Navigation
 

Студии по хемија

По конституирањето на Институтот за хемија, пристапено е кон изра­бот­ка на нови нас­тавни планови. Одлучено е да постојат три насоки - ана­литичко-структурна, препаративна и нас­тавна (првите две за подготву­вање инженери по хемија, а третата за образование на дип­ло­­мирани про­фесори). Беа внесени и нови наставни дисциплини, меѓу нив и оние што се, во соглас­ност со времето, информатички ориентирани. Од 1994 г. органи­зирани се и четиригодишни студии за двопредметната настава по биологија-хемија а од учебната 2000/2001 г. воведена е и нова насока на студиите по хемија - аналитичка биохемија.
Со преминувњето на дел од наставниот кадар на Технолошко-металуршкиот факул­тет (ре­зул­тат на "рацио­нализацијата"), наставната активност на Институтот за хемија беше намалена во однос на онаа на Хемискиот факултет. Наставата по хе­ми­ја се изведуваше на Медицин­скиот фа­култет (за сту­дентите медицинари и фарма­цевти), на Стоматолошкиот, на Шумарскиот, на Ру­дар­ско-геолошкиот факул­тет во Штип, на Интердисциплинарните студии за заштита при рабо­та, на Ветеринарниот факултет и, сека­ко, за студентите по физика и биологија на ПМФ. Во последните неколку години, постепено, од страна на Фармацевтскиот факултет беа преземани хемиските дисциплини (спротивно на потребата од матичност на овие диспциплини, посебно поради фактот што за наставници на овие факултети се избрани несоодветни кадри). Така, од учебната 2006/07 Институтот за хемија повеќе не изведува настава на овој Факултет, како и на Медицинскиот факултет.
На почетокот на учебната 2006/2007 г. на Институтот има 27 наставници и 11 со­ра­­бот­ници. Си­те наставници го имаат научното звање доктор на науки. Од наставниците, 16 се ре­довни про­фесори, 5 се вонредни профе­сори и 6 се доценти. Осум соработници се асис­тенти, тројца се помлади асис­тенти.
 Во текот на овие 60 години Институтот за хемија дал околу 2073 дипломирани сту­денти (ди­пло­мирани хемичари, дипломирани инженери по хемија и професори по хемија). Речиси во сите лабора­тории во Македонија работат стручњаци што дипломирале на овој Институт (Фа­култет). Од Институтот за хемија по­­тек­нале и практично сите наставници по хемиските (и сродните) предмети во сред­ните училишта во Македонија. За овие наставници Институтот органи­зира семинари на кои тие го обновуваат и осовременуваат своето знаење.
Институтот за хемија е матична институција на која се добиваат спе­цијалистички, маги­стер­ски и докторски звања од областа на хемиските науки. Заклучно со 30 септември 2006 г., на Институтот (односно на Факултетот) со звањето специјалист по хемиски науки се здобиле 9, со звањето магистер на хемиски науки се здобиле 95 кандидати, а со зва­ње­то доктор на хемиски науки ‡ 70 кандидати.

Повеќето од наставниците и соработниците на Институтот (но и на други високо­об­ра­зовни организации на Универзитетот "Св. Кирил и Ме­тодиј") своето образование (или дел од него) го добиле тука. Дипломирани студенти на Ин­ститутот станале наставници или сора­бот­ници и на други универ­зитети. Нас­тавни работници од Институтот дејствувале како нас­тав­­ници и на други уни­вер­зитети во земјата. На почетокот на работата на Универзитетот во Приш­­тина, како и на Технолошкиот факултет во Лесковац, наши наставници (Иван Петров, Бојан Шоптрајанов) ги ставиле темелите на наставата по од­делни хемиски дисциплини, кон­ци­пирајќи ги курсевите и држејќи предавања во првите години од работата на овие инсти­туции.