Следете го линкот кој води кон деталите Повеќе
Драги наши студенти,
I. Доставувањето на потребните документи за упис на примените кандидати
ќе се врши во Горната (нова) зграда,
на 11.09.2024 и 12.09.2024 година, од 8:00-15:00 часот во просторијата 98/99
III. Сите информации околу потребните документи за упис се дадени на следниот линк
Конечна ранг-листа на примени студенти на прв циклус студии (прв уписен рок) за академска 2024/2025 Повеќе
Следете го линкот кој води кон деталите Повеќе
.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ за студентите кои ќе конкурираат на Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии
во државните и приватните студентски домови во студиската 2024/2025 година Повеќе
.
М-Р ПЕТАР ПЕТРОВ 12.07.2024 ГОДИНА (ПETOK) СО ПОЧЕТОК ВО 11:30 ЧАСОТ Повеќе
М-Р ПАВЕЛ ВЕЉАНОСКИ 15.07.2024 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ Повеќе
М-Р ВАСКО АЛЕКСОВСКИ 15.07.2024 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ Повеќе
М-Р РАМАДАН АЉИТИ 15.07.2024 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ Повеќе
.
На 12.06.2024 година, на Природно-математичкиот факултет – Скопје, се одржа работилница на тема „Можности за користење на програмите од Европската Унија“.
Работилницата се одржа во соработка со претставници од Министерството за образование и наука, со следните предавања:
- г-дин Александар Тутновски: „COST - Европска соработка во науката и технологијата“
- г-ѓа Олга Дуковска-Атов: „CEEPUS - Централноевропска програма за размена во областа на универзитетски студии“
- г-ѓа Mарина Николовска: „Horizont Europe - Хоризонт Европа“
- г-ѓа Станка Петковска: „Финансиски аспекти на Програмата Хоризонт Европа“
Исто така, проф. д-р Љупчо Пејов, од Институтот за Хемија, одржа предавање на тема: „Лични искуства со COST, CEEPUS, Horizon“
На настанот присуствуваше деканот на природно-математичкот факултет, проф. д-р Даворин Трпески,
а работилницата ја отвори продеканот за меѓународна соработка, наука и апликативни прашања, проф. д-р Владимир Ивановски.
На работилницата, покрај колегите и студентите од Природно-математичкиот факултет, присуствуваа и колеги од останатите единици на УКИМ,
како факултетот за земјоделски науки и храна, машинскиот факултет, економскиот факултет.
На претставниците од МОН им се заблагодаруваме за споделените информации и нивното присуство на ПМФ.
На присутните им се заблагодаруваме за нивниот интерес.
На техничкиот кадар на ПМФ и Институтот за хемија му се заблагодаруваме за помошта во реализацијата на работилницата.
Линк до објавата на facebook
.
Почитувани студенти,
Ве известуваме се активирани анонимните анкети за зимскиот и летниот семестар во учебната 2023/2024 г.
За успешно спроведување на процесот на анкетирање,
студентите од прв циклус треба задолжително да одговорат на прашањата од анкетите за запишаните предмети од двата семестри.
Анкетирањето, треба да го реализирате во период од 13.06.2024-25.06.2024 година. Повеќе
.
Почитувани колеги,
ми претставува чест и задоволство да Ве поканам на претстојната работилница која Природно-математичкиот факултет – Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ја организира во соработка со Министерството за образование и наука.
Темата на работилницата е: „Можности за користење на програмите од Европската Унија“ и ќе се одржи на 12.06.2024 година (среда),
со почетот во 12:00 часот, во амфитеатарот на Институтот за хемија (погледнете ја програмата во прилог за повеќе детали - Линк Програма/Покана).
Поканетите говорници од МОН се оние кои се одговорни за спроведување на овие програми во Македонија
и ќе зборуваат за новините и можностите кои програмите ги нудат.
Исто така, од наши колеги ќе бидат пренесени искуствата од овие програми.
На крајот од работилницата, ќе имате можност да поставите прашања и дискутирате на темата.
Ве очекуваме!
Заради поквалитетна организација на настанот, Ве замолуваме вашето присуство да го најавите до 10.06.2024 на e-mail: jadranka@pmf.ukim.mk
Проф. д-р Владимир Ивановски
Vice Dean
International Cooperation, Science and Application
.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека Природно математичкиот факултет – Скопје и списанието за наука и техника ЕМИТЕР
воспоставија соработка за унапредување на научно-техничката култура и едукација.
При тоа е обезбедена групна претплата на електронското издание на ЕМИТЕР во која,
покрај броевите од следната година, се вклучени и броевите од претходните 10 години (заклучно со 2014 г.).
Пристапот е овозможен преку интернет мрежите на ПМФ наменети за студентите Повеќе
.
Се известуваат редовните и вонредните студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје,
дека ВТОРАТА (летна) испитна сесија во уч. 2023/2024 година ќе се одвива во две декади во периодот од:
3 јуни 2024 – 5 јули 2024 (две декади) Повеќе
.
Драги матуранти, наши идни студенти!
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 12 април 2024 година, во периодот од 11:00 до 15.00 часот,
на кампусот на УКИМ на платото на факултетите за општествени науки!
Во рамки на овој настан, пред заинтересираните средношколци, на свој штанд ќе се претстават секој од факултетите и институтите во состав на УКИМ
кои ќе ја искористат можноста да ги презентираат своите студиски програми, активностите на студентите и своите центри за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми,
можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти,
дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Прошетајте и разгледајте ги штандовите на секој од факултетите и инситутите во состав на УКИМ и дознајте повеќе за можностите кои ви се нудат.
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
Се гледаме на 12-ти април.
Ви ги претставуваме компаниите што ќе бидат дел од Кариерниот ден на 12 април! Линк кон Facebook
,
- Соопштение за АПРИЛСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/24 г. за ПРВ циклус студии Повеќе
- Соопштение за АПРИЛСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2023/24 г. за ВТОР циклус студии Повеќе
.
.
Почитувани,
Оваа година, Приматијадата ќе се одржи во Требиње, Босна и Херцеговина (Grad Sunca),
во период од 28.04-02.05
Рокот за испраќање на апстрактот за научните трудови е до 01.04.2024 г.,
а целосниот научен труд треба да биде испратен до 10.04.2024 г.
Пријавувањето е ОТВОРЕНО и заинтересираните студенти може да се пријават на следната Google форма: Линк
Дополнително, на следниот линк може да ги најдете и правилата за натпреварување: Линк
.
1. Одлука за утврдени кандидати за претседател и членови на Факултетското студентско собрание
на Природно-математичкиот факултет - Скопје
2. Упатството за спроведување на изборите за Факултетско студентско собрание
на Природно-математички факултет – Скопје
.
статистички прашалник – образец ВОИ.80А
истиот ќе го добиете на вашите електронски адреси, може да го подигнете во Одделението за студентски прашања, или да го преземете тука
.
1. Ранг-листа за втор циклус студии во втор уписен рок за 2023/2024 година Повеќе
2. Образец Приговор Повеќе
- Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 24 часа.
- Приговорот се доставува во електронска форма на следната електронска адреса:
ii-pmf@pmf.ukim.mk најдоцна до 14:00 ч., на 20.02.2024 г.
- Во предмет (Subject) на електронската пошта,
кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување и зборот „приговор“.
Страна 6 од 15, прикажува 20 од вкупно 300 записи ( 101, / 120 )