Navigation
 

Научно-истражувачка дејност на Институтот за хемија

Научни подрачја
Престојот на наши наставно-научни работници во други центри во тогашна Југославија и во светот резултирал со донесување проблематика на која про­дол­жувале да работат не само тие работници, туку и нивните соработ­ни­ци и следбеници. Се раз­бира, постојат научноистражувачки активности започнати и на самиот Институт. Преку анализа на научноистражувачката активност на наставно-научните работници на Институтот може да се види дека првите години од постоењето на Институтот била посветени на неговото формирање, на организација на наставата, а наскоро потоа се започнато и со научна работа. Првата статија е објавена во 1953 г. од страна на професорот Г. Флумиани, а во наредните десетина години биле објавувани по неколку статии годишно. Потоа следи еден релативно стабилен период (1964-1985 г.) во кој се објавувале по 10-15 трудови годишно. Од 1986 г. па сè до 2002 г. следи период на константно зго­ле­мување на бројот на објавени трудови, којшто достигнува максимум од околу 80-100 труда годишно. Во последните неколку години овој број се стабилизира на околу 60 труда годишно. За посебно обележување е фактот што во изминатите дваесетина години значително се зголеми бројот на трудови објавени во меѓу­на­родни списанија (посебно во оние со фактор на влијание). На тој начин, Институтот за хемија стана пре­поз­натлив и во меѓународни рамки. Така, според податоците од Министерството за образование и наука на Република Македонија, бројот на објавените трудови од наставно-научните работници на Институтот во спи­са­нија со фактор на влијание изнесува околу 28 % од вкупниот број трудови објавени во вакви списанија од страна на сите истражувачи во Република Македонија. Треба да се напомене дека во периодот на изми­на­ти­ве 60 години вработените на Институтот за хемија објавиле вкупно 1464 научни труда. Од нив, 929 труда (65 %) се отпечатени во списанија издавани надвор од Македонија. Од овие, пак, 823 се печатени во научни спи­­са­ни­ја, а 106 во зборници на трудови од меѓународни научни собири. Преостанатите 535 биб­ли­о­граф­ски еди­ни­ци (35 %) ги сочинуваат 435 труда објавени во научни списанија во Македонија и 100 труда во зборници на тру­до­ви од научни манифестации одржани во Македо­ни­ја. Посебно заслужува да се одбележи фактот дека, според Science Citation Index, 617 труда (42 %) се објавени во списанија со фактор на влијание (impact factor – IF).
Судејќи според продукцијата и резултатите што се постигнати и забележени од стра­на на научната јавност, една од нај­активните истражувачки групи е гру­пата за струк­турна хе­мија. Во оваа група работат членови од сите четири заводи на Ин­сти­тутот. Истражувањата започ­наа на полето на инфрацрве­ната спек­тро­­ско­пија (проблема­тика што на Институтот прв ја донел проф. Иван Петров, а многу се развила со зас­лу­га и со го­ле­мо ангажи­рање на проф. Бојан Шоптра­јанов), за потоа да се прошират и на полето на рен­дген­ска­та дифракција (проблематика со која најмногу се занимава академик Глигор Јовановски) и раман­ска­та спектро­скопија (со оваа област најмногу се занимава проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова). Забе­ле­жи­тел­ни резул­тати на полето на вибрационата спектроскопија постигнал проф. Владимир Петрушевски, а со ин­фра­црве­на спектроскопија успешно се занимаваат и професорите Лилјана Андреева, Мирјана Ристова, Киро Сто­ја­носки, Мира Трпковска, Виктор Стефов, доцент Љупчо Пејов и асистентите Владимир Ивановски и Петре Макрески.
Резултатите (кои, по правило, се објаву­ваат во интернационални списанија) се за­бе­лежени и доста цитирани од други истражувачи.
Поради тоа што пред­мет на изучување претставуваат главно соединенија во цврста сос­­тојба, започ­наа истражувања насочени кон определување на кристалните струк­тури (наш прв кристалограф е проф. Глигор Јовановски, потоа со кристало­граф­ски проблеми се занимава и проф. Орхидеја Групче, а во последно време извонредно успешно со оваа проблематика се занимава насловниот доцент Панче Наумов). И на ова поле се пос­тигнати и обја­ве­ни (пов­торно ‡ во интернационални списанија) бројни, мошне интересни и забележани резул­та­ти.
За посебно обележување е и интензивната работа на групата што ја предводи академик Глигор Јовановски поврзана со испитувањата на минералите од Република Македонија. Притоа, застапени се повеќе аспекти на истражувањата на минералите (вибрациона спектроскопија, минералогија, анализа на елементи во траги итн.). Како резлутат на активностите на оваа група во просториите на Институтот за хемија создадена е збирка на минерали од Република Македонија, а оформена е и минералошка лабораторија. 
 
