Navigation
 

Студии по информатика

Додипломски студии

Во развојот на наставниот процес на ИИ може да се издвојат пет етапи.
Во почетокот ИИ беше надлежен за организирање настава за редовните и за вонредните студенти на насоката математика-информатика, воведена во академската 1979/80 година на студиите по математика, но сега усовршена со насочување кон информатиката во првата година на студии. Преку избор на факултативни предмети, постоеше можност за формирање наставен профил математичар-информатичар, покрај дипло­ми­ран математичар-информатичар.
За изведување на наставата, покрај кадарот на ИИ, беа ангажирани и професорите: Живко Мадевски, Драган Димитровски, Новак Ивановски, Александар Самарџиски, Дончо Димовски, Никола Пандески, Никита Шекутковски одИнститутот за математика на ПМФ, Бранко Трпеновски, Наум Целакоски, Душан Чакмаков од Машинскиот факултет и Стево Божиновски од Електротехничкиот факултет.
Во академската 1987/88 година студиите по математика-информа­тика се разгранија на наставна насока за задоволување на потребите од соодветен кадар во образованието и на применета насока за задоволување на сè поголемите барања за високообразовен информатички кадар во другите дејности на општеството. Дополнително, во академската 1989/90 година, на барање на Министерството за образование, беа организирани 2-годишни студии за оспособување на дипломирани студенти по ПТО на Универзитетот за изведување настава по општообразовниот предмет информатика во основните училишта.
Во 1991 година беа одобрени наставни планови и програми со нови информатички предмети и содржини за:
  • Наставната насока на студии по информатика за стекнување звање дипломиран професор по информатика,
  • Применетата насока на студии по информатика за стекнување звање дипломиран инженер по информатика.
Значително усовршување и осовременување на студиите по информатика беше направено во академската 2000/01 година, со наставни планови и програми со кои применетата насока прерасна во применета насоказа областа програмско инженерство и применета насока за областа информатика и индустриска математика.
Притоа, во IV студиска година постоеше можност за изборни предмети, кои определуваа неколку поднасоки. Овие програми беа поддржани со проектот TEMPUS JEP 14400/1999 Distributed Information Technologies New Curricula and Flexible Education, чиј носител беше ИИ, а координатор д-р Маргита Кон-Поповска.
Последната значајна измена, воведување на ЕКТС, модернизација и усовршување на студиите по информатика на ПМФ беа направени во академската 2005/06 година. Наставните програми беа составени врз основа на пропозициите на асоцијациите IEEE и ACM за информатичко образование и во рамките на Болоњската декларација и ECTS. Овие програми беа поддржани со следниве TEMPUS проекти, чиј носител е ИИ, а координатор д-р Марјан Гушев:
  • TEMPUS CD JEP 16160/2001: Innovation of Computer Science Curriculum in Higher Education, 2001-2004,
  • TEMPUS CD JEP 18046/2003: Management and Business Education in Computer Studies MABECS, 2004-2007,
  • TEMPUS SCM-COO9B03/2003: Implementing Modules and ECTS for Computer Science, IMECTS,2004-2005
Со новите студиски програми на ИИ се организираат:
  • четиригодишни студии за стекнување звање дипломиран профе­сор по информатика
    • насока информатичко образование и електронско учење за професори во средните училишта
    • насока информатика за основното образование
  • четиригодишни студии за стекнување звање дипломиран инженер по информатика
    • насока компјутерски науки
    • насока програмско инженерство
    • насока информациони системи
    • насока компјутерски архитектури и мрежи
  • тригодишни студии за стекнување звање дипломиран инженер по информатички технологии
    • насока интернет и мобилни технологии
    • насока администрирање и компјутерски мрежи
За разлика од почетоците на ИИ, денес условите за студирање се на повисоко ниво, интересот за студиите е голем, така што повеќе години наназад на студиите по информатика се запишуваат најголем број студенти во споредба со другите студиски групи на ПМФ. Резулта­тите не изостануваат, што се потврдува со следниве податоци.
Дипломирани студенти на ИИ по години

1985
 
1986
 
1987
 
1988
 
1989
 
1990
 
1991
 
1992
 
1993
 
1994
 
1995
 
6
 
4
 
12
 
8
 
13
 
13
 
17
 
26
 
27
 
13
 
18
 
1996
 
1997
 
1998
 
1999
 
2000
 
2001
 
2002
 
2003
 
2004
 
2005
 
2006
 
25
 
28
 
29
 
33
 
47
 
34
 
33
 
45
 
54
 
56
 
50
 

За квалитетот на дипломираните студенти на ИИ говори бројот од 42дипломца со среден успех на студиите над 9.00. Притоа, и во оваа прилика заслужуваат да бидат наведени имињата на оние со просек над 9.70:

