Информации / Соопштенија прв циклус

Печати во индекс / Запишување летен семестар до 04.03.2025

  1.  Известување за добивање печати во индекс за студентите од ПРВ циклус (5-7 март 2025).  Повеќе

  2.  Известување - Потсетување околу роковите за запишување летен семестар до 04.03.2025 г. за студентите на ПРВ циклус студии. Повеќе

Соопштение за Мартовска (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година за студентите од ПРВ циклус - ОДЛУКА за измена на Календарот на активности за зимски и летен семестар во учебната 2024/2025

Соопштение  за Мартовска (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година

Се известуваат студентите на Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје дека, Мартовската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 г., е дополнителна сесија која се спроведува согласно Одлуката за измена на Календарот на активности за зимски и летен семестар во учебната  2024/2025 година за прв циклус студии на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Природно-математички факултет – Скопје (на крајот од соопштението).

Мартовската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива во периодот од 20.03.2025 г. до 27.03.2025 г. 
Кон целосното соопштение Повеќе

Известување - Рокови за запишување на летен семестар од 24.02.2025 до 04.03.2025

Почитувани студенти на прв циклус студии,

Студентите кои не го запишале летниот семестар во учебната 2024/2025 година во предвидениот рок,
ќе можат да го запишат семестарот во период  од 24.02.2025 до 04.03.2025  Кон известувањето

Известување за договор за термин за дополнителни предавања по предметот Спорт и здравје

Се известуваат студентитите од Природно-математичкиот факултет-Скопје,
кои имаат добиено условен потпис или немаат добиено реализација на предметот Спорт и здравје,
да дојдат на ФФОСЗ во долунаведените термини за да се договориме за термин за одржување за наставата.

Термини:

Понеделник:    11.00 часот 24.02.2025 г.

Среда:              09:00 и 10:30 часот 26.02.2025 г.

Студентите кои имаат добиено потпис и го имаат положено предметот, нека не го земаат во предвид ова известување. 

20.02.2025 г.     Од одговорниот професор, проф. д-р Ристо Стаменов

Известување за продолжен рок прв циклус до 21.02.2025

Почитувани студенти на прв циклус студии,

Ве известуваме дека редовниот рок  кој истекува денес на 18.02.2024 година, се продолжува до 21.02.2025 година (петок). Повеќе

Известување зa дополнителни термини за консултации (условен потпис) по предметот Спорт и здравје 03.02.2025

Известување за студентите од прва година кои добиле „условен потпис“, за дополнителни термини за консултации по предметот Спорт и здравје

Почитувани студенти,

          Ги  информирам  студентите,  кои добиле „условен потпис“ во iknow системот,
дека треба да дојдат на консултации кои ќе се одржуваат секој понеделник и среда од 9.00-11.00 часот на ФФОСЗ
(студентот може да одбере еден од понудените термини).

Напоменувам, дека ова известување се однесува само за  студентите кои неуспеале во редовниот термин да се стекнат со право за потпис и реализација на предметот.
Дополнителната настава и останатите обврски ќе може да ги исполнат во периодот од летниот семестар за што ќе бидат благовремено известени.

Во договорот со продеканот за наставни и студентски прашања, проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ и раководителот на Одделението за студентски прашања,
зимскиот семестар ќе ви биде непречено заверен, но за да се полага испитот ќе треба да се посетува дополнителната настава, како што е наведено погоре.

Консултациите ќе се одржуваат на  Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,
на Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематичните факултети.

проф. д-р Ристо Стаменов

Известување за дополнителен термин за консултации и давање потписи по предметот Спорт и здравје

Почитувани студенти,

ве информирам дека на ден 29.01.2025 година (среда) имате можност да дојдете на консултации и да се стекнете со право на потпис и реализирана настава по предметот спорт и здравје (за сите оние кои имаат доволен број на присуства).
Сите студенти кои не го исполнуваат минимумот ќе може да го презапишат во некој следен семестар.

Консултациите ќе се одржуваат на  Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,
на Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематичните факултети.

проф. д-р Ристо Стаменов

Заверка на зимскиот и упис на летниот семестар во учебната 2024/2025

Соопштение за заверка на зимскиот и упис на летниот семестар во учебната 2024/2025 година

ВАЖНИ НАПОМЕНИ кон соопштението за заверка на зимскиот и упис на летниот семестар во учебната 2024/2025 година

Потребни информации за надоместоците

Одлуки:

*  Одлука за делумно ослободување од партиципација/школарина на особено успешен студент со просек 9,50-10,00

*  Одлука за запишување 36-40 кредити

*  Одлука за утврдување на условите и постапката за стекнување со статус на особено успешен студент и условите за напредување на студентот

*  Одлука за 50% ослободување од партиципација/школарина на студенти кои се стекнале со меѓународно признати дипломи/награди од одредени спортски дисциплини

*  Одлука за изменување и дополнување на Одлуката бр.02-190/3 од 05.02.2016 г. за студентите кои оствариле прво место на државни натпревари организирани од здруженија и друштва во рамки на сите институти на Природно-математичкиот факултет во Скопје (измените важат од уч.2022/2023 г.)

*  Мартовска испитна сесија - Одлука за измена на Календарот на активности за зимски и летен семестар во учебната 2024/25 г. прв циклус студии Повеќе

Одлука за  определување на роковите за запишување на летниот семестар во учебната 2024/2025 година

Систематски преглед на студентите од ПРВА година (27.01-31.01.2025)

Соопштение за задолжителен систематски преглед за студентите од ПРВА ГОДИНА Повеќе

Известување за термини за консултации и давање потписи по предметот Спорт и здравје

Почитувани студенти,

Ве известувам дека термините за консултации и давање потписи (за реализирани обврски) по предметот Спорт и здравје, 
слушан во зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година е даден во следнава табела:

Понеделник

Вторник

Час

13.01.2025

 14.01.2025

14:00

20.01.2025

 21.01.2025

14:00

 

 

 

 

 

Консултациите ќе се одржуваат на  Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,
на Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематичните факултети.

