Соопштенија од факултетот

27 јануари 2022 Калкулатор за пресметување уплати при упис на ПМФ

27 јануари 2022 КОНКУРС - втор циклус студии / втор уписен рок 2021/2022

КОНКУРС
за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми
на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во вториот уписен рок од академската 2021/2022 година

НАПОМЕНА:

  1. Кандидатите се пријавуваат електронски, од 07.02.2022 до 18.02.2022 до 14:00 часот, со:
  • задолжително регистрирање на www.upisi.ukim.mk и пополнување електронска пријава во iKnow-системот
  • задолжително испраќање на потребните документи на електронска адреса на ПМФ: ii-pmf@pmf.ukim.mk

2.   Во предмет (subject) на електронската порака, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

3.   Како текст на електронската порака да се напише: − име и презиме; − студиска
програма на која конкурира кандидатот; − институт – организатор на студиската програма. 

4.  Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, во прилог на приjавата, треба да ги прикачи (во Attach File) скенирани потребните документи (во PDF-формат)

СЛОБОДНИ МЕСТА за запишување студенти на втор циклус студии во вториот уписен рок во учебната 2021/2022 година.

25 јануари 2022 ИНСТАГРАМ ПРЕДИЗВИК ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

По повод 17.2, Меѓународниот ден на антропологијата,
Институтот за ентологија и антропологија при ПМФ, УКИМ
ве повикува да учествувате во Инстаграм натпревар за најдобра фотографија на тема #НашитеСветови.

Повеќе

14 јануари 2022 Одбрана на магистерски труд

На 25.01.2022 година (вторник), со почеток во 15:00 часот на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет, кандидатот Димитар Угриновски јавно ќе го брани својот магистерски труд.

Повеќе

29 декември 2021 Избрани претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ - Скопје

Ве известуваме дека за академската 2021/2022 година беа избрани претседател и членови на ФСС на Природно-математички факултет- Скопје.

Повеќе

27 декември 2021 Соопштение за прва испитна сесија и календар на активности за уч.2021/2022

27 декември 2021 Прелиминарни листи - докторски студии (втор упиен рок) и Образец Приговор на прелиминарна листа

22 декември 2021 Избори за претседател и членови на ФСС на ПМФ за 2021-2022 година

Во тек е постапка за избор на претседател и членови на Факултетско студентско собрание на Природно-математички факултет - Скопје за периодот 2021-2022 година.

Повеќе

22 декември 2021 Видео од свеченото одбележување на 75 годишнината од основањето на Факултетот и денот на Природно-математички факултет - Скопје

Овде можете да ја проследите снимката од свеченото одбележување на 75 годишнината од основањето на Факултетот и денот на Природно-математички факултет - Скопје.

ВИДЕО

10 декември 2021 Свечено одбележување на 75-годишнината од основањето на Факултетот и Денот на Природно-математички факултет – Скопје

На 16 декември 2021 година со почеток во 11 часот, Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прославува 75 години од своето постоење и го прославува Денот на Природно-математичкиот факултет. ПРОГРАМАТА на настанот може да се проследи преку видеоконференциска врска на платформата ZOOM.

ВИДЕОКОНФЕРЕНЦИСКА ВРСКА

Meeting ID: 826 1785 7504
Passcode: 1612

*Ве молиме да се приклучите најмалку 10 минути пред почетокот на настанот!

Повеќе

09 декември 2021 Одбрана на магистерски труд

На 17.12.2021 година (петок), со печеток во 11 часот, на Институтот за биологија Душица Заова јавно ќе го брани својот магистерски труд со наслов: „РЕАКЦИИ НА CYCLOTELLA CAVITATA (MEDIOPHYCEAE, BACILLARIOPHYTA) КОН ПАЛЕОЕКОЛОШКИТЕ ПРОМЕНИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ВО ТЕКОТ НА MIS 30-20 (1050-815 KA)“

09 декември 2021 Упатство за дипломска работа

Природно-математичкиот факултет донесе Упатство за пријавување, оцена и одбрана на дипломска работа за прв циклус (додипломски) студии.

Повеќе

02 декември 2021 КОНКУРС трет циклус – докторски студии

КОНКУРС за запишување на студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во вториот уписен рок од академската 2021/2022 година

НАПОМЕНА:

  1. Кандидатите се пријавуваат електронски, од 15.12.2021 до 22.12.2021 до 14:00 часот,
    со испраќање на електронска порака (e-mail) истовремено на две електронски адреси:

2.   Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат својот код кој го генеираат сами на следниов начин:
PMF + првите 7 бројки од единствениот матичен број на кандидатот

3.  Како текст на електронската порака да се напише:
− име и презиме; − студиска програма на која конкурира кандидатот; − факултет/институт – организатор на студиската програма.

4.  Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, во прилог на приjавата, на двете електронски адреси,
треба да ги прикачи (во Attach File) скенирани потребните документи (во PDF-формат)

26 ноември 2021 ОДЛУКА

23 ноември 2021 Отворен ден на УКИМ

На само еден клик до откривање на сите тајни на природата: Природно - математички факултет

Повеќе

09 ноември 2021 Термин за полагање на Педагогија во ноемвриска испитна сесија за 2021/2022

Се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Педагогија, кај проф. д-р Борче Костов, во  ноемвриската  испитна сесија ќе се одржи на 01.12.2021, од  11 до 12 часот преку MS Teams. Студентите кои сакаат да полагаат, пред испитот, да му пишат на проф Борче Костов, за да може да им испрати покана за полагање. Електронската адреса на професорот е: borcekostov@yahoo.com

09 ноември 2021 Термин за полагање на Англиски јазик во ноемвриска испитна сесија за 2021/2022

Се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Англиски јазик, во ноемвриската испитна сесија ќе се одржи на 15.11. 2021 (понеделник) во 18.00 ч. Истиот ќе се спроведува онлајн, преку платформата Zoom. Предметната професорка, Солзица Поповска, ги замолува студентите што ќе го полагаат предметот, задолжително да  се најават, на следнава електронска адреса: solzica_popovska@yahoo.com

08 ноември 2021 Термин за полагање на Руски јазик во ноемвриска испитна сесија за 2021/2022

Се известуваат студентите од Природно - матема­тичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Руски јазик, кај проф. д-р Ирен Алчевска, во ноемвриската испитна сесија е 30 ноември 2021 година, во 13 часот. Испитот ќе се спроведува  онлајн. Пријавување на: iren_alcevska@mail.ru

08 ноември 2021 Термин за полагање на Психологија во ноемвриска испитна сесија за 2021/2022

Се известуваат студентите од Природно - матема­тичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на предметот Психологија, кај проф. д-р Калина Сотироска - Иваноска, во ноемвриската испитна сесија е на 23 ноември 2021 година во 14:00 часот. Испитот ќе се спроведува  онлајн, на MS Teams. kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk

06 ноември 2021 Одбрана на магистерска работа

Ве известуваме дека Кристина Ѓорѓевиќ јавно ќе го брани својот магистерски труд со наслов: „Синтеза и структурно - вибразиона анализа кај АPbI3-перовскити

Страна 12 од 13, прикажува 20 од вкупно 255 записи ( 221, / 240 )

| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |