Натпревар за започнување бизнис
" Биди перспективен започни свој бизнис"
1. Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2013 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/13), Министерството за економија во соработка со одделни релевантни институции го реализира
Проектот - Организирање на натпревар за започнување на бизнис“
под мотото:
“Биди перспективен започни свој бизнис“
кој има за цел поттикнување на претприемничкиот дух и овозможување на студентите и младите претприемачи да се здобијат со поголеми знаења за тоа што значи да се биде претприемач и како крајна цел да се започне сопствен бизнис.
Се покануваат сите студенти и млади претприемачи да аплицираат со идеи кои ќе бидат евалуирани од страна на посебна комисија. Студентите и младите претприемачи чии идеи ќе бидат избрани ќе поминат низ обука составена од 13 модули со цел да бидат адекватно оспособени за преточување на нивните идеи во бизнис план.
После преточувањето на идеите во конкретни бизнис планови студентите и младите претприемачи ќе бидат повикани да конкурират со нивните бизнис планови кои ќе бидат предмет на евалуација од страна на комисијата за евалуација. Целиот проектен циклус ќе заврши со избор на три најдобри бизнис плана кои ќе се презентираат на свечена церемонија во рамките на која ќе им се доделат плакети, ваучери и парични награди со кои ќе се обезбеди техничка и финансиска помош за основање на компанија.
2. Временска рамка на активностите на проектот:
- Пријава на бизнис идеи - до 15.03.2013 година
- Селекција на 30 најдобри идеи - од 15.03 до 22.03. 2013 година
- Обука - од 1.04 до 15.04.2013 година
- Доставување на бизнис планови - до 2.05.2013 година
- Резултати од Комисија за оценка на бизнис плановите - до 15.05.2013 година
- Финале-усна презентација на најдобрите 10 бизнис планови - 22.05.2013 година
- Прогласување победници - Јуни, 2013 година
3. Право на учество имаат студенти и млади претприемачи на возраст до 30 години.
4. Аплицирајте со вашите бизнис идеи со ваша регистрација и со пополнување на формуларот, со што станувате учесник на натпреварот за започнување на бизнис.
Право на аплицирање со бизнис план ќе имаат сите кои сакаат да учествуваат на натпреварот, без разлика дали учествувале на обуките.
5. Критериуми за селекција на бизнис идеи:
-Иновативни 40%
-Профитабилни 30%
-Изводливост 30%