Од одговорниот професор, проф. д-р Ристо Стаменов

Одлуки

Одлука за измена на Календарот на активности за зимски и летен семестар во учебната 2024/2025 година за прв циклус студии Повеќе

Одлука за  определување на роковите за запишување на летниот семестар во учебната 2024/2025 година Повеќе

Термини за првата испитна сесијa 2024/25 од надворешните професори

Термини за првата испитна сесија во учебната 2024/2025 година од надворешните професори Повеќе

Јануарска (прва) испитна сесија во учебната 2024/2025 ПРВ циклус студии

СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ  НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ПРИРОДНО-МАТЕ­МА­­­ТИЧ­КИ­­ОТ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ,
ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД: 

15 јануари 2025 до 11 февруари  2025 (две декади)  Детално

Анкета на студентите за квалитетот на наставниот и соработничкиот кадар за студентите од ПРВ од ВТОР циклус студии (9-30.12.2024)

Известување за Анкетата на студентите за квалитетот на наставниот и соработничкиот кадар за студентите од ПРВ од ВТОР циклус студии

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Анкетата на студентите за квалитетот на наставниот и соработничкиот кадар  ќе се спроведе во период од 09.12.2024 - 30.12.2024 година,
за секој предмет запишан во  зимскиот  семестар во учебната 2024/2025 година. 

Целосно известување и упатство за пополнување анонимни студентски анкети Повеќе

Конечна ранг-листа за половина износ уписнина за студентите чие родителско право го врши само еден родител – 2024/2025

- Конечна ранг-листа на студенти пријавени на Интерен оглас за остварување на правото за плаќање половина од износот на уписнина
за прв циклус студии, за студентите чие родителско право го врши само еден родител – 2024/2025 Повеќе

Одговор на приговор на ранг листи за половина износ уписнина за студенти чие родителнско право го врши само еден родител - 2024-2025

Одговор на приговор на ранг листи за половина износ уписнина
за студенти чие родителнско право го врши само еден родител - 2024-2025 Повеќе

Ранг-листи за половина износ уписнина за студентите чие родителско право го врши само еден родител – 2024/2025

 - Ранг-листи на студенти пријавени на Интерен оглас за остварување на правото за плаќање половина од износот на уписнина за прв циклус студии
за студентите чие родителско право го врши само еден родител – 2024/2025 Повеќе

 - Образец Приговор на прелиминарна листа Повеќе

 - Кандидатите имаат право на приговор по објавените ранг-листи најдоцна до 28.10.2024 година
на следната е-маил адреса: pmf@pmf.ukim.mk 
Комисијата одговара на приговорите во рок од 5 работни дена

Почитувани студенти на прв циклус студии,

Ве известуваме дека во периодот од 29.10.2024 до 01.11.2024 година  во Одделението за студентски прашања треба  доставите:

1.

Индекс - за да се запише и потврди со печати уписот на зимскиот семестар во уч.2024/2025 година

Напомена: 4 –те колони на страницата во семестарот да бидат уредно пополнети: Предмет, статус на предмет (з/и), број на часови, запишување на предмет (прв/втор пат итн.)

 

2.

Пополнет Статистички прашалник ВОИ.20 за академската 2024/2025 година

 

Ова известување не се однесува  за студентите од прва година
и за студенти кои веќе доставиле индекс и Статистички прашалник ВОИ. 20.

 

29.10.2024 г.                                                                 Одделение за студентски прашања,

Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител

- Известување: Ранг листите ќе бидат објавени на 24.10.2024 година

Почитувани студенти,

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 293. седница одржана на 20.9.2024 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2024 година  Повеќе

Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител,
кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година. Повеќе

Заинтересираните студенти за учество на Интерниот оглас до Комисијата за спроведување на постапката за селекција на кандидатите за остварување на правото за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година на Природно-математичкиот факултет-Скопје доставуваат:

–        Пријава за учество на Интерниот оглас; Повеќе
–        Изјава за број на членови на семејството Повеќе
–        Придружна документација согласно Огласот соодветна за категоријата;

Потребната документација, согласно интерниот оглас, се доставува на следнава email адреса: pmf@pmf.ukim.mk , најдоцна до 14.10.2024 год

НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година

Се известуваат студентите на Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје
дека Ноемвриската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 г.,  
ќе се одвива во периодот од 19.11.2024 г. до 25.11.2024 г.   Детално

Термини за полагање на предметите Психологија, Педагогија и Македонски јазик во третата испитна сесија 2023/2024

Термини за Педагогија, Психологија и Македонски јазик ТРЕТА испитна сесија 2023-2024 Повеќе

Соопштение за ТРЕТА (август/септември) испитна сесија во учебната 2023/2024

Соопштение за ТРЕТА (август/септември) испитна сесија во учебната 2023/2024

Соопштение за прв циклус студии за Априлската (дополнителна) сесија 2023/2024

Соопштение за  АПРИЛСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/24 г. за ПРВ циклус студии Повеќе

ечати во индекс запишување на летен семестар до 04.03.2025

  1. Известување за добивање на печати во индекс за студентите од ПРВ циклус (5-7 март 2025).  Повеќе

  2.  Известување - Потсетување околу роковите за запишување на летен семестар до 04.03.2025 г. за студентите на ПРВ циклус студии. Повеќе