Стартап компании на ПМФ

Што е стартап?

Стартап е компанија која е во првата и основна фаза од своето работење. Овие компании, на почетокот често се финансираат од своите претприемачки настроени основачи кои се трудат да стекнат капитал со производите или услугите кои ги развиле, и за кои веруваат дека постои побарувачка на пазарот. Стартапите, во основа, инвестираат време и пари во истражување. Со оглед на тоа што една од главните цели на Природно - математичкиот факултет при УКИМ од Скопје е истражувањето, ННС на ПМФ одлучи да ја поддржи научно - истражувачката работа и креативноста на научните кадри и да им овозможи услови за развој на нивните идеи преку отпочнување на мали бизниси.

Стартап компании со кои ПМФ има потпишан договор за соработка