Лаборатории   | |  |  | Секое работно место во сите лаборатории за изведување на практични вежби е дел од компјутерската мрежа на факултетот, и има неограничен излез на Интернет. За секое работно место постои посебна машина од класите Pentium III или Pentium IV, чии точни карактеристики се посебно наведени во спецификацијата на опремата.
| Лаб. 145 | DTK, Семос | P3-733 MHz, 192MB RAM 40GB HDD | 20 | | Лаб. 146 | Accent PC | P4 Celeron-2.4 GHz, 256MB RAM 40GB HDD P4 Celeron-1.7 GHz, 256MB RAM 40GB HDD | 10 10 | | Лаб. 147 | DELL | Optiplex GX520 - Pentium D 945 3.4GHz, 512MB RAM, 80GB HDD, DVD, 17" | 21 | | Лаб. 11 | Axi | P3-866 MHz, 256 MB RAM, 40GB HDD, CD, Speakers, 15" | 18 | | Лаб. 14 | DELL | Optiplex GX520 - Pentium 4 - 630HT, 512MB RAM, 80GB HDD, DVD, 17" Optiplex GX520 - Pentium D 945 3.4GHz, 512MB RAM, 80GB HDD, DVD, 17" | 12 8 | | Лаб. 17 | DELL | P4-3 GHz, 1 GB RAM, 80 GB HDD, LCD 15" | 24 |
|  |
Специјализирани лаборатории   | |  |  | Лаборатории за изведување на современа научно-истражувачкадејност по одредени научни дисциплини (области): - Паралелно процесирање, сместена во просторија бр. 3 во Долната зграда на ПМФ,
- Вештачка интелигенција, сместена во просторија бр. 7 во Долната зграда на ПМФ,
- Мултимедијални системи, сместена во просторија бр. 6 во Долната зграда на ПМФ,
- Бази на податоци, сместена во просторија бр. 2 во Долната зграда на ПМФ,
- Компјутерска графика, сместена во просторија бр. 10 во Долната зграда на ПМФ,
- Нумерички и статистички пресметувања, сместена во просторија бр. 18 во Долната зграда на ПМФ.
Секое работно место во сите лаборатории за изведување на научно -истражувачка работа е поврзано на компјутерската мрежа на факултетот, и има пристап до Интернет и другите мрежни ресурси. Во секоја лабораторија е сместена соодветна научно-истражувачка опрема. Простории за изведување далечинско образование: Канцеларија во просторија бр. 20, лабораторија бр. 11 и просторија бр. 10 во Долната зграда на ПМФ, како и секоја од лабораториите за практични вежби, бидејќи се поврзани со мрежата на Факултетот. Центар на Ериксон за безжични апликации: Просторија бр. 313 во доградбата на Горната зграда на ПМФ. Мултимедијално студио и друга опрема: | JVC GY - 500Е | професионална miniDV камера | | JVC HR-DVS1E | видео рекордер S - VHS, MiniDV | | Matrox RT-2500 | video editing картичка | | Creamware Pulsar II | аудио DSP картичка | | Yamaha MOTIF-8 | Workstation Synthesizer | | Neumann TLM-103 | Микрофон | | Neumann KM-184 | Микрофон | | Sennheiser HD - 600 | Слушалки | | Sennheiser HD - 25 - SP | Слушалки | | Proel HAP 10 | headphone distribution amplifier | | TL Audio Ivory VC-5051 | voice processor | | RME Audio ADI8 | аналог- ADAT конвертор | | Yamaha | мониторинг звучници | | Sony 21FT | ТВ |
|  |
|  |  |  | Мрежа   | |  |  | Компјутерската мрежа на Институтот за Информатика е главен составен дел на мрежата на Природно-математичкиот факултет. Структурата на мрежата е во форма на 'рбет кој ги поврзува трите згради на Природно-математичкиот факултет, од кој натаму се шират странични хиерархиски врски по катовите од зградите и по институтите. Рбетот е составен од 6 оптички влакна од кои секое овозможува брзина од минимум од 1Gb/s со можност за идна надоградба до повеќе-гигабитски брзини. Моментално во употреба е само еден канал со брзина од 1Gb/s кој го делат сите институти. Во план е проширување на врските и оспособување на комплетно одделена инфраструктура за секој институт - нешто што постоечката опрема веќе го овозможува. |  |
Сите странични врски на рбетот се со 1Gb брзина, додека долните слоеви во хиерархијата се поврзани со брзина од 100Mb/s и тоа до секој краен компјутер. Серверите на Институтoт формираат посебен блок со брзина на пристап од 1Gb/s. Просториите на Институтот се целосно покриени и со сопствена безжична мрежа со максимална брзина од 108 Mb/s која е реализирана со користење на 5 безжични пристапни точки. Интернет врската Институтот ја остварува преку Универзитетската мрежа и MARNet и тоа како заедничка врска со останатите институти на Природно-математичкиот факултет. Вкупната врска на ПМФ се состои од 1Gb/s како главна врска реализирана со оптички кабли и секундарна односно резервна безжична врска со брзина од 34Mb/s. |  |
Кабинети   | |  |  | Кабинети за наставно-научниот кадар: - Кабинети бр. 1, 3, 4, 9, 15, 16, 18, во долната зграда на ПМФ
- Кабинети бр. 35, 160, 162-167, 308-313 во новата зграда на ПМФ,
- Просторија бр. 144, наменет за серверите во новата зграда на ПМФ,
Секој кабинет е поврзан на компјутерската мрежа на факултетот, и има пристап до Интернет и другите мрежни ресурси. Во секој кабинет за секој вработен е обезбеден сметач, класа Пентиум IV за наставниците, односно Пентиум III или Пентиум IV за соработниците. |  |
|