РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЗА УПИС НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧ.2008/2009 ГОДИНА НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАЛКУТЕТ
| трет рок |
Пријавување на кандидатите | 06.10.2008 |
Објавување резултати од успехот од средно образование | 10.10.2008 |
Објавување на решение за прием на кандидатите | 11.10.2008 |
Запишување на кандидатите | 13.10.2008 |
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА
ВТОРИОТ И ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК
· Во вториот и третиот уписен рок, доколку останат слободни места можат да се запишат и кандидати кои освоиле помалку од 40 поени по сите основи.
· Во вториот и третиот уписен рок, право на конкурирање имаат:
1. Кандидатите со завршена државна матура, кандидатите со завршено средно образование во поранешните години и кандидатите со завршена меѓународна матура;
2. Кандидатите кои положиле државна матура, но имаат несоодветни изборни предмети за студиската програма на која конкурирале;
3. Кандидатите со завршена училишна матура.
· Кандидатите од реден број 1 имаат предност при запишување и меѓусебно рамноправно се рангираат на посебна ранг листа. Доколку останат слободни места по рангирањето на овие кандидати, на посебна ранг листа се рангираат кандидатите од реден број 2, а доколку останат уште слободни места, на посебна ранг листа се рангираат кандидатите од реден број 3.
· Доколку и по рангирањето на кандидатите од сите три категории останат слободни места, на соодветната студиска програма може да се запишат и кандидати кои освоиле помалку од 40 поени по сите основи.