Соопштенија од факултетот

11 јануари 2024 Конкурс за доделување стипендии (ВТОР и ТРЕТ циклус) за академската 2023/2024 година

.

29 декември 2023 Информатика и информатички технологии

.

ОДЛУКА за продолжување на рокот за завршување на студиите
на студентите запишани на студиските програми по
информатика и информатички технологии  Повеќе

28 декември 2023 Прелиминарнa листa - ТРЕТ циклус / докторски студии (втор уписен рок) 2023/2024

.

1. Прелиминарнa листa - ТРЕТ циклус / докторски студии (втор уписен рок) 2023/2024 Повеќе
2. Образец Приговор на прелиминарна листа на примени кандидати на докторски студии Повеќе

 - Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа. 

 - Приговорот се поднесува до Советот на студиската програма на следната меил адреса: 
    iii-pmf@ukim.edu.mk

 - Во предмет (Subject) на електронската порака, кандидатот наведува код генериран на следниов начин:
   PMF + првите 7 бројки од единствениот матичен број на кандидатот.  

 - Советот донесува конечна одлуката во рок од 36 часа на 12.01.2024 г., најдоцна до 12:00 ч

27 декември 2023 Термини за прва испитна сесија 2023/2024 надворешни професори

.

Термини за првата испитна сесија во учебната 2023/2024 година од надворешни професори
Повеќе

26 декември 2023 Повик за Регионална програма за мобилност на младинско лидерство

.

Почитувани студенти,

Регионалната програма за студенти/млади истражувачи која ја спроведува Младинскиот образовен форум 
е одлична можност за ваш професионален и академски развој.
Целта на програмата е да ги научи студентите како да истражуваат и истата има интеркултурен елемент.
За програмата е предвидена стипендија за учесниците. Крајниот рок за аплицирање е 29.12.2023 година.

Подетални информации за програмата и повикот се на следниот линк:

Повик за Регионална програма за мобилност на младинско лидерство

22 декември 2023 Промовирани нови дипломци и магистри

.

На Природно – математичкиот факултет во Скопје, беа промовирани новите дипломци и магистри,
а на поранешни вработени им беа доделени плакети за исклучителен придонес во работата на факултетот.
ПМФ е исклучително важен елемент во мрежата на високообразовни и научни установи во државата.

ПМФ е исклучително важен 

22 декември 2023 Студентско осигурување на студентите од прв циклус студии

.

Почитувани студенти,

            Ве известуваме дека Природно-математичкиот факултет-Скопје редовно и во континуитет ги осигурува своите студенти.
            Во полисата е наведено осигурителното покритие.
    Следете го линкот кој води до деталите: Повеќе

20 декември 2023 Остварување финансиска поддршка на студенти

.

Јавен повик за остварување на финансиска поддршка на студенти
кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година
Кликнете на следниот линк за детални информации: Линк

15 декември 2023 Ден на Природно-математичкиот факултет - Скопје 16ти декември

Промоција 2023 - Свеченоста ќе се одржи на 
18.12.2023 година (понеделник) со почеток во 12.30 часот. 

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на свеченостите по повод одбележувањето на
Денот на Природно-математичкиот факултет - Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј ” во Скопје, 16-ти декември

Свеченоста ќе се одржи на
 18.12.2023 година (понеделник) со почеток во 12.30 часот. 

 

12 декември 2023 Соопштение за прва испитна сесија 2023/2024 ПРВ циклус студии

.

  • Соопштение за прва испитна сесија 2023/2024 ПРВ циклус студии Повеќе

01 декември 2023 Конкурс - трет циклус студии / втор уписен рок 2023/2024

.

*  КОНКУРС за запишување студенти на ТРЕТ циклус студии
на студиските програми
на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година Повеќе 

* УПАТСТВО  

Документите се поднесуваат со физичко присутство од 10.12.2023 до 22.12.2023г. во просторија број 9 (Деканат)
кај Јадранка Стојчевска, советник за деловно работење во стручната и административна служба на Природно - математички факултет. 

*  РОКОВИ за кандидатите кои се пријавуваат на ТРЕТ циклус / втор уписен рок 

Пријавување на кандидатите  

11.12.2023 - 22.12.2023 г 

Објавување прелиминарни листи

28.12.2023г. 

Одлучување по приговори  

12.01.2024г. 

Објавување конечни листи  

22.01.2024г.

Запишување на кандидатите  

23.01.2024 - 31.01.2024

 

29 ноември 2023 Особено успешен студент Одлука и Барање

.