Дел од зирката на минерали од Република Македонија  
Членовите на групата за струк­турна хемија одржу­ваат тесни контакти со други истра­жувачки групи во светот, а постојат (или биле работени) и заеднички истражувачки проекти со групи од Упсала (Шведска), Лондон (Велика Британија), Хале и Зиген (Германија), Софија (Буга­рија), Загреб (Хрватска), Љубљана (Словенија), Истанбул (Турција). Од оваа об­ласт се одбранети повеќе магистерски тези и докто­рати.
Резултатите на членовите на групата за структурна хемија се и пошироко познати, за што збо­рува и нивното ангажирање во меѓународни проекти, поканите за учес­тво во комисии за одбрана на докторски дисертации надвор од Скопје (Бојан Шоптрајанов во Загреб и во Љубљана, Глигор Јовановски и Благоја Јорданоски во Загреб), учеството во рецензентски комисии за избор на наставници надвор од Скоп­је итн. Впрочем, и двајца академици се од областа на хемиските науки: проф. Бојан Шоп­трајанов (избран за дописен член на МАНУ во 1994 г., а за редовен во 1996 г.) и проф. Глигор Јовановски (избран во 2006 г.).
                Спектроскопски методи (ултравиолетова и видлива спектроскопија) се користени и над­вор од истражувачките рамки на групата за структурна хеми­ја (проф. Лидија Шоптра­јанова, проф. Илинка Спиревска, проф. Благоја Андоновски, д-р Горан Стојковиќ), на пр. за следење и за определување на константите на рамнотежа на не­кои реакции, како и за изу­чување на реакциите на прото­ни­рање.
Вистински и голем чекор напред во областа на инструменталната ана­л­и­тичка хемија (и, по­спе­цијално, атомската апсорпциона анализа) прет­ста­вуваат истражувањата за воведување нови и за моди­фи­кација на постојните методи за кван­ти­та­тивни испитувања елементи во траги ("прв чо­век" во оваа област е проф. Трајче Стафилов). Опусот од повеќе од стотина трудови за непол­ни дваесет години (ре­чи­­си две третини од нив се објавени во реномирани интерна­ционални списа­нија) е факт што говори сам за себе. Раководителот на тимот бил и коорди­натор на макро­про­ектот LOREX. Во оваа група е забележителна и актив­носта врз проблемите за заштита на око­лината, посебно во развојот на методи за определување на елементи во траги во води, почви, храна, биолошки материјал и друго. Во рамките на оваа група свој значителен придонес има и проф. Катарина Чундева. За обележување е и добрата опременост на лабораторијата за атомска апсорпциона спектрометрија како резултат на донацијата на Европската агенција за реконструкција и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Во рамките на работата на оваа група до сега се одбранети поголем број докторски дисертации и магистерски и специјалистички трудови.
Како продолжение на работата врз опсежните анализи на составот на водата за пи­ење од различни региони (проблематика на која прв почнал да работи проф. Димче Тошев), на Ин­ститутот постои и група што се занимава со подготвување и примена на јоноселективни елек­тро­ди (прв во оваа област почнал да работи проф. Методија Димески а се вклучени и проф. Благоја Топузовски, проф. Круме Калајџиевски). И од оваа област се презен­ти­рани резултати, одбранети се два доктората и неколку магистерски трудови.
 
 
 
Лабораторија за атомска апсорпциона спектрометрија
 
Од другите електрохемиски методи најголема традиција има поларо­графијата (кај нас во­ве­дена од проф. Благоја Топузовски). Изучувањата биле ори­ен­тирани главно кон испиту­ва­ње на стабилноста на метални комплекси и во аналитички цели. Во последно време се во­ве­ду­ваат и други методи, како што е анодната stripping волтаметрија (проф. Марија Георгиева) и квадратнобрановата волтаметрија (тука активност пројавиле Благоја Јорданоски, Симка Петровска-Јовановиќ, Илин­ка Спиревска и Корнелија Стојанова со соработниците). Со електро­хе­миски методи се за­ни­маваат членови од сите заводи, освен од Заводот за ор­ганска хемија. Од оваа об­ласт се одбранети неколку докторати и магис­терски тру­дови.
За обележување е што во последните десетина година во оваа област интензивни истражувања се реализирани од страна на доц. Валентин Мирчески во соработка со познатите центри за електрохемија во Грајсвалд (Германија), Загреб (Хрватска) и Брест (Франција). Како резултат на оваа активност, доц. Мирчески е добитник на престижната германска стипендија “Alexander von Humboldt”, а има реализирано и двогодишни постдокторски студии на Универзитетот во Грајвсвалд, Република Германија. Кон оваа група се приклучи и насловниот доцент Рубин Гулабоски. Истражувањата на групата се главно посветени наразвојот на теоријата на волтамметриските техники и моделирањето на разни електродни механизми, како и на проучувањето на феномените на пренос на јони низ течна меѓугранична фаза, како модел за јонските реакции низ мембраните на клетките. Освен тоа, се работи и на полето намолекуларно-динамичките симулации и на студирањето на интеракциите помеѓу биолошки активни супстанци со волтамметриски и импендансни методи.
На Институтот за хемија веќе поодамна се афирмира група (под рако­вод­­ство на проф. Иван Грозданов) која работи на приготвување и испитување на својствата на тенки фил­мови, при што се пос­тигнати плодни резултати, објавени во ин­тер­национални спи­са­нија. Од оваа област се одбранети и две доктор­ски и две магистерски тези. Овие истражувања успешно ги продолжуваат доц. Методија Најдоски и д-р Билјана Пејова.
Истражувања се вршени и во областа на термичката анализа (започнати од проф. Даринка Коцева) и од ова подрачје се одбранети три докторски и два магистерски труда. Посебен придонес во оваа проб­ле­ма­ти­ка има дадено проф. Вера Јорданоска, преку публицирање на голем број тру­дови во интернационални списанија од оваа област. На ова поле работи и проф. Илинка Донова.
Истражувањата во кои се применуваат методите на синтетичката хе­мија имаат голема тра­диција на Институтот. Во органската хемија се работи на синтези и на изучување на свој­ства­та на поли­оксосоединенија (под­рач­је со кое прв почнал да се занимава покојниот проф. Јо­сиф Јан­чулев), реакции на окси­дација - област во која се постигнати видни резултати (спе­ци­јалност на проф. Бојан Подолешов) и синтези на амиди, тиоамиди и сродни соединенија (тука најголема активност покажале проф. Мирослава Јанчевска-Николовска и нејзините сора­бот­ници). Овие истражувања подоцна ги продолжија проф. Василка Алексиќ, проф. Лилјана Јовевска, проф. Фроса Анастасова, проф. Иванчо Јанев, м-р Наташа Ристовска и други.
 
 
 
Лабораторија за електрохемија
 
Во подрачјето на синтетичката неорганска хемија, главно се работи врз синтезата и изучувањето на двојни соли и комплексни соединенија (меѓу првите истражувачи е проф. Ве­ра Јордановска). Честопати се синтетизираат и нови лиганди (предимно органски). Така, под­рачјата на неорганската и органската син­те­тич­ка хемија се заемно испреплетени, а изучу­ва­њето на комплексите со различни физичко-хемиски методи ги доближува овие истражу­вања до истражувањата со кои се занимаваат членовите на групата за структурна хемија. Постојат, се­како, при­мери на сора­ботка и заеднички публикации од членови на раз­лич­ни истра­жу­вач­ки групи.
На Институтот за хемија во последните десетина години се разви и групата за хроматографија во чиј развој свој голем удел има доц. Марина Стефова, а вклучени се и проф. Зоран Здравковски, проф. Трајче Стафилов, проф. Симка Петровска-Јовановиќ и м-р Валентина Павлова.
Првичните истражувања од областа на теоретската хемија во Маке­донија (започнати од проф. Богдан Богданов) во последно време се значи­телно про­длабочени (придонес на проф. Зоран Здравковски). За неполни три годи­ни се публикувани триесетина трудови во врв­ни интерна­цио­нални списа­нија - резул­тат што претставува своевиден рекорд кај нас. Во последните години со оваа проблематика интензивно се занимава доц. Љупчо Пејов кој за кратко време публикувал 60-тина трудови во интернационални списанија, кои од своја страна, се забележани од научната јавност, што се гледа од големиот број цитати. Негов интерес се квантно­ме­ханичкото ab initio моделирање, динамиката на интрамолекуларните торзиони движења, молекуларната спек­­троскопија на системи во цврста и во течна фаза, проблемот на вибрациониот Штарков ефект, латен­тна­та симетрија и фермиевската резонанца, водородното сврзување, Jahn-Teller-овските системи. 
Забележан е интересот за примената на микросметачите во образо­ванието по хемија, од страна на неколку истражувачи на Институтот (први биле Бојан Шоптрајанов, Владимир Петру­шевски и Лидија Шоптрајанова, но поза­бе­лежителни резултати во оваа област пос­тиг­нал Зоран Здрав­ковски, нас­тавник задол­жен за специјализираниот курс - информатика за хе­ми­­ча­ри). Зоран Здрав­ковски е првиот што ја афирмирал македонската хемија на ком­пју­тер­ската мрежа Internet.
Треба да се спомене и фактот што во последните десетина години проф. Владимир Петрушевски, заедно со доц. Методија Најдоски и соработниците, се вклучија со својата работа на полето на наставната хемија објавувајќи поголем број трудови од областа на експериментите во наставата по хемија, како и од методиката во наставата по хемија.
 
Научноистражувачки проекти
Доста јасна слика за научната активност на членовите на Институтот може да се добие од бројните научноистражувачки проекти што биле пријавени и работени под фир­мата на Инсти­тутот, односно на Хемискиот факултет. Постоеле и постојат и проекти во кои биле вклучени одделни научни работници од Институтот/Факултетот, но во кои носител била друга институција. Во последно време значитена научно­истра­жу­вачка активност се реализира преку меѓународни проекти, во кои доминираат билатералните, па така, истражувачите од Институтот, со студиските престои во странски лаборатории, се стекнуваат со можност да користат инструменти кои се недостапни во Република Македонија.
Како што може да се види, работени се стотина проекти. За оние што се подолу наброени, а се однесуваат на проекти работени во последните десет години, дадени се насловот, го­ди­ната на завршување и раководите­лот на проектот.
Практично сите проекти, дури и оние кои се со меѓународен карактер, се финансирани (це­лосно или делумно) од извори во Македонија.
                Во периодот од 1996 до 2006 г. на Институтот за хемија реализирани се следните научноистра­жувач­ки проекти: 
 
1.       Ефектот на оловото во текот на бременоста врз некои биохемиски параметри кај фетусот, раководител проф. д-р Илинка Спиревска (1996–1998).
2.       Моделирање на хемиски системи со молекуларно-механички и квантномеханички методи, раководител проф. д-р раководител Зоран Зравковски (1996–1998).
3.       Тенки слоеви од неоргански материјали: приготвување, карактеризација и нови примени, раководител проф. д-р Иван Грозданов (1996–1998).
4.       Спектроскопски испитувања на клатрати и аквакомплекси, раководител Биљана Минчева-Шукарова (1996-1998).
5.       Примена на квадратно-брановата волтаметриска метода за квантитативно определување на некои микро елементи, раководител проф. д-р Симка Петровска-Јовановиќ (1996–1999).
6.       Системи од изоструктурни и изотипни соединенија - спектроскопски, структурни и теориски истражу­ва­ња, раководител проф. д-р Владимир Петрушевски (1997–2000).
7.       Студија на електрохемиското однесување и корелација со фармаколошките особини на некои органски соединенија, раководител проф. д-р Благоја Јорданоски (1997–2000).
8.       Синтеза, структурни испитувања и квантно-механички пресметки за некои сахаринатни соли и комплекси со пиридин, 2,2-бипиридин и о-фенантролин, раководител проф. д-р Орхидеја Групче (1997–2000).
9.       Изучување на биохемиски системи од макромолекули и нивната интеракција со мали лиганди и метални јони, раководител проф. д-р Киро Стојаноски (1997–2000).
10.    Употреба на талиумови минерали како детектори на сончеви неутрина. Испитувања од областа на аналитичката хемија, раководител проф. д-р Трајче Стафилов (1997–2000).
11.    Изучување на индоли и слаби органски киселини и разработка на аналитички методи за нивно опре­делу­ва­ње, раководител проф. д-р Илинка Спиревска (1997–2000).
12.    Изучување на уринарни калкулуси со помош на фурие-трансформна инфрацрвена спектрометрија и раз­вој на методи за нивна квалитативна и квантитативна анализа, раководител проф. д-р Мира Трпковска (1997–2000).
13.    Метални минерали од Македонија - спектроскопска и структурна карактеризација, раководител проф. д-р Глигор Јовановски (1998–2000).
14.    Експериментални и теоретски студии на кристалохидрати и хидроксиди, раководител проф. д-р Бојан Шоптрајанов (1999–2001).
15.    Синтеза и испитувања на некои соединенија на ураниумот, раководител проф. д-р Илинка Донова (1999–2001).
16.    Системи од изоструктурни и изотипни соединенија - спектроскопски, структурни и теориски истражува­ња, раководител проф. д-р Владимир Петрушевски (2000–2003).
17.    Проучување на редокс процеси на урацили со современи волтаметриски методи, раководител проф. д-р Корнелија Стојанова (2000–2003).
18.    Разработка на HPCL методи за определување на пестициди кои се применуваат во лозарството, раково­ди­тел проф. д-р Симка Петровска-Јовановиќ (2000–2003).
19.    Развој на квалитативни и квантитативни методи за анализа на плунковни камења со помош на Фурие-трансформна инфрацрвена спектрометрија, раководител проф. д-р Мирјана Ристова (2000–2003).
20.    Испитување на карбонати и нивно заемно дејство со разни неоргански киселини, раководител проф. д-р Виктор Стефов (2000–2003).
21.    Концентрирање и определување на тешки метали во водени матрици, проф. д-р Катерина Чундева (2000–2003).
22.    Развивање на хемиски техники за наталожување на тенки слоеви од корисни неоргански материјали, нивна карактеризација и примена, раководител проф. д-р Иван Грозданов (2000–2003).
23.    Експериментални и теориски испитувања на интеракциите гостин-домаќин кај некои клатрати, раководител проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова (2000–2003).
24.    Употреба на талиумови минерали како детектори на неутриното со потекло од сонцето. Испитувања од областа на аналитичката и структурната хемија, проф. д-р Трајче Стафилов (2000–2003).
25.    Минерали од Македонија - спектроскопска и структурна карактеризација, раководител проф. д-р Глигор Јовановски (2001–2004).
26.    Развој на хемометриски методи за определување на составот на уринарни калкулуси, раководител проф. д-р Мира Трпковска (2001–2004).
27.    Синтеза и преклинички испитувања на тио деривати на бензоил меркаптоацетил триглицин, раководител проф. д-р Богдан Богданов (2001–2004).
28.    Оптимизација на услови за поставување на аналитички методи за определување на органски киселини и индоли за различни обрасци, раководител проф. д-р Илинка Спиревска (2001–2004).
29.    Теориски аспекти на стабилноста на тешко разградливи органски загадувачи присутни во нашата животна средина, раководител проф. д-р Зоран Здравковски (2001–2004).
30.    Синтеза, структурни испитувања и квантно-механички пресметки на некои сахаринатни соли и ком­плек­си со различни N-донорни бази, раководител проф. д-р Орхидеја Групче (2001–2004).
31.    Развивање на нови ектроаналитички методи за определување на благородни метали", раководител проф. д-р Марија Георгиева (2001–2004).
32.    Структурни корелации и испитување на својствата на соединенија од типот на перовскит, раководител проф. д-р Слоботка Алексовска (2001–2004).
33.    Квантно-механички и експериментални испитувања на различни биомолекули, раководител проф. д-р Киро Стојаноски (2001–2004).
34.    Синтеза на некои хетероциклични соединенија со антиканцерогена активност, испитување на нивната структура и корелација помеѓу структурата и активноста, раководител доц. д-р Фроса Анастасова (2003–2006).
35.    Студија на пренос на електричен полнеж низ гранична површина помеѓу две немешливи течности со примена на трифазни електроди, раководител доц. д-р Валентин Мирчески (2003–2006).
