Navigation
 

Научно-истражувачка дејност на Институтот за физика

Основачите на Катедрата за физика се и првите лица што во Македонија се зафа­тиле со научно­истражувачка работа на полето на физиката. Проф. Каталиниќ своите размислувања ги изнел на Основачкото собрание на Друштвото на математичарите и физичарите на Македонија [1]: "Кои правци од научната мисла можат сега да се предвидат и да се планираат, тоа зависи од можноста на самите научни работници што ќе работат во Институтот. Во извесна мера тоа ќе зависи и од оние што ќе предаваат теориска физика. Главно можат да се предвидат овие правци: атомска физика на електронската лушпа и физика на јадрото, космички зраци, магнетизам и електромагнетизам, разнесување на светлината во оптички чистите течности. Особено се поволни условите за развој на оптичките истражувања".
Автори на првата публикувана научна работа се М. Каталиниќ и Б. Марковиќ (од Универзитетот во Загреб). Таа се однесува на појавите на дифракција што се набљудуваат со директна сончева светлина. Објавена е на српскохрватски јазик во 5 Comptes Rendues кои се однесуваат на бакар­ните легури и на нивниот електричен отпор. Во голем степен со овие првични работи се формира­ основната тематика за научни истражувања на вработените во Институтот во подолг период од неговото постоење. публикации во Годишниот зборник на Природно-научниот оддел на Филозофскиот факултет за 1948 г. Заклучно со 1956 г. објавени се уште 15 работи, главно од областа на оптиката, чии автори се Каталиниќ, Спасова, Мозер, Бахче­ван­џиев, Мавродиев и Ристов. Во 1957 и следната година проф. Печијаре, со С. Јансен (од Универзитетот во Париз) објавуви
Физиката е експериментална и теориска наука, па за научна работа се неопходни определени матери­јални предуслови, опремени лаборатории што постојано ќе се обновуваат, работилници за изготвување на ори­ги­нални уреди, материјални средства за потрошни материјали што не секогаш се евтини, современа библи­отека и услови за комуникации. Можностите на Институтот за физика во овој поглед главно биле скромни. Позабележителни вложувања во нова опрема се направени во неколку наврати, во периодот 19541955 (околу 50 000 САД долари со тогашната нивна вредност), во 19691972 (околу 100 000 тогашни САД долари) и во периодот 1993-1996 г. (исто така околу 100 000 САД долари). Од поважната опрема заслужува да се наведат следниве инструменти: дилатометар, апаратура за вакуумско напарување, фотометар за мерење на расејува­њето на светлината, криостат за мерења од 70 до 300 К, анализатор на импеданси, систем мултиметар, уни­вер­за­лен извор на струја и напон, аргонски ласер, металографски микроскоп, апаратури за ултра­звучни мерења, холографска маса и апарат за елипсометрија, компресор, инструменти за прецизно мерење јачина на струја и напон, печка NABERTHERN, монохроматор, He-Ne ласери, Jon-argon ласер 20 mW, осцилоскоп Textronix и осцилоскоп Hewlett-Packard, генератор на висок напон, генератор за правоаголни електрични импулси и повеќе други.                                                                                        
Во текот на 2002 година при Институтот, благодарение на разбирањето на МОН за современите дви­же­ња во науката засновани на концептот [14]. За технолошкото јадро на Институтот се адаптирани и изградени три модерно обликувани и со инсталации обезбедени лабораториски простории. заеднички научен европски простор, формирано е технолошко јадроза добивање и карактеризација на нови и современи материјали, поддржано од реализацијата на институци­оналниот проект реализиран под ист наслов.
Бројот на научни проекти кои се работат на Институтот можеби и не е така мал (види список), но финансиските средства за опрема се многу скромни. Тоа не дава можности опремата да се обновува, да се надградува или модернизира, а ретки се можностите за купување нова опрема. Во 2003 г. е набавен трикомпо­нентен магнетометер, апаратура за статичко и динамичко расејување на светлината со можност за хромато­графска распределба според димензиите на честиците. Во просториите на Институтот е инсталиран и сеизмо­граф за потребите на Сеизмолошката опсерваторија.
Институтот сега поседува повеќе лаборатории за научна работа. Тоа се: лабораторија за добивање тенки филмови (вакуум-напарување и магнетронско распрашување), лабораторија за добивање тенки филмо­ви со спреирање, лабораторија за ДТА, ДДК и дилатометрија, лабораторија за електрично карактери­зирање на материјалите, ултразвучна лабораторија, лабораторија за биофизика и електрооптика на дисперзни системи, холографска лабораторија, компјутерска лабораторија и простор од трите лаборатории каде што е сметено техно­лош­­кото јадро.
