Почитувани студенти,
Ве известуваме дека „Анкетата за општите услови за студирање“ ќе се спроведува во период од 27 мај – 10 јуни 2026 година,
согласно Одлуката за утврдување на роковите за спроведување на анкети за 2025/2026 година донесена
од Советот за квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје (бр.31-1121/3 од 26.09.2025 г.).
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека рокот за пополнување на анкетата
„Перцепција на студентите за квалитетот на наставата“
за зимскиот семестар 2025/26 година е продолжен до 23.4.2026 година, 23:59 часот.
Сите студенти кои досега не ја пополнале анкетата, треба да ја завршат анкетата.
Со почит,
Комисија за самоевалуација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Почитувани иноватори и претприемачи,
Регистрациите се отворени за EIT Jumpstarter 2026 Application Info Session!
14 април 2026
12:00 (CEST)
Онлајн
Доколку имате иновативна, научно заснована идеја и сакате да ја развиете во успешен стартап,
оваа сесија е идеална можност да дознаете како EIT Jumpstarter 2026 може да ви помогне да напредувате.
Почитувани,
Ве известуваме дека во текот на месеците јуни, јули и август 2026 година,
во Народната банка на Република Северна Македонија ќе се спроведува практична работа за студентите кои ја вршат практичната работа во рамките на образовната програма на високообразовните институции, и се тековно запишани на прв циклус на студии или на постдипломски студии на високообразовните институции, од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка. Практичната работа ќе се спроведува согласно капацитетот и потребите на организациските единици во Народната банка.
Огласот за вршење практична работа е објавен на веб страницата на Народната банка на следната патека: Линк
Изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание ќе се одржат на 12.03.2026 година (четврток),
во Големиот физички амфитеатар „Ордан Печијаре“ (горна зграда), во периодот од 10:00 до 14:00 часот.
Секој студент кој сака да гласа се идентификува, пред избирачкиот одбор, со индекс.
Студентите кои немаат индекс за идентификација не можат да гласаат.
Од Изборната комисија
Страна 1 од 17, прикажува 20 од вкупно 326 записи ( 1, / 20 )