36.    Структурни испитувања на сахарин, некои негови соли, комплекси и деривати. Модели на физиолошки важни интеракции, раководител проф. д-р Орхидеја Групче (2006–2009).
37.    Примена на некои нови флотациони техники за аналитички цели, раководител проф. д-р Катарина Чундева (2006–2009).
38.    Развој на аналитички методи за определување на траги од метали и лекови во биолошки материјали, раководител проф. д-р Трајче Стафилов (2006–2009).
39.    Силикатни минерали од Македонија-идентификација и систематизација, раководител проф. д-р Глигор Јовановски (2006–2009).
40.    Хемиска и сонохемиска депозиција на полуспроводливи нанокристали, раководител проф. д-р Иван Грозданов (2006–2009).
41.    Примена на спектроскопски методи за испитување на пигменти во автомобилските бои, синтетичките и природните влакна, раководител проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова (2006–2009).
42.    Експериментални и теориски испитувања на неконвалентно сврзани молекуларни кластери релевцантни за биомедицинските феномени, молекуларното препознавање, атмосферската хемија, инженерството на кристали и каталитичките процеси, раководител доц. д-р Љупчо Пејов (2006–2009).
43.    Испитување на различни биолошки флуиди со електрофоретски методи, раководител проф. д-р Киро Стојановски (2006–2009).
44.    Детекција на сочеви неутрина со талиумови минерали, македонско-словенечки проект, раководител проф. д-р Трајче Стафилов (1997–1999).
45.    Карактеризација на геохемиски детектор на сончеви неутрина, македонско-словенечки проект, раководител проф. д-р Трајче Стафилов (2000–2001).
46.    Експериментални и теориски испитувања на интеракциите гостин-домаќин кај некои клатрати, македонско-турски проект, раководител проф. д-р Билјана Минчева Шукарова(2000–2003).
47.    Спектроскопски манифестации врз структурните карактеристики на некои инклузиони соединенија, македонско-турски проект, раководител проф. д-р Билјана Минчева Шукарова(2003–2005).
48.    Развивање на нови методи за концентрирање на тешки метали при анализа на води, македонско-турски проект, раководител проф. д-р Катарина Чундева(2002–2003).
49.    Теориско и експериментално изучување на хемиските и фотохемиските трансформации на пестицидите и други тешко разградливи органски загадувачи во животната средина, македонско-француски проект, раководител проф. д-р Зоран Здравковски (2004–2006).
50.    Разработка и примена на хроматографски и волтаметриски методи за определување на дроги од групата на кокаин и амфетамини, македонско-хрватски проект, раководител проф. д-р Симка Петровска-Јовановиќ (2005–2006).
51.     Минерали од Македонија - спектроскопска и структурна карактеризација, македонско-хрватски проект, , раководител акад. Глигор Јовановски (2005–2006).
52.     Хемиски состав на минералите од Република Македонија, македонско-словенечки проект, раководител проф. д-р Трајче Стафилов (2005–2006).
53.     Квантитативни структура - активност релации кај ХИВ-1 инхибирачки молекули, македонско-словенечки проект, раководител проф. д-р Мира Трпковска (2005-2006)
54.     Експериментални и квантно-теориски студии на неоргански материјали и процеси релевантни за ката­ли­за­та, македонско-словенечки проект, раководител проф. д-р Владимир Петрушевски (2005-2006).
55.Развој на методи за опре­делување на хе­мис­ки­те форми на токсич­ни и есенци­јални еле­менти во прех­ран­бени производи и примероци од животната среди­на, македонско-бугарски проект, раководител проф. д-р Катарина Чундева (2005–2007).
56.    Квантитативна студија на процесите на интеракција на пестицидите со органски материи во природни води, македонско-француски проект, раководител проф. д-р Зоран Здравковски (2006–2007).
57.Нови електрохемиски методи за проучување на термодинамиката и кинетиката на пренос на јони и елек­тро­ни помеѓу две немешливи течности, македонско-француски проект, раководител доц. д-р Валентин Мирчески (2006–2007).
58.Хемиска карактеризација на диворастеч­ки медицински и ароматични растенија од фам. Lamiaceae и оценка на можностите за нивно култивира­ње, македонско-бугарски проект, раководител доц. д-р Марина Стефова (2005–2007).
59.Синтеза, структурна и спектроскопска карактеризација на метални фосфати со потенцијални протон спроводнички својства, македонско-бугарски проект, раководител проф. д-р Виктор (2006–2008).
60.Испитување на структурата и својствата на соединенија со специфични електрични и магнетни карак­те­рис­тики, македонско-бугарски проект, раководител проф. д-р Слоботка Алексовска (2006–2008).
61.    Study of the host-guest interactions in clathrates and related systems, NATO Science program, раководител проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова, 2001–2004.
62.    Integrative computational chemistry), COST G-8 проект, раководител доц. д-р Љупчо Пејов (2004-2006).
63.    Non-destructive analysis and testing of museum objects, COST G-8 проект, раководител проф. д-р Орхидеја Групче (2005-2006).
64.    Teaching and Learning Bioanalysis, CEEPUS проект, раководител проф. д-р Трајче Стафилов (2006–2007).
65.    Chemical interactions between cultural artefacts and indoor environment (EnviArt), COST D42 проект, рако­во­ди­тели проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова и проф. д-р Орхидеја Групче (2006–2010).
66.    Reinforcement of the research capacities of the spectroscopy laboratory for archaeometry, Sixth Framework Programme, FP6-2005-INCO-WBC/SSA-3, раководител проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова (2006–2008).
 