1. Ристо Глигоров (01/02-04/05) 10,00
2. Тодор Ристов (01/02-04/05) 10,00
3. Александар Наневски (91/92-94/95) 9.96
4. Наташа Илиевска (96/97-00/01) 9.94
5. Боро Јакимовски (96/97-99/00) 9.91
6. Марјан Челикиќ(01/02-04/05) 9.91
7. Валентин Ѓорѓиоски (00/01-04/05) 9.88
8. Данило Глигороски (86/87-89/90) 9.87
9. Јасен Марковски (97/98-00/01) 9.78
10. Соња Георгиевска (97/98-00/01) 9.75
11. Александар Димовски (95/96-98/98) 9.72
12. Јасмина Богојевска (99/00-93/04) 9.72
13. Владимир Јовановски (81/82-86/87) 9.70
Дипломираните студенти Александар Наневски 9,96 (1994/95), Боро Јакимовски 9,91 (1999/00), Миле Јованов 9,69 (2001/02), Александра Поповска 9,16 (2003/04), Марјан Челикиќ 9,91 (2004/05) беа првенци на Универзитетот и на Факултетот.
Општо, дипломираните студенти по информатика на ПМФ веќе се препознатливи и барани во стопанските организации и во образовните институции, а најдобрите постигнуваат врвни резултати во својата работа, не само на нашите универзитети, туку и на прочуени универзитети во Европа и во Америка.
ИИ користи простор од 1000 m2 во доградбата во Горната зграда (ГЗ) на ПМФ и 700 m2 во приземјето на долната зграда (ДЗ). Кадарот ги користи кабинетите број 1, 3, 4, 9, 15, 16, 18 и 20 во ДЗ и кабинетите број 35, 144, 160-167, 308-313 во доградбата на ГЗ. Од сите кабинети има пристап до Факултетската компјутерска мрежа и интернет.
Амфитеатарот во ГЗ со 180 места е наменет за одржување предавања и аудиториски вежби по основните предмети со големи групи студенти. Тој е приклучен на Факултетската компјутерска мрежа, има пристап до интернет и до другите мрежни ресурси, можност за проектирање и следење на екран, и е просторија каде што се одржуваат симпозиуми, конференции, работни средби и институтски свечености.
Современи услови и опрема за ефикасно и целисходно изведување настава имаат, исто така, предавалните: број 148 (ГЗ) со 72 седишта и број 2, 12, 19 (Д.З) со 30, 72, 45 седишта, соодветно.
Практични вежби се изведуваат во лабораториите број 145, 146, 147 (ГЗ), со 21, 20, 21 работни места, соодветно, и број 11, 14, 17 (ДЗ) со 15, 20, 20 работни места, соодветно, како и мултимедијалната лабораторија број 6 со 3 работни места. На секое работно место има компјутер од типот Пентиум III или IV (со карактеристики посебно наве­де­ни во спецификацијата на опремата), приклучок за Факултетската компјутерска мрежа, пристап до интернет и до другите мрежни ресурси.
Постдипломски студии
 
ИИ, при формирањето, ја наследи обврската за создавање подмладок за предметите од областа на информатиката, за алгебарските дисциплини и за современите дисциплини на применетата математика. Затоа, 4-семестралниот наставен план за стекнување звање магистер по математика информатика опфаќал: алгебра и логика, функционална анализа и нумеричка математика и теорија на програмирањето во I семестар, изборен предмет I и изработка на семинарска работа во II семестар, изборен предмет II и главен предмет во III семестар, изработка на магистерски труд во IV семестар. Изборните предмети се избираат од подолг список и тие опре­делуваат една од следниве насоки на студии:
  • теориски основи на информатиката,
  • теориски основи на кибернетиката,
  • алгебарски основи на информатиката и кибернетиката,
  • програмско инженерство,
  • вештачки интелигентни системи,
  • системско програмирање,
  • операциони истражувања,
  • математичко моделирање,
  • применета математика,
  • веројатност и статистика,
  • нумеричка анализа.
Постепено, со воведувањето нови информатички курсеви од областите:
  • паралелно процесирање,
  • криптографија,
  • формални методи,
  • мобилни технологии,
  • процесни алгебри,
  • теорија на кодирањето,
  • ламбда сметање,
постдипломските студии прераснаа во магистерски студии за стекнување звање магистер по информатика:
  • насока теориски основи на информатиката (ТОИ),
  • насока програмско инженерство (ПИ),
Се предвидува новата програмата за постдипломски студии на ИИ да промовира индивидуални истражувања, како на магистерско така и на докторско ниво на насоките:
  • теориски основи на информатиката,
  • операциони истражувања,
  • информациони системи и дизајни­рање бази податоци,
  • софтверско инже­нерство,
  • вештачка интелигенција,
  • системско програмирање,
  • интерфејс човек-машина,
  • компјутерски комуникациони мрежи.
За секој кандидат примен на студиите на ИИ се назначува ментор, кој го води студентот во текот на студиите менторот и кандидатот предлагаат програма од 3 до 4 изборни предмети, која треба да биде прифатена од Колегиумот на постдипломските студии. Третиот и четвртиот семестар се предвидени за истражување и изработка на избраната тема за магистерски труд.
Во тек е ново усогласување на програмата на магистерските студии со ESTC. Притоа, насоката софтверско инженерство е поддржана со TEMPUS проектот CD-JEP-18035-2003: Joint M.Sc. Currilicum in Software Engineering (координатор д-р Катерина Здравкова). Програмата на магистерските студии претставува комбинација од работа на курсеви и работа на истражувања.
Студентот на докторска програма треба да демонстрира способност за квалитетна работа со широки позна­вања од неколку области на информатиката. Докторандот ги завршува студиите со одбрана на дисертација, во која се видливи оригинални научни резултати.
На досегашните постдипломски студии при ИИ се одбранети 26 магистерски трудови и 17 докторски дисертации, и тоа најчесто од области кои во Македонија се развиваат за првпат, и тоа само на ИИ. За магистрандите и за докторандите на ИИ обично се организираат интерни научни семинари, на кои се излагаат и дискутираат резултатите од истражувањата.
Повеќе членови на ИИ стекнале научни звања на странски универзи­тети. Од постоењето на ИИ следниве членови докторираа во странство: во 1987 година Оливер Попов стекнал звање доктор од областа на компјутерските науки на Универзитетот Мисури-Рола, САД. На Универзитетот во Љубљана, Словенија ,докторати одбраниле Мар­ги­та Кон-Поповска (1992), Марјан Гушев (1992) и Ванчо Кусакатов (1993).