Bridge to Balkans (B2B) Startup Acceleration Program > Детално
Почитувани студенти,
Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 315. седница одржана на 17.9.2026 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родители ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2026 година Повеќе
Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година. Повеќе
Заинтересираните студенти за учество на Интерниот оглас до Комисијата за спроведување на постапката за селекција на кандидатите за остварување на правото за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година на Природно-математичкиот факултет-Скопје доставуваат:
– Пријава за учество на Интерниот оглас; Повеќе
– Изјава за број на членови на семејството Повеќе
– Придружна документација согласно Огласот соодветна за категоријата;
Потребната документација, согласно интерниот оглас, се доставува на следнава email адреса: pmf@pmf.ukim.mk , најдоцна до 14.10.2026 год.
Почитувани бруцоши,
На ден 01.10.2026 година (четврток) ќе се одржи првиот академски час во учебната 2026/2027 година.
Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска година.
Преземете го .pdf документот со комплетниот распоред и детали на следниот линк
Природно-математичкиот факултет – Скопје, преку Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,е дел од настанот „Европска ноќ на истражувачите“, кој како проект од Марија Склодовска-Кири акцијата, е доделен на УКИМ.
https://marie-sklodowska-curie-actions.ec.europa.eu/european-researchers-night
На 25.09. 2026 година (петок), на Природно-математичкиот факултет ќе се одвиваат повеќе настани,
и подетално за истите може да прочитате на: https://choose-science.eu/mk/ern-2026-2/
На настанот ќе очествуваат скоро сите институти од ПМФ и ова е можност јавноста да ја приближиме до науката и до нас.
Придружете се и вие на „Европската ноќ на истражувачите“ со ваша регистрација и присуство на некој од понудените настани.
Следете го линкот Информации / Соопштенија ПРВ циклус 2026/27
2. Начин на промена на профил од основно ниво во ниско ниво ВОИ. 20
Државниот завод за статистика, објави известување во врска со ВОИ. 20 образецот
и како да го промените нивото на вашиот профил во “ниско” доколку тоа веќе не е така.
Во прилог ви го проследуваме нивното известување:
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ доделува стипендии за редовни студенти запишани на прв циклус на студии
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2026-2027 година.
Објавен е Отворен повик за доделување на стипендии на официјалната веб-страница на УКИМ.
Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прв циклус студии на сите факултети при
ОТВОРЕНИОТ ПОВИК за доделување стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“
за редовни студенти запишани на прв циклус на студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2026-2027 година,
кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование,
имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој,
но немаат доволно материјални средства за продолжување на сопственото образование.
Страна 1 од 18, прикажува 20 од вкупно 352 записи ( 1, / 20 )