  *  ОДЛУКА за утврдување на условите и постапката за стекнување со статус
на особено успешен студент и условите за напредување на студентот  Повеќе

  *  Барање за стекнување со статус на особено успешен студент  Повеќе

28 ноември 2023 Презентација на седум лаборатории финансирани од МОН

.

Во понеделник, 27.11.2023 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје,
на Институтот за хемија, Институтот за физика и Институтот за биологија,
беше организирана презентација на вкупно седум лаборатории финансирани од МОН
преку конкурсот за Научно-истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година (поддршка за развој на лабораториски ресурси).

На презентацијата учествуваа претставници од Министерството за образование и наука,
Сектор за наука и иновации, предводени од Раководителот, г-ѓа Елван Хасановиќ,
која го поздрави аудиториумот и меѓу другото укажа на квалитетната соработка помеѓу МОН и ПМФ во текот на одвивање на проектите.
На настанот се обрати и Деканот на ПМФ, проф. д-р Даворин Трпески,
кој укажа на значајноста на инвестициите во инструменти и опремување на лабораториите,
кои треба да претставуваат двигател за понатамошен развој на науката и економијата на државата.

Посетете ја нашата Facebook  страница за слики и повеќе детали од настанот  Линк

27 ноември 2023 Отворен ден на УКИМ

.

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје!
Изберете факултет кој ќе ви помогне да стекнете стручност и диплома за понатамошно градење на вашата кариера. 
Ве очекуваме на 1ви декември на ОТВОРЕНИОТ ДЕН на УКИМ, "
каде што ќе се запознаеме и ќе одговориме на сите ваши прашања околу студирањето!

Линк кон видео објава на Facebook

ОТВОРЕН ДЕН на Природно - математички факултет,
Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје
1 декември 2023 

Детали и термини за секој ИНСТИТУТ на следните линкови:

ОТВОРЕН ДЕН НА ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА  
   * Институт за хемија на Facebook 
ОТВОРЕН ДЕН НА ИНСТИТУТОТ  ЗА ФИЗИКА
ОТВОРЕН ДЕН НА ИНСТИТУТОТ ЗА БИОЛОГИЈА
   * Институт за биологија на Facebook 
ОТВОРЕН ДЕН НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА
 
* Институт за етнологија и антропологија на Facebok
ОТВОРЕН ДЕН НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА
   * Институт за географија на Facebook
ОТВОРЕН ДЕН НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАТЕМАТИКА
 
  * Институт за математика на Facebook

20 ноември 2023 Презентација на шест лаборатории

.

На 17.11.2023 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје,
на Институтот за хемија беше организирана презентација на шест лаборатории
кои имаа добиено финансиски средства преку конкурсот за Научно-истражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година
(поддршка за развој на лабораториски ресурси), финансирани од МОН.

На презентацијата учествуваа претставници од Министерството за образование и наука,
Сектор за наука и иновации, предводени од Раководителот, г-ѓа Елван Хасановиќ.
Од страна на Природно-математичкиот факултет учествуваа раководители на проектите, како и други заинтересирани колеги.

Посетете ја нашата Facebook страница за детални информации и слики од презентацијата Повеќе

13 ноември 2023 Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја додели Наградата за најдобри научници и уметник

.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја додели Наградата за најдобри научници и уметник
на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои покажаа врвни резултати во научноистражувачката,
односно уметничката дејност, за 2022 година

На Светскиот ден на науката за мир и развој, 10 ноември, и оваа година Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
ја додели Наградата за најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
кои покажаа врвни резултати во научноистражувачката, односно уметничката дејност, за 2022 година

Посетете ја нашата Facebook  страница за слики и детали од настанот  Повеќе

07 ноември 2023 Повторен оглас за избор на демонстратори за учебната 2023/2024 година

Линкови кон документите:

- Повторен Оглас демонстратори 2023/2024 година
- Образец Пријава по повторениот оглас за избор на демонстратори 2023

02 ноември 2023 Стекнување право на студентска стипендија Прв циклус ПРВ ПАТ

.

Известување за студентите од ПРВ циклус за постапката за конкурирање  ПО ПРВ ПАТ
за стекнување право на студентска стипендија за учебната 2023/2024 година. Повеќе

28 октомври 2023 Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/2024 година

.

Се известуваат студентите на Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје
дека ноемвриската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/2024 г.,  
ќе се одвива во периодот од 20.11.2023 г. до 24.11.2023 г.  Повеќе

26 октомври 2023 Конечни листи - докторски студии (трет циклус - прв уписен рок)

.

Конечна листа на примени кандидати на трет циклус студии во прв уписен рок, 2023/2024  Повеќе

Страна 10 од 18, прикажува 20 од вкупно 352 записи ( 181, / 200 )

| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |