Navigation
 

Научно-истражувачка опрема и лаборатории на ИИ

ЛабораторииНа цел екранМинимизирајВо нов прозорец 

Секое работно место во сите лаборатории за изведување на практични вежби е дел од компјутерската мрежа на факултетот, и има неограничен излез на Интернет. За секое работно место постои посебна машина од класите Pentium III или Pentium IV, чии точни карактеристики се посебно наведени во спецификацијата на опремата.

 
Lab17 

ЛабораторијаМоделКарактеристикиБрој
Лаб. 145DTK, СемосP3-733 MHz, 192MB RAM 40GB HDD20
Лаб. 146Accent
PC
P4 Celeron-2.4 GHz, 256MB RAM 40GB HDD
P4 Celeron-1.7 GHz, 256MB RAM 40GB HDD
10
10
Лаб. 147DELLOptiplex GX520 - Pentium D 945 3.4GHz, 512MB RAM, 80GB HDD, DVD, 17"21
Лаб. 11AxiP3-866 MHz, 256 MB RAM, 40GB HDD, CD, Speakers, 15"18
Лаб. 14DELLOptiplex GX520 - Pentium 4 - 630HT, 512MB RAM, 80GB HDD, DVD, 17"
Optiplex GX520 - Pentium D 945 3.4GHz, 512MB RAM, 80GB HDD, DVD, 17"
12
8
Лаб. 17DELLP4-3 GHz, 1 GB RAM, 80 GB HDD, LCD 15"24
Специјализирани лабораторииНа цел екранМинимизирајВо нов прозорец 

Лаборатории за изведување на современа научно-истражувачкадејност по одредени научни дисциплини (области):

  • Паралелно процесирање, сместена во просторија бр. 3 во Долната зграда на ПМФ,
  • Вештачка интелигенција, сместена во просторија бр. 7 во Долната зграда на ПМФ,
  • Мултимедијални системи, сместена во просторија бр. 6 во Долната зграда на ПМФ,
  • Бази на податоци, сместена во просторија бр. 2 во Долната зграда на ПМФ,
  • Компјутерска графика, сместена во просторија бр. 10 во Долната зграда на ПМФ,
  • Нумерички и статистички пресметувања, сместена во просторија бр. 18 во Долната зграда на ПМФ.

Лабораторија за мултимедија 

Секое работно место во сите лаборатории за изведување на научно -истражувачка работа е поврзано на компјутерската мрежа на факултетот, и има пристап до Интернет и другите мрежни ресурси. Во секоја лабораторија е сместена соодветна научно-истражувачка опрема.

Простории за изведување далечинско образование:

Канцеларија во просторија бр. 20, лабораторија бр. 11 и просторија бр. 10 во Долната зграда на ПМФ, како и секоја од лабораториите за практични вежби, бидејќи се поврзани со мрежата на Факултетот.

Центар на Ериксон за безжични апликации:

Просторија бр. 313 во доградбата на Горната зграда на ПМФ.

Мултимедијално студио и друга опрема:

Вид на апаратКарактеристики
JVC GY - 500Епрофесионална miniDV камера
JVC HR-DVS1Eвидео рекордер S - VHS, MiniDV
Matrox RT-2500video editing картичка
Creamware Pulsar IIаудио DSP картичка
Yamaha MOTIF-8Workstation Synthesizer
Neumann TLM-103Микрофон
Neumann KM-184Микрофон
Sennheiser HD - 600Слушалки
Sennheiser HD - 25 - SPСлушалки
Proel HAP 10headphone distribution amplifier
TL Audio Ivory VC-5051voice processor
RME Audio ADI8аналог- ADAT конвертор
Yamahaмониторинг звучници
Sony 21FTТВ
МрежаНа цел екранМинимизирајВо нов прозорец 

Компјутерската мрежа на Институтот за Информатика е главен составен дел на мрежата на Природно-математичкиот факултет. Структурата на мрежата е во форма на 'рбет кој ги поврзува трите згради на Природно-математичкиот факултет, од кој натаму се шират странични хиерархиски врски по катовите од зградите и по институтите.

Рбетот е составен од 6 оптички влакна од кои секое овозможува брзина од минимум од 1Gb/s со можност за идна надоградба до повеќе-гигабитски брзини. Моментално во употреба е само еден канал со брзина од 1Gb/s кој го делат сите институти.

Во план е проширување на врските и оспособување на комплетно одделена инфраструктура за секој институт - нешто што постоечката опрема веќе го овозможува.

Image

Сите странични врски на рбетот се со 1Gb брзина, додека долните слоеви во хиерархијата се поврзани со брзина од 100Mb/s и тоа до секој краен компјутер.

Серверите на Институтoт формираат посебен блок со брзина на пристап од 1Gb/s.

Просториите на Институтот се целосно покриени и со сопствена безжична мрежа со максимална брзина од 108 Mb/s која е реализирана со користење на 5 безжични пристапни точки.

Интернет врската Институтот ја остварува преку Универзитетската мрежа и MARNet и тоа како заедничка врска со останатите институти на Природно-математичкиот факултет. Вкупната врска на ПМФ се состои од 1Gb/s како главна врска реализирана со оптички кабли и секундарна односно резервна безжична врска со брзина од 34Mb/s.

БиблиотекаНа цел екранМинимизирајВо нов прозорец 

Обезбеден стандард за библиотекарска дејност на Институтот за Информатика:

  • Библиотека, просторија бр.8 во Долната зграда на ПМФ, поврзана на компјутерската мрежа на факултетот, и има пристап до Интернет и другите мрежни ресурси, со едно работно место,
  • Просторија- читална за студентите,сместена во просторија бр.8 во Долната зграда на ПМФ.
КабинетиНа цел екранМинимизирајВо нов прозорец 

Кабинети за наставно-научниот кадар:

  • Кабинети бр. 1, 3, 4, 9, 15, 16, 18, во долната зграда на ПМФ
  • Кабинети бр. 35, 160, 162-167, 308-313 во новата зграда на ПМФ,
  • Просторија бр. 144, наменет за серверите во новата зграда на ПМФ,

Секој кабинет е поврзан на компјутерската мрежа на факултетот, и има пристап до Интернет и другите мрежни ресурси. Во секој кабинет за секој вработен е обезбеден сметач, класа Пентиум IV за наставниците, односно Пентиум III или Пентиум IV за соработниците.

УчилнициНа цел екранМинимизирајВо нов прозорец 

Предавални за изведување на современа настава:

  • Бр. 12 за 80 студенти,
  • Бр. 19 за 45 студенти,
  • Бр. 02 за 30 студенти,
  • Бр. 148 за 72 студенти.
  • Амфитеатар за 120 студенти.

Сите предавални се приклучени на компјутерската мрежа на факултетот, и имаат пристап до Интернет и другите мрежни ресурси.

Амфитеатрите и предавалните имаат можност за проектирање и набљудување (следење) на настава на екран. Во сопственост на Институтот за Информатика постои современа аудио-визуелна опрема: компјутерски систем за проектирање: LCD панел, 7 видео бимови, лап-топ компјутери, графоскопи, наменети за поефикасно и поцелисходно изведување на наставата.