Како илустрација за состојбата на нашата библиотека, којашто е единствена од областа на физиката во Македонија, дадени се три графици. Првите два се однесуваат на состојбата до 1996 г. [4]. Левиот го прикажува бројот на купените книги до 1996 г., а десниот бројот на наслови на спи­са­нија на кои библиотеката била претплатена во истиот период. Обата графика укажуваат на постојаното влошување на состојбата. На третиот график, долу, е даден бројот на купените книги во последните 10 години. До 2003 г. во библиотеката се добиваа како подарок 5 списанија од источноевропските зенји (Латвија- Latvian Journal of Physical and Technical Csiences, Романија -Reoports in Physics, Словенија - Obzornik za matematiko in Fiziko, Украина и Унгарија -Acta Physica Hungarica). Бројот на потребните списанија е многу мал, а и поради отсуство на постојан библиотекар, последните години не постои евиденција ниту на списанијата што се добиваат со размена. Како што се гледа од третиот график, состојбата не е многу променета и во последниве години. Најголем скок во изминативе години имаше во 2001 г. кога со првиот Темпус-проект беше значајно збогатен библиотечниот фонд,а скок има и во 2006 г. со последниот Темпус -проект. Библиотеката сега располага со9281 книги и 4076 списанија.

 
На Институтот моментално се работи на следнава научна проблематика: изучување на депозицијата на тешки метали и елементи во траги на територијата на Република Македонија; физика на квантномеханички­те осцилаторни системи; теорија на адијабатските процеси во едноставни квантномеханички системи; ; добивање и испитување на дифрак­циониоптички елементи; електрично карактеризирање на тенки изолаторски филмови;астрометриски и фотоме­триски истражувања на астероиди; астрофизички истражувања.теориски проблеми од физиката на цврсти тела; електронска теорија на спроводните средини; физика на тенки полуспроводни филмови; методика на наставата по физика; ултразвучни испитувања; дисипативни системи и нивниот Ли-допустлив третмент; хадронска механика; квантна механика на непотенцијални интеракции и на неутрални честици; интерференциони и дифракциони истражувања на дводимензионални оптички елементи; квантномеханички и статистички истражувања на еднодимензионални магнетни системи; електрооптика на дисперзни системи; ултратенки диелектрици во микроелектрониката
Во однос на апликативните активности на Институтот постои висок степен на резервираност. Досега, за потребите на стопанството се вршени испитувања на: термичката спроводливост на градежните материјали, точката на топење и на горење (запаливост) на материјалите, тестирање на огледала, испитување на сончевите колектори, спектралните карактеристики на светлечки тела и др. Во последните неколку години е работено и на еден апликативен проект од метеорологијата.
Постдипломските студии по физика започнаа во 1969 г. и тие се меѓу првите што се организирани на нашиот Универзитет. Во тоа време беа добиени и позначителни средства од Југословенскиот сојузен фонд за научни дејности, што беа употребени за набавка на опрема. Студиите тогаш се организираа во две насоки: физика на тврдо тело и физичка оптика. По­крај професори од Институтот, во наставата беа вклучени и професори од други институции: проф. Стево Трајков од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, проф. Катарина Крањц и проф. Владис Вујновиќ од Свеучилиштето во Загреб и проф. Божидар Милиќ од Белград­скиот универзитет. Првите магистерски дисертации се одбранети во 1972 г. (Љ. Пет­ковски, "Испитување на коефициентот на термоелектромоторната сила на легурите од системот оло­во-бизмут во врска со дијаграмата на состојба", М. Јоноска, "Муаре-фигури на синусоидал­ни мрежички"). Подоцна беа отворени уште три насоки за постдипломско студирање: насока за сончева енергија (1981), насока за теориска физика (1988) и во 2001 г. насока методика на наставата по физика[16]. Постдипломските студии до 30.9.2006 г. ги завршиле 53 магистри на физички науки. Поради малиот број постдипломци, во поново време наставата за овие студии не е изведу­вана.
Институционализирани врски и заедничка работа на одредени теми се остварени со повеќе универзитети. Според нецелосни податоци, соработувано е со универзитетите во: Вороњеж (тенки филмови М. Ристов и Е. П. Дома­шев­ска­ја); Краков (холографија С. Бахчеванџиев, М. Јоноска и А. Буџак; физика на легури ‡ Г. Мавродиев, С. Стоименов и А. Шитула); Винча (Н Нешковиќ и С. Петровиќ - М. Мијатовиќ, Н.Стојанов); Прага (високотемпературни суперспроводници В. Мицевски и В. Сеховски); Софија (Оптика ‡ А. Андоновски и И. Лалов); Софија (Елена Атанасова и Ненад Новковски); БАН Софија (високотемпературна суперспроводливост - В. Ловчинов, Мавродиев, Стоименов, Мицевски); Харков (В. Песчански, О. Кириченко, Ѓ. Ивановски, О. Галбова, Д. Крстовска); Институт за астрономија при БАН Софија (В. Иванова, Г. Апостоловска); Братислава, Гренобл, Женева, Москва и Ташкент, како и Белград, Битола, Загреб, Љубљана, Приштина и Штип.
