|
|
|
Научно-истражувачка дејност на Институтот за физикаФизиката е експериментална и теориска наука, па за научна работа се неопходни определени материјални предуслови, опремени лаборатории што постојано ќе се обновуваат, работилници за изготвување на оригинални уреди, материјални средства за потрошни материјали што не секогаш се евтини, современа библиотека и услови за комуникации. Можностите на Институтот за физика во овој поглед главно биле скромни. Позабележителни вложувања во нова опрема се направени во неколку наврати, во периодот 19541955 (околу 50 000 САД долари со тогашната нивна вредност), во 19691972 (околу 100 000 тогашни САД долари) и во периодот 1993-1996 г. (исто така околу 100 000 САД долари). Од поважната опрема заслужува да се наведат следниве инструменти: дилатометар, апаратура за вакуумско напарување, фотометар за мерење на расејувањето на светлината, криостат за мерења од 70 до 300 К, анализатор на импеданси, систем мултиметар, универзален извор на струја и напон, аргонски ласер, металографски микроскоп, апаратури за ултразвучни мерења, холографска маса и апарат за елипсометрија, компресор, инструменти за прецизно мерење јачина на струја и напон, печка NABERTHERN, монохроматор, He-Ne ласери, Jon-argon ласер 20 mW, осцилоскоп Textronix и осцилоскоп Hewlett-Packard, генератор на висок напон, генератор за правоаголни електрични импулси и повеќе други. Како илустрација за состојбата на нашата библиотека, којашто е единствена од областа на физиката во Македонија, дадени се три графици. Првите два се однесуваат на состојбата до 1996 г. [4]. Левиот го прикажува бројот на купените книги до 1996 г., а десниот бројот на наслови на списанија на кои библиотеката била претплатена во истиот период. Обата графика укажуваат на постојаното влошување на состојбата. На третиот график, долу, е даден бројот на купените книги во последните 10 години. До 2003 г. во библиотеката се добиваа како подарок 5 списанија од источноевропските зенји (Латвија- Latvian Journal of Physical and Technical Csiences, Романија -Reoports in Physics, Словенија - Obzornik za matematiko in Fiziko, Украина и Унгарија -Acta Physica Hungarica). Бројот на потребните списанија е многу мал, а и поради отсуство на постојан библиотекар, последните години не постои евиденција ниту на списанијата што се добиваат со размена. Како што се гледа од третиот график, состојбата не е многу променета и во последниве години. Најголем скок во изминативе години имаше во 2001 г. кога со првиот Темпус-проект беше значајно збогатен библиотечниот фонд,а скок има и во 2006 г. со последниот Темпус -проект. Библиотеката сега располага со9281 книги и 4076 списанија. Институционализирани врски и заедничка работа на одредени теми се остварени со повеќе универзитети. Според нецелосни податоци, соработувано е со универзитетите во: Вороњеж (тенки филмови М. Ристов и Е. П. Домашевскаја); Краков (холографија С. Бахчеванџиев, М. Јоноска и А. Буџак; физика на легури ‡ Г. Мавродиев, С. Стоименов и А. Шитула); Винча (Н Нешковиќ и С. Петровиќ - М. Мијатовиќ, Н.Стојанов); Прага (високотемпературни суперспроводници В. Мицевски и В. Сеховски); Софија (Оптика ‡ А. Андоновски и И. Лалов); Софија (Елена Атанасова и Ненад Новковски); БАН Софија (високотемпературна суперспроводливост - В. Ловчинов, Мавродиев, Стоименов, Мицевски); Харков (В. Песчански, О. Кириченко, Ѓ. Ивановски, О. Галбова, Д. Крстовска); Институт за астрономија при БАН Софија (В. Иванова, Г. Апостоловска); Братислава, Гренобл, Женева, Москва и Ташкент, како и Белград, Битола, Загреб, Љубљана, Приштина и Штип. На Институтот престојувале повеќе гости од други универзитети. Ќе посочиме некои од научниците кои гостувале на Институтот: Милошевиќ (Белград), Мејер (Вашингтон), Домашевскаја, Кукуев, Лукин (Воронеж), Левстик (Љубљана), Буџак, А. Шитула (Краков), Каганов (Москва), Јанусис (Патрас), Лалов, Стоилов (Софија), Мусаханов и Абдумаликов (Ташкент), Ванг (Темпи), Стојчев (Торонто), Валентин Песчански (Харков), Елена Атанасова (БАН, Софија), Жил Богаерт од Политехмичката школа во Париз, Дан Цензор од Факултетот за електротехника и информатика во Израел, Јан Аморо (Велика Британија) и Питер Мелвил (В. Британија), Џим Трефил (САД), Дино Узунов (БАН, Софија), Оља Кириченко (Харков). Индикативен е следниов податок [6]. Во престижниот Science Citation Index за периодот 19801989 г. се регистрирани 262 научни публикации чии автори биле вработени на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и твореле во доменот на природните науки, математиката, техниката, медицинските и биотехничките дисциплини. Од тие 262 труда дури 52 потекнуваат од автори од Факултетот за физика, односно од Институтот за физика, што претставува речиси 20% од сите регистрирани публикации. А според сегашните податоци на МОН, во кои е даден прегледот за периодот 1971 до 2003 г., Институтот за физика е трета институција во Републиката (по Институтот за хемија и Технолошкометалуршкиот фалуктет) според бројот на трудови објавени во SCI списанија, што претставува 7,93% од вкупниот број на публикациите објавени во Републиката. Ако се има предвид колкав бил, а и колкав е денес, бројот на научните работници на Институтот, во споредба со вкупниот број научни работници во Македонија, како и колку е голема наставната и другата стручна активност на Институтот, овој податок може да се респектира.
|
|