Предавања во странство
 
Членови на Институтот ги претставувале резултатите од својата научна работа не само на на­учни манифестации, туку и преку предавањата што ги одржале на институциите во кои прес­то­ју­вале: Соединетите Американски Држави (Иван Петров, Иван Грозданов); Бугарија (Иван Петров, Глигор Јовановски, Трајче Стафилов), Велика Британија (Бојан Шоптра­ја­нов, Биљана Минчева-Шу­ка­рова, Владимир Петрушевски), Германија (Иван Петров, Бојан Шоптрајанов, Алек­сандар Николовски, Валентин Мирчески), Шведска (Бојан Шоптрајанов, Глигор Јо­ва­новски), Австралија (Богдан Богданов), Турција (Биљана Минчева Шукарова, Трајче Стафилов), Словенија (Трајче Стафилов, Игор Кузмановски, Владимир Петрушевски), Хрватска (Глигор Јовановски), Франција (Валентин Мирчески), Мексико (Методија Најдоски), Србија (Бојан Шоптра­ја­нов, Биљана Минчева-Шу­ка­рова, Владимир Петрушевски, Љупчо Пејов) и др.
 
Научна публицистика
 
Членовите на Институтот ги објавуваат резултатите од својата работа во научни списанија на Факултетот, во Македонија и надвор од неа.
Отпрвин, во текот на доста долг период, трудовите на повеќето истражувачи беа објаву­­ва­ни главно во годишни зборници (на ПМФ, на Хемискиот факултет и на други факултети).
Во 1986 г. е постигната согласност да престане издавањето на одделни перио­дични пуб­ли­кации (го­диш­ни зборници) на Инсти­­тутот за хемија и на Технолошко-мета­луршкиот факултет, при што беше решено да продолжи да излегува само Гласникот на хемичарите и технолозите на Македонија. Во редак­цијата на ова списание беа повеќе членови на Инсти­тутот. Основач и прв главен уред­ник беше Бојан Шоптрајанов, а во редакцијата од то­гашниот Хе­мис­ки институт на Природно-мате­ма­тичкиот факултет членуваа М. Јанчевска и И. Пет­ров. Во вториот состав на редакцијата Бо­јан Шоптра­јанов и Лидија Шоптрајанова беа уред­ници, а во третиот состав уредници беа Зоран Здрав­ков­ски, Глигор Јовановски и Лидија Шоп­трајанова. Со по еден мандат главни уредници биле Гли­гор Јовановски и Трајче Стафилов, а во ре­дак­цијата, како еден од уред­ни­ци­те, активно ра­ботеле, односно работат и Лидија Шоптрајанова, Зоран Здравковски, Сло­ботка Алексовска, Љупчо Пејов, Киро Стојаноски, Марина Стефова. Бојан Шоптрајанов, Глигор Јовановски и Трајче Стафилов се членови на Издавачкиот совет.
Голем број трудови се објавени во интернационални реномирани списанија, каде што многупати биле цитирани од страна на други автори. Некои резул­тати се вклучени и во познати монографски публикации. Повторно според резултатите на Министерството за образование и наука од 15 најцитирани научни работници кои работат во Република Македонија 10 се од Институтот за хемија.
Карактеритичен за последниот период е фактот што поголем број од членовите на Институтот за хемија се ангажирани како рецензенти на трудови за реномирани меѓународни списанија, а некои од нив се и членови на Уредувачките одбори на меѓународни списанија (Зоран Здравковски, Владимир Петрушевски, Трајче Стафилов).
 
Студиски престои во странство
 
На подолги студиски престои надвор од границите на поранешна Југославија биле: Димче Тошев (во Франција); Мирослава Николовска (во Франција); Иван Петров (во Велика Британија и во САД); Александар Николовски (во Германија): Биљана Минчева-Шукарова (во Велика Британија); Глигор Јовановски, Киро Стојаноски, Анета Мирчева, Мира Трпковска и Лилјана Андреева (во Швед­ска); Вера Јордановска (во Германија и во Италија); Богдан Богданов (во Австралија); Благоја Јорданоски (во Чешка). Подол­ги престои во САД, покрај Иван Петров, оствариле уште и Бојан Шоптрајанов, Иван Грозданов, Зоран Здравковски и Методија Најдоски, додека во Германија Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Владимир Ивановски и Филип Спировски. Престои во Велика Британија имале Бојан Шоптра­јанов, Мирјана Ристова, Орхидеја Групче, Лилјана Андреева, Владимир Петрушевски, Виктор Сте­фов, Слоботка Алексовска, Љупчо Пејов и други. Во Германија на студиски престој биле Бојан Шоптрајанов, Глигор Јовановски и Виктор Стефов, во Турција студиски престои оствариле Лилјана Андреева, Биљана Минчева-Шукарова, Трајче Стафилов и Катарина Чундева, во САД бил Владимир Петрушевски, во Швајцарија Игор Кузмановски, а студиски престој во Шведска реализирал Љупчо Пејов.
 
