Почитувани бруцоши,
На ден 01.10.2025 година (СРЕДА) ќе се одржи првиот академски час во учебната 2025/2026 година,
во амфитеатарот „проф. д-р Ордан Печијаре"- (приземје во горната зграда на Факултетот).
Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска учебна година.
Настанот ќе се одвива во два дела:
- Свечeност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
10:00 Плато на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (покана)
- Свечeност на Природно-математички факултет – Скопје
13:00 часот,
- обраќање на проф. д-р Даворин Трпески, декан на Факултетот,
- обраќање на Адам Стојановски, претседателот на Факултетското студентското собрание на Факултетот, и
- обраќање на Борче Исакоски, заменик - студентски правобранител на Факултетот.
13:30 часот,
врачување индекси на соодветните институти (распоред)
- Јавна одбрана на магистерски труд - КИРИЛ ПАКОВСКИ Повеќе
- Јавна одбрана на магистерски труд - АНТОНЕТА АНТОВА Повеќе
- Јавна одбрана на докторска дисертација - ВЛАДИМИР ТОДОРОВСКИ Повеќе
- Конечна ранг-листа на примени студенти на прв циклус студии (прв уписен рок) за академска 2025/2026
- Соопштение за потребни документи за запишување на примените кандидати во првиот уписен рок за прв циклус студии
на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Природно - математички факултет - Скопје, во учебната 2025/2026 година
Повеќе
Почитувани,
на 03.09.2025 година (среда), Проф. д-р Драгица Василеска од
School of Electrical, Computer and Energy Engineering, Ira A. Fulton School of Engineering, Arizona State University, Tempe, AZ, USA, ќе одржи предавање со наслов:
Computational Electronics and Nanoelectronics Device Modelling
Предавањето ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет – Скопје,
во големиот физички амфитеатар, со почеток во 12:00 часот
(повеќе за предавањето и биографијата на проф. д-р Драгица Василеска може да погледнете на следниот линк).
Линк
Посетата на проф. д-р Драгица Василевска на Природно-математичкиот факултет е во рамките на активностите на УКИМ и International Organization for Migration (IOM),
со цел споделување на искуства на наши професори кои работат на странски универзитети.
Идејата е да се пренесат искуства поврзани со науката и образованието.
После предавањето ќе следува дискусија со проф. д-р Драгица Василеска за можностите за соработка.
Ве каниме на ова интересно предавање!!!
Следете го линкот за детални информации: Линк
15.07.2025 ВАЖНИ НАПОМЕНИ за студентите кои ќе конкурираат на Конкурсот за прием на студенти
запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026
Детално
Почитувани студенти,
Погледнете ја можноста за аплицирање за практикантство во Германија преку GIZ.
Повеќе
Јавна одбрана на докторска дисертација - Маја Доновски Лукаревска Повеќе
Почитувани студенти,
На 02.07.2025 година (среда) во 12:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија проф. д-р Сашо Глигоровски од State Key Laboratory of Organic Geochemistry, Guangzhou Institute of Geochemistry, Chinese Academy of Sciences, Кина, ќе одржи предаавање на тема: The Chemical Dance of Air Pollution Shaping Our Climate and Home. Предавањето е од интердисциплинарен карактер и ги засега сите дисциплини од природните науки, а пред се е наменето за студентите од трите циклуси на студии. Предавањето е во рамките на активностите на УКИМ и International Organization for Migration (IOM), со цел споделување на искуства на наши професори кои работат на странски универзитети. Идејата е да се пренесат искуства поврзани со науката и образованието. По предавањето, студентите ќе може да продискутираат со професорот на теми кои се од взаемен интерес. Повелете!
Почитувани колеги,
На 04.07.2025 година (петок) во 12:30 часот, во амфитеатарот на Институтот за хемија проф. д-р Сашо Глигоровски од State Key Laboratory of Organic Geochemistry, Guangzhou Institute of Geochemistry, Chinese Academy of Sciences, Кина, ќе одржи предавање на тема: Atmospheric Chemistry and Physics: State of the Art and Future Collaboration Предавањето е од интердисциплинатен карактер и ги засега сите дисциплини од природните науки. Предавањето е во рамките на активностите на УКИМ и International Organization for Migration (IOM), со цел споделување на искуства на наши професори кои работат на странски универзитети. Идејата е да се пренесат искуства поврзани со науката и образованието. После предавањето ќе има време за дискусија, како и за можности за идна соработка. Повелете!
За студентите од Институтот за математика и Институтот за хемија
- надворешни професори -АНГЛИСКИ ЈАЗИК Проф. Солзица Поповска
solzica_popovska@yahoo.com
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека е активирана анкетата „Перцепција на студентите за општите услови за студирање “ за студенти,
која и треба да се одговори во периодот од 27-ми мај до 10-ти јуни 2025 година.
Кратко упатство:
Прво се најавувате на iknow, па во ново јазиче (tab) ја отворате страницата за анкети.
линк - anketi.ukim.mk
Горе лево кликате на трите хоризонтални линии, па од паѓачкото мени се одбираат анкетите и се пополнува соодветната анкета според профилот.
Ви благодариме за соработката.
Термини за полагање на предметот ПСИХОЛОГИЈА во втората испитна сесија во учебната 2024/2025 година
Проф. д-р Калина Сотироска - Филозофски факултет kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk
I декада 9.06.2025 г. во 11:00 ч.во електронска училница при Филозофскиот факултет
II декада 19.06.2025 во 10:00 ч.во електронска училница при Филозофскиот факултет 23.05.2025 г.
За студентите од Институтот за географија
Термини за полагање на предметот АНГЛИСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3 и 4 во втората испитна сесија во учебната 2024/2025 година,
Проф. д-р Анастазија Киркова-Наскова, м-р Ѓорѓи Ристески goceris@gmail.com
5.06.2025 (четврток) во 14:00 часот
26.06.2025 (четврток) во 14:00 часот
Термини за полагање на предметот ПЕДАГОГИЈА во втората испитна сесија во учебната 2024/2025 година
Проф. д-р Борче Костов - Филозофски факултет borcekostov@yahoo.com
2 јуни (понеделник) 2025 г. во 10 часот во предавална број 10, на Филозофски факултет
17 јуни (вторник) 2025 г. во 10 часот во предавална број 10, на Филозофски факултет
Потсетување околу роковите за заверување на летен семестар (анкета, добивање потписи)
и роковите за пријавување на испити во втората испитна сесија во учебната 2024/2025 година за студентите на ПРВ циклус студии Повеќе
Страна 2 од 16, прикажува 20 од вкупно 303 записи ( 21, / 40 )