) при мати­чниот факултет. Испи­тите ги завршува во предви­дениот рок, со успех 9.9. Во звањето по­млад асистент на Заводот за физи­о­­ло­­гија и биохе­мија е избрана во 1999 г., а реизбра­на во 2002 г. при истиот Завод. Маги­сте­рската теза, под на­слов Влијанието на некои не­за­ситени масни киселини и амино киселината аргинин врз липо­про­те­ински­от метаболизам кај хиперхолесте­роле­ми­чни стаорци под ме­нто­р­ство на д-р Б. Ѓошиќ-Марковска ја одбра­ни­ла во 2002 г. Во рамките на професионалите задолжувања во Заводот, ги во­ди пра­кти­кумите по општа биохемија, биохемија I и анимална биохе­ми­ја и клиничка био­хе­ми­ја. Исклучително е посветена на на­ста­вно-педа­го­шката активност. Се ангажира во изработката на многубројни ди­пло­мски ра­бо­ти и учествува во ре­али­зацијата на практичната наста­ва на магисте­рски­те и специја­листичките постдипломски студии на Инсти­ту­тот за био­ло­гија, обе­збе­ду­вајќи стручна помош при изготву­ва­­ње­то на те­зите. Едно од значајните подрачја на истражување на м-р Димитрова-Шумковска се индуцирани алтерации во липидниот метаболизам и коре­ла­циите со кардиоваскуларните и нервно-дегенеративните заболу­ва­ња. Во одговор на потребата за користење на соодветен анимален мо­дел за експе­рименталните истражувања, основа фарма за нов сој на експе­ри­ментални трасгенични животни (Apo E knockout mice) со што зна­чајно придо­не­сув­а за про­ши­рување на научно-истражувачката база на Инстит­утот за био­логија. Активно е вклучена во научно-истражувачката дејност на Инсти­ту­тот за биологија и учесник е во два национални и еден меѓу­на­ро­ден била­­те­рален научноистражувачки про­е­кт. Се јавува како автор и коавтор на научни трудови од областа на био­хемијатаи со свои постер-презентации (15, од кои 3 во земјата) со резултатите од своите истражувања учествува на неколку меѓународни симпозиуми и научни собири.Членува во три стручни, национални асоцијации: Дру­штво на био­лозите на Р. Македонија, Друштво на меди­цин­ски­те биохемичари и Друштвото на физиолози на Р. Маке­до­нија. Список на дел од трудовите во последните 5 години: Dimitrova-Shumkovska, J., Djoshic-Markovska, B., Roganovic, D. and Anastasovska, V. (2006): Effects of different dietary fatty acids supplements upon lipoprotein metabolism and lipid peroxides production in hyperlipidemic rats. Contributions, Sec. Biol.Med. Sci. , MASA, XXVII/1, p.67-87; Anastasovska, V., Djoshic-Markovska, B., Stojkovski, V., Dimitrova-Shumkovska, J. (2004): Erythrocyte glucose-6-phosphate dehydrogena­se activity in laboratory rats treated with Amoxiclav, Lidaprim and 1-chloro-2, 4- dini­tro­­­be­nze­ne. Contributions, Sec. Biol.Med. Sci., MASA, XXVI/1, p. 121-131; Dimitrova-Shumkovska, J and Djoshic-Markovska, B. (2002-2003): Nitric oxide flux and lipid peroxides production in liver of rats exposed to oral administration of L-arginine. G. Zb. Biol. 55-56, p.168-182, Skopje, Republic of Macedonia.Dimitrova­-Shumkovska, J., Djoshic-Markovska, B., Roganovic-Zafirova, D., Belico­vska, K. (2002): The impact of athe­ro­genic diet upon lipoprotein metabolism and cho­l­e­sterol esterification in rat liver. Year­book of the Faculty of Agriculture, vol.47, p.125-148, Skopje, R. of Macedonia. ...