Navigation
 

Научно-истражувачка дејност на Институтот за математика

Наставниците и асистентите на Институтот за математика според своите интереси во научноистражувачката и наставно-научната работа се организирани во пет заводи: Завод за анализа, Завод за алгебра и геометрија, Завод за топологија, Завод за применета математика и Завод за методика на наставата и елементарна математика.
Важна компонента во работата на високошколска институција е нејзината науч­ноис­тражувачка работа. Бројот на објавените научни трудови од областа на математиката во Република Македонија расте заедно со растот на бројот на математичарите
Најголемиот број од трудовите се печатени во македонските периодични публикации Прилози на МАНУ, Математички билтен, Годишен зборник на Институтот за математика, Математика Македоника (од 2003) и се реферирани во познатите математички рефератив­ни списанија, како што се: РеферативниŸ журнал-Москва, Mathematical Reviews-Providence, Zentralblatt für Mathematik - Berlin.
Традиционално трудови се печатат и во најзначајните математичките списанија на околните земји: Математика Балканика (акад. Б. Попов 1972, д-р Д. Димитровски со коавтори 1996, д-р Д. Димитровски со д-р Л. Стефановска и д-р М. Кујумџиева-Николовска 1997, д-р К. Тренчевски и С. Кера 1998, д-р Н. Пандески 2004, д-р Б. Илиевски 2004, д-р В. Манова-Ераковиќ 2004, д-р Љ. Настовски 2004, д-р Н. Шекутковски и д-р Т. А. Пачемска 2005), Математички весник (акад. Ѓ. Чупона 1966, 1969, д-р Д. Димитровски 1965,1986 и со коавтори 1964, 1990,1991,1994,1997, д-р Н. Ивановски 1975, д-р К. Тренчевски 1997, д-р Б. Крстеска 1998,1999,.д-р В. Манова-Ераковиќ 2002, д-р М. Оровчанец и Б. Начевска 2002),Glasnik matematichki (Акад. Ѓ. Чупона 1963, 2002 со д-р Б. Јанева и д-р Н.Целакоски, д-р Н. Шекутковски 1987, С. Марковски, А. Соколова 2001), Сердика (д-р К. Тренчевски 1989, 1995), Radovi JAZU / HAZU(д-р Н. Шекутковски и акад.С. Мардешиќ 1987),
Во поново време, заради брзиот напредок на комуникациите и светската мрежа (интернет) е овозможено да се печатат трудови во најразлични списанија во сите делови на светот.
Ќе ги наброиме најзначајните математички списанија според факторот на влијание - импакт факторот во кои се печатени трудовите: Comptes Rendus de’l Academie des Sciences – Paris(акад. Б. Попов 1959,1972),Semigroup Forum(акад. Ѓ. Чупона 1983),Диференци®л√ние уравнени®(д-р П. Лазов и д-р Д. Димитровски 1977, 1978), Forum Mathematicum (R.Geoghegan и Д. Димовски 1990)Pacific Journal of Mathematics(д-р Д. Димовски 1994) , Topology and its Applications (д-р Н. Шекутковски 1997, 2001, 2004, д-р Д. Димовски 1985,1988), Bolletino Unione Matematico Italiana(акад. Б. Попов 1952,1959), American Mathematical Monthly(акад. Б. Попов 1980), The Fibonacci Quarterly(акад. Б. Попов 1977), Proceedings Indian Academy of Sciences – Math. Sci.(акад. Б. Попов 1953), Journal of Algebra (д-р Д. Димовски 1992, д-р К. Тренчевски и д-р Д. Димовски 2001), Algebra Universalis(акад. Ѓ. Чупона и д-р С. Марковски 1997, ), Communications in Algebra (д-р Д. Димовски и Б. Јанева со С. Илиќ 1991) Bulletin des Sciences Mathematiques – Paris(Акад. Б. Попов1957), Tensor(акад. Б.Попов 1972, 1982, д-р К. Тренчевски 1992,1993, 1995, 1996, 1998), Integral Transforms and Special Functions(д-р Н. Пандески , д-р В. Манова-Ераковиќ и д-р Љ. Настовски 2006, д-р Ж. Томовски 2006), како и следниве списанија кои се вбројуваат во применетата математика Fuzzy Sets and Systems(д-р. Б. Крстеска 1999, 2001),Mathematical Inequalities and Applications(д-р К. Тренчевски 2002 коавтор со И. Ристески, и 2003 со д-р Ж. Томовски 2000, 2005) , Applied Mathematics Computational (д-р Ж. Томовски 2006),International Journal of Bifurcation and Chaos (коавтор д-р Д. Димовски 1994, д-р Д. Глигоровски со коавтори Д. Димовси, В.Урумов,....1996 )., Наведени се сите автори од ПМФ кои објавувале во математички часописи кои имаат ранг (JRK) од 0,10 до 1,00 според импакт факторот (JIF) од 2003.
Членот на Институтот за математика д-р Д. Димовски се појавува како коавтор на трудови во две рангирани физички списанија, според импакт фактор а д-р К. Тренчевски во едно е прв автор и коавтор уште во пет. Членот на Институтот за математика д-р К. Тренчевски е автор на еден труд во рангирано хемиско списание, според импакт фактор и коавтор уште на два труда.
Членовите на Институтот за математика се меѓу главните организатори на Конгресот на математичарите на Македонија, кој има и значајна меѓународна компонента. На последниот, конгрес одржан во Струга 29.9.2005-2.10.2005, учествуваа 117 учесници од Македонија и 61 од странство. Во Програмскиот одбор беа д-р Б. Илиевски (главен уредник на Зборникот на трудови), д-р Д. Димовски, д-р К. Тренчевски и д-р Н. Шекутковски, а во Организациониот одбор д-р Н. Ивановски, д-р Н. Пандески (претседател), д-р В. Манова-Ераковиќ (претседател на Сојузот на математичарите), м-р И. Трајковска и А. Гацовска.
Организирани се две Интернациомални конференции по топологија и апликации во Охрид, 2000 и во Скопје, 2004. Главниот организатор, д-р Никита Шекутковски, е и еден од уредниците на Зборникот од конференцијата во 2000, кој се појави како редовен број на списанието Topology and its Applications, 140, Issue 1 (2004) .
Институтот за математика располага со современа читална и библиотека која во моментов содржи 26035 наслови од математичката литература, и 395 периодични публикации од целиот свет со вкупно 42600 свески, од кои околу 100 се добиваат со тековна размена за изданијата на Институтот за математика.
  Математичките науки се со проблематика која не може да се замисли без меѓународни контакти. Најпрвин со размена на публикации, потоа со лични контакти, соработката денес се одвива со институциона­лни договори по различни проекти и теми во рамките на Универзитетот или директно на Факултетот, односно Институтот со слични институции во светот. Соработката е воспоставена со голем број научни институции: Московскиот универзитет на "М. В. Ломоносов", Рускиот универзитет "Дружба народов" од Москва, Математичкиот факултет на Универзитетот во Белград, Универзитетот "Св. Климент Охридски" Софија, Факултетот за математика и информатика, Природнословно математичкиот факултет, Математичкиот одел, Загреб, Природнословно математичкиот факултет во Сплит, Природно математичкиот факултет на Универзитетот во Ниш, Департманот за математика и информатика, Природно-математичкиот факултет, Универзитет во Нови Сад, Универзитот во Крагујевац, Југозападниот Универзитет "Неофит Рилски" , Благоевград, Универзитот во Љубљана, Словенија , Универзитетот Комплутенсе, Факултет за математика од Мадрид, Хачетепе универзитетот во Анкара, ..
Во последнава деценија е овозможен брз пренос на информации преку светската мрежа - интернет што многу ги олеснува меѓународните комуникации и овозможува пристап кон многу информации од светот на науката ширум целиот свет.
Научноистражува;ката работа на Институтот за математика е помогната од Министерството за наука на Република Македонија со финансирање на научноистражувачки проекти во кои главниот истражувач е од Институтот за математика, а покрај членовите на Институтот учествуваат и математичари од други институции.
 
