Магистер Христовски Славчо - Асистент

Роден на 29 декември 1973 г. во Охрид каде го завршил основното и средното образование. Во учебната 1992/93 г. се запишал на редовни студии по Биологија, биохемиско-физиолошка насока на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дипломската работа со наслов "Структура и динамика на почвената елатеридна заедница во плос­ка­чево-церовиот дабов екосистем Quercetum frainetto cerris macedonicum во националниот парк Галичица" ја изработил во одделението за анимална екологија. Дипломирал во 1997 г. со просек 9,58. Веднаш по дип­ло­мирањето се запишал на постдипломските студии по биологија, еколошко - таксономска насока. Во 2004 г. ја одбранил магис­тер­ската ра­бо­та под наслов Деградација на мртвата органска материја во буковиот еко­сис­тем Calamintho grandiflorae-Fagetum во националниот парк "Маврово". Како помлад асистент на Заводот за ботаника со Ботаничка градина, на Институтот за биологија при ПМФ - Скопје е вработен во 1998 г. Во 2005 г. е избран во асистент на Институтот за биологија. Во текот на својата работа бил ангажиран со изведувањето на прак­тич­ната настава на Институтот за биологија по повеќе предмети и тоа: еко­логија на растенијата (наставна насока), растителна екофизио­логија (био­хемиско-физиолошка насока), еколошка физиологија на растенијата, терестрични екосистеми и заштита на животната средина (еколошка насока), екологија и заштита на животната средина (двопред­метна насока биологија-хемија), растителна екофизио­логија и биологија за студентите на ИСИЖС. Покрај наставната активност, бил вклучен и во научната пробле­ма­тика со која е пеокупирана лабораторијата по екологија на рас­те­ни­јата и во десетина научноистражувачки проекти. Основно подрачје на интерес е еко­логијата на шумските екосистеми, но во последно време работи и на проб­ле­матиката на биолошката разновидност и нејзината заштита во Р. Македонија. Досега има објавено околу 25 научни трудови во домашни и списанија и зборници од различни научни собири во Македонија и странство. Во тек на студиите бил активен член на Истражувачкото друштво на студенти биолози. Во работата на друштвото бил вклучен од неговото фор­ми­рање, а во 1996 бил негов претседател. Соработката со ИДСБ ја оства­­­рува и денес со помагање на студентите биолози во нивното оспосо­бу­вање за изведување теренски и лабораториски истражувања, како и во пишу­ва­њето на научни трудови. М-р Христовски е секретар на Македонското еколошко друштво (МЕД) - Скопје. Во рамките на активностите на МЕД бил вклучен во изработка на повеќе проекти, издавањето на списанието Екологија и заш­тита на животната средина, како и неколкуте посебни изданија. Учествувал во организацијата на I и II конгрес на еколозите на Македонија со меѓу­народно учество. Активно го зборува англискиот јазик.