Организирање и учество на научни собири
 
Членови на Институтот (по правило тимски) организирале повеќе научни собири, од кои не­кол­ку на сојузно ниво во поранешна Југославија.
Така, во 1974 г., во Скопје било организирано Петтото југо­сло­­венско сове­ту­вање "Приме­нета спектроскопија". Претседател на Научниот одбор бил Бојан Шоптрајанов, а прет­седател на Организациониот одбор бил Иван Петров. Во 1981 г., пак, била организирана (во Скопје и во Ка­ва­дарци) XVI југословенска конференција за кристалографија (главниот орга­низатор од Маке­до­нија бил Гли­гор Јовановски).
Хемискиот факултет бил соорганизатор на Дванаесеттиот југословенски конгрес на сту­­дентите по чиста и применета хемија со меѓународно учество. Претседател на Студентскиот научен одбор била Славица Треневска, секретар Виктор Стефов, а член на Одборот Лила Ан­дреевска. Прет­се­дател и секретар на Студентскиот организационен одбор биле Георги Кос­товски и Билјана Рика­ловска, а претседател и секретар на менторскиот организаци­онен од­бор Бојан Шоптрајанов и Орхидеја Групче.
Во 1988 г. во Охрид бил организиран Петтиот југословенски симпозиум по анали­тичка хемија (прет­седател на Научниот одбор бил Бојан Шоптрајанов, претседател на Органи­за­циониот одбор Александар Николовски, а секретар Лидија Шоптрајанова; во Научниот од­бор биле уште и Тодор Тодоровски и Благоја Топузовски, а во Организациониот одбор биле и Лилјана Андреева, Орхидеја Групче, Круме Калајџиевски, Љиљана Клисарова, Симка Петров­ска-Јовановиќ, Вла­димир Петрушевски, Мирјана Ристова, Илинка Спиревска, Трајче Стафи­лов, Ристо Стојанов, Кор­не­­лија Стојанова и Мира Трпковска). Следната (1989) година, пов­тор­но во Охрид, биле органи­зи­рани Десеттото југословенско со­ветување по општа и применета спек­тро­ско­пија (X YUSPEC) и Тре­тиот југословенски симпозиум за молекуларни науки (претсе­да­тел на Науч­ниот одбор на X YUSPEC и член на Научниот одбор на Симпозиумот бил Бојан Шоп­тра­­јанов, а претседател и се­кре­тар на Организациониот одбор за двете манифестации биле Трај­че Стафилов и Биљана Мин­че­ва-Шукарова соод­ветно; во Организациониот одбор биле и Лилјана Андреева, Орхидеја Групче, Гли­гор Јовановски, Владимир Петрушевски, Мир­јана Ристова, Илинка Спиревска, Ристо Сто­ја­нов, Киро Стојаноски, Мира Трпковска и Лидија Шоптрајанова).
На Институтот за хемија во 1993 г. е организирана Интернационалната конфе­рен­ција за детекцијата на соларни неутрина со талиумови минерали. Претседател на Орга­ни­за­цио­ниот од­бор на оваа манифестација бил Трајче Стафилов.
По обновувањето (во 1973 г.) на советувањата на хемичарите и технолозите на Македо­нија (тие се во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македо­нија), научни ра­бот­ници од Инсти­ту­тот/ Факултетот редовно биле членови на одборите на тие сове­ту­вања. Од 1985 г., советувањата се орга­низираат на­из­менично на Хемискиот институт и на Техно­лошко-металуршкиот факултет, со соодветен состав и на одборите. Така, на Девет­тото совету­вање претседател на Научниот одбор бил Бојан Шоптра­јанов, а на Орга­ни­­за­цио­ниот - Методија Димески; на Единаесеттото советување претседател на Научниот одбор бил Гли­гор Јова­новски, а на Организациониот Киро Стојаноски. На Тринаесет­тото сове­тување прет­­седател и секре­тар на научниот одбор биле Корнелија Стојанова и Трајче Ста­филов, а на Орга­­ни­зациониот одбор Вера Јорда­нов­ска и Благоја Јорданоски. Координатор на Четири­на­есет­тото со­ве­тување била Лидија Шоптрајанова. Претседател на Организациониот одбор на Петнаесеттиот конгрес на хемичарите и технолозите на Маке­до­ни­ја била Симка Петровска-Јовановиќ (секретар Орхидеја Групче), а претседател на Научниот одбор бил Киро Стојаноски. Претседател на Организациониот одбор на Седумнаесеттиот конгрес на хемичарите и техно­ло­зи­те на Маке­до­ни­ја била Верка Јордановска а на Научниот одбор Владимир Петрушевски. Голем придонес дадоа одредени членови од Институтот и во организацијата на Петтата меѓународна конференција на хемис­ки­те друштва на земјите од Југоисточна Европа што се одржа во Охрид (Зоран Здравковски како секретар на Орга­низациониот одбор, а членови Слоботка Алексовска, Игор Кузмановски, Марина Стефова и Киро Стојаноски).
На иницијатива на Институтот, во 1994 г. почнаа да се одржуваат конгреси по чиста и применета хемија на студентите од Македонија. Претседател на Организациониот од­бор на Пр­виот конгрес (во кој членувале предимно вработени и студенти од Институтот) би­ла Орхидеја Групче, а секретар Владимир Петрушевски. Претседател на Организациониот одбор на Третиот конгрес бил Зоран Здравковски, а на Научниот одбор Глигор Јовановски, додека на Петтиот конгрес (2003) бил Емил Поповски, а на Научниот одбор Валентин Мирчески. И во одборите на Вториот (1996 г.), Четвртиот (2000) и Шестиот конгрес (2005) имаше вра­­ботени и студенти од Институтот.
Членови на Институтот за хемија биле во составот и на одбори (научни и организа­циони) и на научни манифестации кои не биле во организација на Институтот/Факултетот.
Иван Петров бил член на Организациониот одбор на I југословенски конгрес за индус­трис­ка хемија (Белград, 1969 г.), член на Почесниот одбор на Третиот југословенски симпо­зи­ум за аналитичка хемија (Нови Сад, 1982 г.) и на Научниот одбор на Шестото и Седмото југо­сло­­венско со­ветување по чиста и применета спектро­скопија (Блед, 1976 г. и Ниш 1978 г.).
Димче Тошев бил член на Научниот одбор на Третиот југословенски конгрес за чис­­та и приме­нета хемија (Љуб­ља­на, 1972 г.), на Почесниот одбор на Осмиот југословенски кон­грес за чиста и применета хемија (Приштина, 1988 г.) и на Второто советување на хемичарите и тех­нолозите на Косово (Приштина, 1984 г.).
Бојан Шоптрајанов бил член на Органи­за­ци­о­ниот одбор на II југо­словенски конгрес за ин­дус­трис­ка хемија (Скопје, 1976 г.), член на науч­ните одбори на Седмиот југосло­венски кон­грес за чис­та и применета хемија (Нови Сад, 1983 г.), на Сед­мото, Осмото и Деветтото југосло­вен­ско со­ветување по чиста и применета спек­­троскопија (Ниш, 1978 г., Загреб, 1983 г., и Блед, 1986 г.), на Третиот и на Четвртиот југословенски сим­по­зи­ум по ана­ли­тичка хемија (Нови Сад, 1982 г., и Сплит, 1985 г.), на Четвртиот југословенски симпозиум за моле­ку­лар­ни науки (Блед, 1991 г.).
Глигор Јовановски бил член на Организациониот одбор на Сед­миот југосло­венски кон­грес за чиста и применета хемија (Нови Сад, 1983 г.).
Лидија Шоптрајанова била член на Извршниот одбор на Третиот југословенски симпо­зиум по ана­ли­тичка хемија (Нови Сад, 1982 г.) и на Науч­ниот од­бор на Шестиот југосло­вен­ски симпозиум по аналитичка хемија (Сараево, 1991 г.).
Александар Николовски бил член на Организациониот одбор на Тре­тиот југословенски симпозиум по ана­ли­тичка хемија (Нови Сад, 1982 г.).
Тодор То­до­ровски (додека бил во Хемис­киот факултет) бил член на Научните одбори на Третиот и на Четвртиот југословенски симпозиум по аналитичка хемија (Нови Сад, 1982 г. и Сплит, 1985 г.).
Трајче Стафилов бил член на Организациониот одбор на Интер­на­цио­налниот симпо­зиум за детекција на соларните неутрина со Tl-205 (Дубровник, 1990 г.), како и член на Научните одбори на симпозиумите по ана­литичка хемија на земјите од Егејскиот (Ајвалик, Турција, 2000; Лезбос, Грција, 2002; Кушадаси, Турција, 2004) и од црноморскиот регион (Одеса, Украина, 2001; Шиле, Турција, 2003), член на Меѓународниот научен одбор на Третата конференција на хемиските друштва на земјите од Југоисточна Европа (Букурешт, Романија, 2002), член на научните одбори на Седмиот меѓународен симпозиум по аналитичка хемија (Каиро, Египет, 2006), на Првиот и Третиот меѓународен собир за антропогеното влијание на терцијалните басени во Меди­те­ра­нот, Штип, 2004, Љубљана, Словенија, 2005) и на Третата балканска еколошка конференција (Катерини, Грција, 2006).
Во континуитет, научни работници од Институтот биле членови на менторските, од­нос­но сту­дент­ските научни и организациони одбори на југословенските конгреси на студен­тите по чиста и применета хемија со меѓународно учество.
Научни работници од Институтот, со свои научни соопштенија, речиси редовно учес­твуваат на меѓуна­род­ни научни собири - конгресите на Меѓународната унија за чиста и при­менета хемија (IUPAC), европските конгреси за молекулска спектроскопија, манифеста­циите под назив Collo­qui­um Spectroscopicum Internationale, конференциите под заеднички наслов Horizons in Hydrogen Bond Research и некои други. Одделни членови на Институтот учес­тву­ва­ле и на повеќе ма­ни­фестации со национален карактер (но со меѓународно учество) одр­жани надвор од Ма­ке­донија - во рамките на поранешна Југославија, но и пошироко.

Бојан Шоптрајанов бил поканет секциски предавач на XXVI интернационален колок­ви­ум по спектро­ско­пија (Софија, 1990) и на X симпозиум "Spec­tro­scopy in Theory and Prac­tice" (Блед, 1995), а бил и претседавач на една од работните групи во рам­ките на Конфе­рен­ци­­јата за водо­родни врски (Sånga-Säby, 1980, Шведска). Трајче Стафилов бил пленарен предавач на повеќе меѓународни научни собири: на XXXI интер­на­ци­о­на­лен колок­ви­ум по спектро­ско­пија (Анкара, 1999), Вториот (Ајвалик, Турција, 2000), Третиот (Лезбос, Грција, 2002) и Четвртиот (Кушадаси, Турција, 2004) Егејски симпозиум по аналитичка хемија, на Првиот (Одеса, Украина, 2001) и на Вториот симпозиум по аналитичка хемија на земјите од црноморскиот регион (Шиле, Турција, 2003), на Меѓународниот симпозиум за антропогеното влијание на терцијарните басени од Меди­те­ра­нот (Љубљана, Словенија, 2005), на Седмиот симпозиум по аналитичка хемија (Каиро, Ргипет, 2006) и на Третиот национален симпозиум по аналитичка хемија на Турција (Чанак Кале, 2006). Глигор Јовановски бил пленарен предавач на XII Конгрес на студентите и млади научни работници по хемија од Бугарија (Софија, 1984), потоа на Третата интернационална конференција на хемиските сојузи на Југоисточна Европа (Букурешт, 2002), како и на Осма­та хрватско-словенечка кристалографска конференција (Ровињ, 1999). Биљана Минчева-Шукарова и Љупчо Пејов одржале пленарни предавања на 18. Европски конгрес по молекулска спектроскопија (Истанбул, Тур­ција, 2006) и на Симпозиумот по физичка хемија (Белград, Србија, 2006). Повеќемина чле­нови на Инсти­ту­тот биле пленарни или секциски предавачи на научни манифестации во пора­нешна Југославија и во Маке­до­ни­ја.