Проекти наИнститутот за математика1996-2006
 
1. Апроксимации во реална и комплексна анализа на Hp-простори, раководител проф. д-р Никола Пандески, од 01.01.1996 год. до 31.12.1998 година.
2. Модели на интерации, раководител проф. д-р Драган Димитровски, од 01.07.1997 год. до 30.06.2000 година.
3. Тополошка класификација и примени, раководител проф. д-р Никита Шекутковски, од 01.10.1997 год. до 30.09.2000 година.
4. Диференцијална геометрија и примена, раководител проф. д-р Костадин Тренчевски, од 01.10.1997 год. до 30.09.2000 година.
5. Геометриско-тополошки и алгебарско-комбинаторни проблеми и нивни при­мени, раководител проф. д-р Дончо Димовски, од 01.10.1998 год. до 30.09.2001 година.
6. Апроксимации во реална и комплексна област и гранични вредности на аналитички функции, раководител проф. д-р Никола Пандески, од 01.07.2000 год. до 30.06.2003 година.
7. Функционална анализа и примена, раководител проф. д-р Новак Ивановски, од 01.07.2000 год., до 30.06.2003 година.
8. Диференцијално-геометриски и тополошки проблеми и нивна примена, раководител проф. д-р Костадин Тренчевски, од 01.07.2000 год. до 30.06.2003 година.
9. Теорија на облици, хомотопија и динамички системи, раководител проф. д-р Никита Шекутковски, од 01.07.2000 год. до 30.06.2003 година.
 
10. Фуриеова анализа и примена, раководител проф. д-р Живорад Томовски, од 01.07.2001 год. до 30.06.2004 година.
11. Диференцијабилност на локално линеарно независни множества, раководител проф. д-р Никита Шекутковски, од 01.07.2003 год. до 30.06.2006 година.
12. Тополошки и алгебарски структури и нивна примена, раководител проф. д-р Дончо Димовски, од 01.07.2003 год. до 30.06.2006 година
13. Тополошки и фази тополошки структури, раководител проф. д-р Билјана Крстеска, од 01.07.2003 год. до 30.06.2006 година.
14. Апроксимации во реална и комплексна област, гранични вредности на аналитички функции, дистри­буции и мали таласи, гранични проблеми, раководител проф. д-р Никола Пандески, од 01.07.2006 год. до 30.06.2009 година.
15. Нетригонометриска Фуриеова анализа, специјални и ортогонални функции и примена, раководител доц. д-р Живорад Томовски, од 01.07.2006 год. до 30.06.2009 година.
16. Диференцијално-геометриски и тополошки проблими и нивна примена, раководител проф. д-р Костадин Тренчевски, од 01.07.2006 год. до 30.06.2009 година.
17. Гранични вредности на аналити;ки функции и дистрибуции и апроксимации во смисла на дистрибуции, раководител доц. д-р Весна Манова-Ераковиќ, 01.07.2006 год. до 30.06.2009 година