75 години од основањето на Факултетот

Свечено одбележување на 75-годишнината од основањето на Факултетот и Денот на Природно-математички факултет – Скопје

На 16 декември 2021 година со почеток во 11 часот, Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прославува 75 години од своето постоење и го прославува Денот на Природно-математичкиот факултет. ПРОГРАМАТА на настанот може да се проследи преку видеоконференциска врска на платформата ZOOM.

ВИДЕОКОНФЕРЕНЦИСКА ВРСКА

Meeting ID: 826 1785 7504
Passcode: 1612

*Ве молиме да се приклучите најмалку 10 минути пред почетокот на настанот!


Известување до дипломираните студенти

Почитувани, Ве молиме, на 16.12.2021 година од 08.30 до 12.30 часот, да дојдете во просторијата на  Одделението за студентски прашања, за да се потпишете во Главната книга на дипломирани студенти на прв циклус студии, со што ќе добиете право да ги подигнете дипломите на соодветните институти.

Список на дипломирани студенти од прв циклус студии на Природно-математички факултет


Известување до магистрите

Почитувани, Ве молиме, на 16.12.2021 година од 08.30 до 10.30 часот, да дојдете во просторијата бр. 96/97 (спроти Одделението за студентски прашања), за да се потпишете во Главната книга на дипломирани студенти на втор циклус студии, со што ќе добиете право да ги подигнете дипломите. Ви напоменуваме, да пристигнете најдоцна до 10.30 часот, за да се припремите и да ги облечете свечeните одори.

Список на дипломирани студенти од втор циклус студии на Природно-математички факултет