Navigation
 
Journal Content

    Ве информираме дека согласно член 9 од Законот за основање на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (Службен весник на Република Македонија бр. 171, од 30. 12. 2010), потребно е да потпишете изјава за тоа каде ќе го продолжите своето образование – на ФИНКИ или на ПМФ.

            Формуларот со којшто ќе се изјасните за Вашето понатамошно студирање ќе го изготви Министерството за образование и наука на Република Македонија и очекуваме да го достават наредниве денови. Ние Ве молиме, до конечното потпишување, да размислите за Вашата одлука.

            Би сакале да нагласиме дека, без разлика за што ќе се одлучите, тоа нема да влијае на условите и квалитетот на Вашето студирање. Впрочем, тоа е назначено и во член 9 од горенаведениот закон, којшто во целост Ви го пренесуваме.

 Член 9

            Студиските програми на Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика на Факултетот за за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје од студиската 2011/12 ќе продолжат да се остваруваат и во институтите.

            Затекнатите студенти на Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и ниформатика при факултетот за информациски технологии во состав на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од студиската 2011/12 година го продолжуваат своето образование на Факултетот (се мисли на ФИНКИ) или институтите (се мисли на институтитте за информатика при ПМФ и ФЕИТ) според студиската програма по која ги започнале студии.