Navigation
 

 С о о п ш т е н и е  

се известуваат редовните и вонредните студенти од Природно-математичкиот факултет во Скопје, кои се се запишале по првпат во уч.2012/2013 г., уч.2013/2014 г. уч.2014/2015 г., уч.2015/2016 година и уч.2016/2017 година,  дека уписот на зимскиот семестар во учебната 2017/2018  година ќе се врши од 11.09.2017 година до 22.09.2017 год.

Потребни документи:

1.     образец за запишување на семестарот, со уплатница за уплатени 50,00 денари административна  такса (Напомена 2);

2.     пријавен лист од Државниот завод за статистика на РМ  (образец  ШВ-20);

3.     пополнет и потпишан образец за ЕКТС за положени испити, односно за освоени кредити и за пријавени предмети кои ќе ги слушаат во зимскиот семестар (образецот се пополнува во координација со координаторот на соодветната студиска група-насока);

4.     уплатница за уплатени 750,00 денари, за информативни, информа­тички, културни и спортски активности на студентите на Универзи­тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;

5.     уплатница за уплатени 200,00 денари за административни трошоци;

6.     уплатница за уплатени 100,00 денари за обновување на библиотечен фонд во библиотеките на Институтите при ПМФ;

7.     уплатница за уплатени 100,00 денари за колективно осигурување на студентите од ПМФ од несреќен случај;

8.     уплатница за уплатени 100,00 денари за обезбедување

9.     уплатница за уплатени 200,00 денари за испитни работни тетратки;

10.   уплатница за уплатени 100,00 денари за студентски парламент;

*само за оние студенти, кои сакаат да бидат членови на студентскиот парламент;

11.   уплатница за уплатени средства за упис на зимскиот семестар во уч. 2017/2018 година за студентите запишани во државна квота.

Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети согласно образецот за ЕКТС одобрен од координаторите за ЕКТС. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Доколку студентот запишан во државна квота, не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар или еден предмет запишува по трет пат, ги продолжува студиите со поднесување на трошоци за студирање (наведено во Напомена 1, подоле во соопштениево), или

 

12.   уплатница за уплатена рата за редовните и вонредните студенти запишани со кофинансирање согласно договорот потпишан со факултетот. Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети помалку од 50% од предметите, наведено во напомена 1, подоле во соопштениево), согласно образецот за ЕКТС одобрен од координаторите за ЕКТС. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

Напомена 1:

Согласно член 323, од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје:

 

- студент запишан во државна квота , го губи статусот на студент запишан во државна квота и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање) ако:

 

- еден предмет запишува по трет пат;

 

- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на  наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).

 

   Сите уплати од реден број 4 до реден број 12 се вршат на образец ПП50 на жиро  сметката на ПМФ:

- назив и седиште на примач                                          ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                               НБРМ

- трансакциска сметка                                                       100000000063095

- сметка на буџетски корисник на пмф                         1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                          723012 - 41 2

ВАЖНО!!!   Задолжителното  електронско запишување на зимскиот семестар во уч.2017/2018 година 11.09.2017 год. до 22.09.2017 год., за студентите кои се водат во евиденцијата на електронскиот систем “i-know”, кои ќе се запишат во   1, 3, 5, 7, 9  и 13 семестар  во уч.2017/2018 година на www.iknow.ukim.edu.mk.

Напомена 2:

Студентите,  уплатата за администативната такса треба да ја извршат со  електронското плаќање преку СМС и откако ќе го добијат  ТРАНСАКЦИСКИОТ КОД во повратната порака, истиот треба да го впишат во полето за таксени во “i-know кога ќе го запишуваат електронски семестарот. Услугата за плаќање на такса од 50 денари преку СМС е едноставна и е објаснета во Упатсвото за електронско плаќање на административна такса објавено на  веб страниците  на ПМФ -  www.pmf.ukim.edu.mk и на Министерството за информатичко општество

Скопје,  01.09.2017 год.                                                                    од Деканатот,

СООПШТЕНИЕ  

се известуваат редовните и вонредните студенти од Природно-математичкиот факултет во Скопје, кои се запишале по првпат во учебните години: 2009/2010,  2010/2011 и  2011/2012  дека уписот на зимскиот семестар во учебната 2017/2018  година ќе се врши од 11.09.2017 година до 22.09.2017 год.

НАПОМЕНА 1 за студентите запишани по првпат во уч.2009/2010 г.

СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕМА ДА ДИПЛОМИРААТ ДО 14.09.2017 Г. (ЗАКЛУЧНО СО ЕСЕНСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧ.2016/2017 Г.), треба да поднесат барање за продолжување на студиите по изменета студиска програма на ПМФ, во согласност со условите и правилата кои важат за истата, со поднесување на трошоци на студирање (кофинансирање) (истото се подига од Службата за студентски прашања).

 РОКОТ за ги завршат започнатите студии по студиската програма по  која се запишале по првпат  е 14.09.2017 година и истиот произлегува од чл.223, став 2 од Статутот на УКИМ ( Студентите од прв циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите).

НАПОМЕНА 2 за студентите запишани по првпат во уч.2010/2011 г.

ДЕКА РОКОТ ЗА ГИ ЗАВРШАТ ЗАПОЧНАТИТЕ СТУДИИ ПО СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО КОЈА СЕ ЗАПИШАЛЕ ПО ПРВПАТ  Е 14.09.2018 ГОДИНА, ИСТИОТ ПРОИЗЛЕГУВА ОД ЧЛ.223, СТАВ 2 ОД СТАТУТОТ НА УКИМ.

 Потребни документи:

 1.     образец за запишување на семестарот, со уплатница за уплатени 50,00 денари административна  такса; *

2.     Пријавен лист од Државниот завод за статистика на РМ (образец  ШВ-20);

3.     пополнет и потпишан образец за ЕКТС за положени испити, односно за освоени кредити и за пријавени предмети кои ќе ги слушаат во зимскиот семестар (образецот се пополнува во координација со координаторот на соодветната студиска група-насока);

4.     уплатница за уплатени 750,00 денари, за информативни, информа­тички, културни и спортски активности на студентите на Универзи­тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;

5.     уплатница за уплатени 200,00 денари за административни трошоци;

6.     уплатница за уплатени 100,00 денари за обновување на библиотечен фонд во библиотеките на Институтите при ПМФ;

7.     уплатница за уплатени 100,00 денари за колективно осигурување на студентите од ПМФ од несреќен случај;

8.     уплатница за уплатени 100,00 денари за обезбедување;

9.     уплатница за уплатени 200,00 денари за испитни работни тетратки;

10.   уплатница за уплатени 100,00 денари за студентски парламент; *само за оние студенти, кои сакаат да бидат членови на студентскиот парламент);

 11.   уплатница за уплатени средства за упис на зимскиот семестар во уч. 2017/2018 година за студентите запишани во државна квота.

Износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети), согласно образецот за ЕКТС одобрен од координаторите за ектс. цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година, или

12.     уплатница за уплатена рата за редовните и вонредните студенти запишани со кофинансирање согласно договорот потпишан со факултетот. износот на сумата, претставува збир на вкупната сума од цената на кредити при прво запишување на предмети и вкупната цена на кредити за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмети), согласно образецот за ЕКТС одобрен од координаторите за ектс. Цените на кредити се одредени согласно со одлука на Деканатска управа бр. 02-3456/2 од 15.02.2010 година.

  Сите уплати од реден број 4 до реден број 12, се вршат на образец ПП50 на жиро сметката на ПМФ:

- назив и седиште на примач                                          ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                               НБРМ

- трансакциска сметка                                                       100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                      1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                            723012 - 41 2

ВАЖНО!!!   Задолжителното  електронско запишување на зимскиот семестар во уч.2017/2018 година 11.09.2017 год. до 22.09.2017 год., за студентите кои се водат во евиденцијата на електронскиот систем “i-know”, запишани во 13  семестар (студентите од 13 семестар на студии по географија, не треба електронски да го запишуваат семестарот), на www.iknow.ukim.edu.mk.

* Студентите,  уплатата за администативната такса да ја извршат преку  електронското плаќањето  преку СМС. Студентите откако ќе го добијат  ТРАНСАКЦИСКИОТ КОД во повратната порака, истиот треба да го впишат во полето за таксени во “i-know кога ќе го запишуваат електронски семестарот. Услугата за плаќање на такса од 50 денари преку СМС е едноставна и е објаснета во Упатсвото за електронско плаќање на административна такса објавено на  веб страниците  на ПМФ -  www.pmf.ukim.edu.mk и на Министерството за информатичко општество. Студентите запишани по првпат во учебната година 2010/2011 не се внесени во електронскиот систем и НЕМААТ ОБВРСКА за електронско запишување на семестарот. Административната такса можат да ја платат преку уплатница или преку СМС (трансакциониот код, кој ќе го добијат во повратната порака, треба да го впишат во образецот за запишување на семестар).

Скопје,  01.09.2017 год.                                                                            од Деканатот,