На предлог на Институтот за физика, Универзитетскиот сенат на 27.10 1999 г. донесе одлука за доделување звање почесен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (professor honoris causa) на проф. д-р Анджеј Шитула од Јагиелонскиот универзитет во Краков, Република Полска. Ова високо признание е доделено за придонесот што афирмираниот проф. Шитула го дал во развојот на научноистражувачка и апликативната дејност на ПМФ и на Институтот за физика, за неговото залагање за научно афирмирање на Република Македонија и за вклучување на Институтот за физика во меѓународни проекти, како и за придо­несот за едукација на кадри од Институтот.
На Институтот престојувале повеќе гости од други универзитети. Ќе посочиме некои од научниците кои гостувале на Институтот: Милошевиќ (Белград), Мејер (Вашингтон), Домашевскаја, Кукуев, Лукин (Воронеж), Левстик (Љубљана), Буџак, А. Шитула (Краков), Каганов (Москва), Јанусис (Патрас), Лалов, Стоилов (Софија), Мусаханов и Абдумаликов (Ташкент), Ванг (Темпи), Стојчев (Торонто), Валентин Песчански (Харков), Елена Атанасова (БАН, Софија), Жил Богаерт од Политехмичката школа во Париз, Дан Цензор од Факултетот за електротехника и информатика во Израел, Јан Аморо (Велика Британија) и Питер Мелвил (В. Британија), Џим Трефил (САД), Дино Узунов (БАН, Софија), Оља Кириченко (Харков).
Резултатите од научната работа се публикувани главно во одделни статии. Најцелосна библиографија, којашто ги вклучува публикациите објавени заклучно со 1988 г., е из­ра­ботена од Љ. Јаниќијевиќ [5]. Таа опфаќа 431 наслов. Во [6] се содржи библиографијата само на теориските работи објавени заклучно со 1989 г. и во неа се наведени 242 статии (неколку од нив се од автори што не работеле на ПМФ). За научната работа во Македонија Љ. Јаниќијевиќ пишувала и во 2000 г. [18]. На погоре прикажаниот график, во периоди од по пет години, се дадени бројките на публикациите во домашни списанија, во странски списанија (заедно со тие објавени во зборници на меѓународни конференции) и вкупниот број публикации. За периодот до 1996 бројките за публикациите се преземени од статијата [18] и тие се однесуваат на публицирани трудови на автори од цела Македонија. За последните години, почнувајќи од 1996 до септемвриè подостапни за светската научна јавност. 2006, прикажан е бројот на публикациите добиен од членовите на Институтот, кој не е сосема целосен.Од овој график се забележува дека во декадата 1996-2006 г. значително се зголемил бројот на трудовите во странство и тој број е поголем од публикациите печатени во домашните списанија. Нивниот однос е 227:144.Ако се има предвид дека научните трудови и во домашните списанија делумно се печатат на англиски јазик, може да се заклучи дека резултатите од научната работа на членовите на Институтот стануваат с
Врз основа на бројот на публикации објавени во последните години може да се процени дека вработените на Институтот за фи­зи­ка досега објавиле околу 980 научни трудови. Најголемиот дел од нив до скоро беа објавувани во Physica Macedonica што се издава од Институтот за физика и во Билтенот што го издава Друштвото на фи­зичарите на Македонија.На истиот начин може да се дојде до процена дека околу 400статии се објавени од меѓународни издавачи, главно во познати меѓународни списанија или зборници од меѓународни конференции. Годишниот зборник, односно

Индикативен е следниов податок [6]. Во престижниот Science Citation Index за пери­одот 19801989 г. се регистрирани 262 научни публикации чии автори биле вработени на Уни­верзитетот "Св. Кирил и Методиј" и твореле во доменот на природните науки, математиката, техниката, медицинските и биотехничките дисциплини. Од тие 262 труда дури 52 потекнуваат од автори од Факултетот за физика, односно од Институтот за физика, што претставува речиси 20% од сите регистрирани публикации. А според сегашните податоци на МОН, во кои е даден прегледот за периодот 1971 до 2003 г., Институтот за физика е трета институција во Републиката (по Институтот за хемија и Технолошкометалуршкиот фалуктет) според бројот на трудови објавени во SCI списанија, што претставува 7,93% од вкупниот број на публикациите објавени во Републиката. Ако се има предвид колкав бил, а и колкав е денес, бројот на научните работници на Институтот, во споредба со вкупниот број научни работници во Македонија, како и колку е голема наставната и другата стручна активност на Институтот, овој податок може да се респектира.